Испити на крај на година во средното и основното образование

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Ви се погоди времето па ајде протестирајте. Лигава младина.
Полагав и приемен испит за средно, полагав и матурски испит, полагав и приемен на факултет. Не само јас, туку цела моја генерација и неколку пред мене и после мене.
Мојата генерација беше прва што полагаше приемен во средно 1982-ра, значи ем матура, ем приемен-за првпат. Ама некој мора да го товари, глава не дигнавме. Али имаше појќе можности за самоодлука, за факс или вработување. А и денешната младина е далеку "повоинствена" или поорганизирана, не знам. Тогаш кај смеевме да кажеме не, дури и да излагаме на улица да маваме со јајца? Ќе го собереа татко ми и правец Идризово како непријателски елемент. Можеби некои од барањата на учениците или студентите и не се баш оправдани или општествено здраворазумни, но ова полагање би требало ако ништо друго да се видоизмени.
Макар да со ова (ако Уставен не промени нешто) ништо посебно нема да сторат, иако ги поддржував. Само ќе добијат можда повеќе денови за учење или слична казна. На крај краишта нека пробаат, ништо нема да ги чини (се надевам нема да им намалуваат оценки така драстично), само ќе видат до кај им е знаењето.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Eве уште еден на кој ќе треба да му се повтори по 100 пат дека не се протестира против екстерните туку поради начинот на кој ќе се спроведат. Не е исто тоа што го зборат на ТВ со реалноста. Пред да коментирате на темава, прашајте си ги децата под кои услови ќе се полагаат тестовите или вратете се некоја страна назад.
ТВ не гледам и не знам кој е ставот на телевизиите околу ова. Не сум толку стар за да си ги прашам децата. И јас учев во Македонија, а не во Југославија. И јас кога бев во средно имаше протести, знам како се (не)организирани и знам дека ви е интересно да се шетате по улици. На новинарите им е супер да си имаат тема за на вести, против владата и сите сте задоволни.
Образованието е до таа мерка пропаднато што овие екстерни тестирања сигурно нема да го подобрат. Тоа што вие одбравте таков начин за протест не е во ред. Одлуката за екстерно тестирање е донесена поодамна, ама не се протестира во зима или на дождливо време а?
На крајот на краиштата и тоа екстерно тестирање ќе биде бедно изведено и ради реда исто како и се друго.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Не се шетаме по улици, на протестите си бевме пред министерство (за моето школо ти зборувам), а не протестиравме во зима или по дожд затоа што начинот на кој ќе биде спроведен екстерниот ни го кажаа неодамна. Јас бев ЗА екстерни зимата, ако веќе толку те интересира, ама откако слушнав како е осмислено, тури му пепелот. Џабе ќе се малтретираме.
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Одлуката на Уставен треба да се знае утре.
Инаку во моја генерација 4 класа полагаме по еден предмет, 5 класа по два предмета.
И дааа кажи Стефане драгичка ти се падна Латински да полагаш кај Дани ѕверката.Дали да се смеам или да плачам?Тие што учеле во Орце знаат која е латински.Хаоооооос.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Мојата генерација беше прва што полагаше приемен во средно 1982-ра, значи ем матура, ем приемен-за првпат. Ама некој мора да го товари, глава не дигнавме. Али имаше појќе можности за самоодлука, за факс или вработување. А и денешната младина е далеку "повоинствена" или поорганизирана, не знам. Тогаш кај смеевме да кажеме не, дури и да излагаме на улица да маваме со јајца? Ќе го собереа татко ми и правец Идризово како непријателски елемент. Можеби некои од барањата на учениците или студентите и не се баш оправдани или општествено здраворазумни, но ова полагање би требало ако ништо друго да се видоизмени.
Макар да со ова (ако Уставен не промени нешто) ништо посебно нема да сторат, иако ги поддржував. Само ќе добијат можда повеќе денови за учење или слична казна. На крај краишта нека пробаат, ништо нема да ги чини (се надевам нема да им намалуваат оценки така драстично), само ќе видат до кај им е знаењето.
Јас учев во поново време. Голем дел од моите професори во средно и сега предаваат. И тогаш имаше протести на кои одев зошто ми беше интересно да не сум во школо. Единствен критериум да се одржи протестот е да има сончев ден. Верувај во ова.
Околу целта на протестите - тестирањата, учениците нормално е дека нема да го прифатат со воодушевување, ама мислам дека тоа тестирање не е толку страшно колку што учениците се научени се да добиваат на готово. Ова тестирање не верувам дека е насочено против нив, туку против нивните партиски вработени наставници кои подаруваат оценки ( или пак толку знаат да оценат).
Не верувам дека има ученик кој сака дополнително тестирање ама сигурно има ученици кои ова тестирање ќе го поминат без проблем. Целта е од година во година да има што повеќе вакви ученици.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Меѓу нашиов клас и петкана се двоумеле да ни дадат македонски.
Утре точно ќе се знае..
95% ни се паѓа нас македонски..
нема шо да изгубам, само ќе докажам дека не сум за онолку слаба оценка...
баш ми е мило ако ни се падни македонски.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ви текнува кога вчера ви пишав дека ќе полагаме физика?

