Како што ти кажав претходно во однос на Божјиот план за создавање и назначување на човекот би било бесмислено.
Ниту Стефан ниту Стефанија во суштина не се владици, Владика е Христос, тоа првично требаше да биде Адам кој заедно со Ева требаше да ја остварат заедницата човек со Бог, но ја знаеме историјата на неуспехот, кој Христос како Богочовек го оствари, успеа да го реализира во полнота, целосно.
Во историјата додека не дојде Исус Христос повторно, владика, свештеник е мажот бидејќи Христос како Човек бил маж како Адам, оттаму логично и природно се изразува Црковната организација клирот како треба да изгледа, инаку во клирот има и ѓаконици-жени, псалти-жени, во манастирите монахињи...
Владиката во Црквата по организација не е поважен, побитен од мажот, жената, децата, имотниот, просјакот, лаикот... ме разбираш?
Црковното уредување е Божјо уредување кое, е, и ќе биде во Вечноста, не треба да гледаш преку релативна, демократска, хуманистичка, феминистичка, шовинистичка, фашитичка..., или било која човчека идеја, бидејќи репер и единствено релевантана е Божјата идеја, план за постоењето на човекот