Историската улога на жената во религиите

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.129
Поени од реакции
30.221
Жената нема историска улога во христијанството и исламот. Освен грст жени кои ги прогласија за маченици и сега се светици... тоа е ништо во однос на жената и божественото.
Naprotiv, zeni koi von eklesijalisticki imaat pridoneseno za shirenje na Hristijanstvoto se smetani za povazni svetici.
I ne znam zosto go omalovazuvas toa.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Naprotiv, zeni koi von eklesijalisticki imaat pridoneseno za shirenje na Hristijanstvoto se smetani za povazni svetici.
I ne znam zosto go omalovazuvas toa.
Како придонеле, кои се тие и колку, како се надвор од црквата и хиерархијата и зошто?

Зошто се обидуваш жената да ја поставиш иста со мажот во однос на духовното во старите религии? Зошто ги омаловажуваат жените денес?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.129
Поени од реакции
30.221
Како придонеле, кои се тие и колку, како се надвор од црквата и хиерархијата и зошто?

Зошто се обидуваш жената да ја поставиш иста со мажот во однос на духовното во старите религии? Зошто ги омаловажуваат жените денес?
Ne planiram da diskutiram poveke, bespolezno mi e gubenje energija.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Ne planiram da diskutiram poveke, bespolezno mi e gubenje energija.
Секое губење енергија е бесполезно и навистина нема потреба од тоа. Ако сум јас причината за тоа, се извинувам :)

Ќе се навраќаш наваму секако, за да ми кажуваш како јас омаловажувам било кој, а кога топката ќе ти ја префрлат тебе - не планираш ништо.
Ти ми кажа како христијански жени помогнале во ширење на христијанството (како да е тоа нешто позитивна работа) и сега не кажуваш кои се, колку се, зошто се надвор од црквата, како тоа биле повеќе од светици... и сега не планираш ништо.
Ок... ништо страшно.

Тука сите сме без план и не трошиме ништо бидејќи само дискутираме и знаеме дека никој нема да престане да биде христијанин, никој нема да престане да биде муслиман, телемит итн итн... само фрламе искри на сомнеж и сакаме луѓето да имаат критички став кон се и сешто...

Без планови и без стратс за резутат - се е подобро.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Против аргумент е дека кинезите биле владеени од баби и мајки одвреме навреме(empress dowager) . Исто племенски матријархат
Еманципацијата на жената како историски процес кој го иницира, креира, поддржува..., Христијанството не подразбира ниту матријархарт, ниту патријархат, туку конкретни рамноправни личности, пред Бог и меѓусебе како цел.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.481
Поени од реакции
4.308
Еманципацијата на жената како историски процес кој го иницира, креира, поддржува..., Христијанството не подразбира ниту матријархарт, ниту патријархат, туку конкретни рамноправни личности, пред Бог и меѓусебе како цел.
Во теорија. Ја сум човек од пракса.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не знам зошто само Христијанството ви е на тапет кога во самиот Ислам, па и во шеријатското право, има јасна изразена дискриминација во однос на жената, и не само околу наследните (имотните) прашања, туку и во брачните и во судските. Дури и во самиот Куран (сура 4:34) се дозволува тепање на непослушните жени!

Верската полиција во Саудиска Арабија (мутава) има право да стопира туристки и да им наложува правилно да ги местат бурите! Дали бурката е симбол на слободата (традиционалната/религиската) или ропството, тоа е интересно прашање за дебата? Зошто? Затоа што има поделени ставови околу ова прашање дури и во САД кај самите муслиман(к)и.

Лично сметам причината за верскиот фанатизам лежи во менталниот склоп на држава и степенот на образование, па и социјалната класа. Кај секуларните држави тие разлики се помалку евидентни, иако најрадикалните форми секогаш извираат од најдолните социјални слоеви.

Сега слушаме стории од Авганистан каде има серија забрани кон жените (не знам да спортуваат, работа и сл), слободи кои претходно ги уживаа. Дури и радикализацијата во Турција не дава добри резултати на ова поле.

Ако сакаме да правиме компарации, можеме да ги согледаме формите на права кои ги уживаат жените во овие светови (па и да се прошири сликата и кон будизмот, шинтоизмот, јудаизмот, таоизмот...).

И во самото Христијанство има фракции (како Мормоните) кои имаат свои многу специфични погледи околу правата на жената.