Е денес ни кажаа дека ќе полагаме педагогија на 9 јуни. Ама колку е ова неорганизирано е чудо едно. Мојот клас е поделен на германски (продолжителен и почетен) и тие што се на продолжителен кај другата професорка ќе полагаат и германски а ние што сме почетна само педагогија. Но најлошото е што професорката цела оваа година ни диктираше во тетратка и учевме од тетратка, сосема различни работи од книгата. Сега ќе треба учебник од 300 страни да го снимиме на памет. Масакр ќе и направам.

Што е најтрагично, утре може ќе ни кажат нешто друго дека ќе полагаме.

А да, јазично Б класот од моето школо ќе полага математика и физика.:tapp:
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.573
90% географија полагам. Лесно е, фала Богу.
Сакав математика,али то е. Фала Богу македонски не ми се падна,иначе маф ке ми беше работава. Во минус ке влезев.
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Мене ми се падна најнајнајлошото
Физика:pipi:

Проблемот е што имаме чудна професорка која не предава според учебникот па затоа јас не ни имам учебник ниту сум прочитала барем една реченица од таму.
Имам две-три недели да научам (не повторам) 200 страни физика. Повеќе од двојка не ни учекувам
а професорката наредна година иде во пензија
не организираност преголема...катастрофа:toe:
 
I

Intex

Гостин
Ми се паднаа двата најлоши предмети. Информатика (теорија ке полагам) и историја. Јас очекував два стручни (Електроника и Програмирање), за кои и ке немав потреба да се спремам, ама за овие два ке се скапам учејки. Ке треба сите менија, подменија, алатки да ги научам за Информатика и секакви глупи историски личности. Информатика полагам на 4 Јуни, а Историја на 9 Јуни. Глупа држава, глупи професори. То ти е то.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Денес ни кажаа дека ќе не тестирале на 22. Па добро бе, нели требаше да ни кажат 15 дена порано? До 22 едвај има една недела :nerv:
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Абе вие кај нас се стварно несалам еееееееееееј. Кога планираат да се спремиме и да одговориме ние за добра оценка. Абер немаат да ни кажат шо ќе полагаме. А одлукава на Уставен ќе се каже кога??
 
Smoke_a_lot

НЕСОПИРЛИВ
Член од
16 март 2008
Мислења
707
Поени од реакции
63
Штрајкувајте бе луѓе,ако не ви се прават штрајкувајте-имате легитимно право да се побуните против таа одлука.
 
I

Intex

Гостин
Одлуката на Уставен суд ќе ја слушнеме на 22 мај.

На 22 април го зедоа законот за проверка на уставност, процедурата е 30 дена. Значи на 22 мај ќе чуеме дали ќе ги укинат тестовите или не. Протестите се залудни, никаква галама може да влијае на одлука на Уставниот суд на Република Македонија, не бидете смешни.

Тестовиве не се уставни бидејќи те оценува трето лице, надвор од образовниот систем.

Бидете разумни, без штрајкови, само стрпете се неколку дена.

П.С. Ако Уставниот суд ги укине тестовите, не може веќе да се вратат назад, во никаков случај. Ако не ги укине, најебали смо.

П.П.С. Јас полагам македонски и географија. А можеше и полошо. :)
За ова болдираното. Не се уставни, а ако поминат на уставен, може да се жалиме кај нешто што е поголемо од уставниот?
Според мене Грујо е свесен дека овој закон ке падне на уставен, исто како и „Трето дете„ и „Веронаука„. Порано му пречеше Претседателот и општините, сега му пречи уставот. Не е битно која партија сте (моите се ДПМНЕ) ама што Грујо има секогаш некој што му пречи, има.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Физика.
Што му згрешив толку на Господ незнам :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom