Не си го знам семејното стебло, а и не сум во можност да го истражувам, затоа што фамилијата ми е распрскана насекаде и со многу немам ниту контакт. Знам само до прабабите и прадедовците. Понатаму не
Знам само дека тегнам корени од Босна и Херцеговина, не го знам точно местото, баба ми (на татко ми мајка) е таму родена, а татко и (мојот прадедо) бил Хрват (незмам дали роден во Хрватска или само потекло имал) се презивале Ивељ, и биле католици. Мајка и на баба ми (мојата прабаба) е родена во Босна и Херцеговина, исто така католик. Значи немам поврзаност до каде што знам со муслимани од таму. На татко ми таткото (мојот дедо) е од Гевгелија, и за него само тоа го знам и како се вика и презива, ништо друго.
Баба ми (од на мајка ми страната) е родена во село Смиловци (сега спаѓа под општина Чашка тоа), а за нејзините родители незнам.
Дедо ми (на мајка ми татко) е роден во Богомила. Мајката на дедо ми е родена во село Капиново, во близина на Богомила, а татко му е роден во Црешнево. Долго време имаат живеено во Богомила (таму ги викале онака како фамилија Црешневци дека биле од с.Црешнево доселени) имале и куќа таму ама ја продале, па некаде кон 50тите се преселиле во Велес

Кога отидов прв пат во Богомила на 14 години, си најдов еден куп роднини, за кои поим немав ни дека постоеле. Еден куп трети братучеди

Може некој од нив е и на форумов, ако е еве, го поздравувам, многу сме, ова стариве работеле на случајот порано