А за улогата на жената, посебно за Марија и за Магдалена, се одлучувало на концили. Христијанството не е религија изградена на нови здрави темели, туку микс од верувања и сфаќања, дел и преземени или истите биле под влијание на други религии (јудаизам, митраизам и зороастризам). :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Како што ти кажав претходно во однос на Божјиот план за создавање и назначување на човекот би било бесмислено.
Ниту Стефан ниту Стефанија во суштина не се владици, Владика е Христос, тоа првично требаше да биде Адам кој заедно со Ева требаше да ја остварат заедницата човек со Бог, но ја знаеме историјата на неуспехот, кој Христос како Богочовек го оствари, успеа да го реализира во полнота, целосно.

Во историјата додека не дојде Исус Христос повторно, владика, свештеник е мажот бидејќи Христос како Човек бил маж како Адам, оттаму логично и природно се изразува Црковната организација клирот како треба да изгледа, инаку во клирот има и ѓаконици-жени, псалти-жени, во манастирите монахињи...

Владиката во Црквата по организација не е поважен, побитен од мажот, жената, децата, имотниот, просјакот, лаикот... ме разбираш?

Црковното уредување е Божјо уредување кое, е, и ќе биде во Вечноста, не треба да гледаш преку релативна, демократска, хуманистичка, феминистичка, шовинистичка, фашитичка..., или било која човчека идеја, бидејќи репер и единствено релевантана е Божјата идеја, план за постоењето на човекот
Ако тврдиш дека мажот и жената се еднакви, тогаш тие треба да можат да вршат еднакви црковни функции. Ако не можат да го прават тоа, тогаш не се еднакви. As simple as that.

Не знам зошто само Христијанството ви е на тапет кога во самиот Ислам, па и во шеријатското право, има јасна изразена дискриминација во однос на жената, и не само околу наследните (имотните) прашања, туку и во брачните и во судските. Дури и во самиот Куран (сура 4:34) се дозволува тепање на непослушните жени!
Затоа што се уште на темава нема дојдено некој пратен од џамија, а без некој таков дискусијата дали жената има право под шеријат ќе биде еднаква по потреба и логика на дискусијата дали сонцето секогаш изгрева на исток.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Црковните функции нека си ги решава Црквата како институција. Јас сум атеист, само сакам да ја проширам лепезата затоа што се фативте за мал сегмент од Христијанството, а има навистина отидени фракции кои имаат многу специфични погледи за улогата на жената во општеството.

Мислам дека полигамија во САД е забранета, што е чудно ако се земе фактот дека државата нема право да ја дефинира формата на брачните заедници! Тоа е нивен аргумент, не мој, само го пренесувам. :)
 
Епа ако бевме Америка, форумов ќе имаше повеќе мормони, амиши и слични такви, па ќе можеа и таквите да си го одбранат светогледот. Вака ни останува најнезабавната опција - православието.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ако тврдиш дека мажот и жената се еднакви, тогаш тие треба да можат да вршат еднакви црковни функции. Ако не можат да го прават тоа, тогаш не се еднакви. As simple as that.
Пења ќе фатиш да му објасниш, кога он, симплификатен силогизам....
Ај настрана црковните функции, според тебе како стојат работите, мажот и жената еднакви се, треба ли и итн.?
Автоматски споено мислење:

и таквите да си го одбранат светогледот. Вака ни останува најнезабавната опција - православието.
Нешто за фан гајс ко тебе, да ти разбијам стереотипи (y)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Пења ќе фатиш да му објасниш, кога он, симплификатен силогизам....
Ај настрана црковните функции, според тебе како стојат работите, мажот и жената еднакви се, треба ли и итн.?
Автоматски споено мислење:

Нешто за фан гајс ко тебе, да ти разбијам стереотипи (y)
Пошто не сфати, најнезабавна за дискусија. Нема што многу да се расправа околу православието и жените освен ова дали треба да бидат владици и дали треба да бацуваат икони додека се „нечисти“. Да дојде некој мормон овде па да почне да ни кажува за мноштвото сопруги на Џозеф Смит и обавезните платна што треба да ги носат, одма друго ќе биде. И ајде сега одма демантирај ме, па извади некој стих според кој жената треба да е потчинета на стопанот пошто е создадена од реброто негово.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
најнезабавна за дискусија
За ликови кои најмногу им се свиџа стариот завет... Навистина не е забавно

Од твој аспект еве, можна ли е рамноправност меѓу мажот и жената кога има биолошка предодреденост?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
За ликови кои најмногу им се свиџа стариот завет... Навистина не е забавно

Од твој аспект еве, можна ли е рамноправност меѓу мажот и жената кога има биолошка предодреденост?
:facepalm:
Не е можна секако... ако правиме муабет за 200 метри со пречки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom