Исламот ќе стане доминантна религија за 50-тина години?

Член од
24 октомври 2012
Мислења
812
Поени од реакции
510
Одиме со ред:

1. Иако повеќето Божји Пратеници биле евреи, имало и не евреи и тоа доста.

2. Баш напротив, ако се земе во обзир структурата на семитските јазици ќе се заклучи дека токму Бог = Аллах (арапски), Елохим,Елоах (еврејски), Елах ( арамејски) и некои други слични форми.

3. Ако се знае значењето на зборот Ислам,а тоа е покорност на Бога ќе ти се приближи поентата на тврдењето дека Исламот е најстарата, првата и последната вистинска Божја вера. Од друга страна ако мислиш поинаку кажим и каде во Стариот Завет Мојсеј повикувал кон еврејската вера или Исус во Новиот Завет кон христијанската вера?

Исламот значи доброволна и потполна предаденост на Возвишениот Аллах џ.ш., Створителот на луѓето и световите. Етимолошки, зборот Ислам е изведен од глаголот еслеме,к ој пред се го означува човековото доброволно предавање на Аллаховата Воља на тој начин во него да се положат сите надежи и при тоа да се напушти секој вид на себичност и горделивост. Попратните значења на овој збор се: склад, хармонија, мир, вроденост.

Сите Божји Пратеници ја имаа ова мисија.

А за последното мислам дека доста е зборувано на оваа тема:
http://forum.kajgana.com/threads/Што-вели-Библијата-за-Мухаммед-а-с.42903/
Фала на објаснувањето. Други прашања: зошто Муслиманите мора да се молат на арапски? Зошто Мојсеј или Исус не се молеле или збореле на арапски?
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452

Заради компактноста на молитвата, и ова се однесува исклучиво за молитвите од типот на Салах или Намаз ( Молитва), додека во другите молитви од типот на Дова (молба) не е проблем да се молиш на јазикот кој го зборуваш.
Инаку ова ни е препорака од Пратеникот Мухаммед а.с., и во пракса е докажано како многу наменска и ефективна. Замисли на едно место ( Аџилакот во Мека на пример) , во една џамија, каде имаш насобрани милиони луѓе од сите земји во светот, а се молат на еден единствен јазик. Тоа е уникатна мелодија која смирува и не создава бучава. :)

Мојсеј и Исус се молеле на јазиците кои ги говореле: еврејски и арамејски, и ако ги имавме денеска оригиналите на Стариот и Новиот Завет на јазикот на кој биле презентирани, ќе имавме уникатна Библија или неизменето Слово Божје, кое немаше никому да дава простор за додавање и одземање.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018

а како муслиман, зашто дома не збориш на арапски?
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
Нашата вера е стабилна и со јасни основи, и не и се потребни Вселенски собори или концили за нејзина канонска измена.;)
на ниту една вера не и потребна промена, ниту тоа во 21 век се прави, ама јазикот трпи промени
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
812
Поени од реакции
510
Заради компактноста на молитвата, и ова се однесува исклучиво за молитвите од типот на Салах или Намаз ( Молитва), додека во другите молитви од типот на Дова (молба) не е проблем да се молиш на јазикот кој го зборуваш.
Инаку ова ни е препорака од Пратеникот Мухаммед а.с., и во пракса е докажано како многу наменска и ефективна. Замисли на едно место ( Аџилакот во Мека на пример) , во една џамија, каде имаш насобрани милиони луѓе од сите земји во светот, а се молат на еден единствен јазик. Тоа е уникатна мелодија која смирува и не создава бучава. :)

Мојсеј и Исус се молеле на јазиците кои ги говореле: еврејски и арамејски, и ако ги имавме денеска оригиналите на Стариот и Новиот Завет на јазикот на кој биле презентирани, ќе имавме уникатна Библија или неизменето Слово Божје, кое немаше никому да дава простор за додавање и одземање.
А кога се молиш дома (доколку се молиш) во себе, тогаш не правиш никаква бучава... јас мислам дека тоа нема врска... исто така, иако Исламот е "надоградба" на Христијанството и Јудаизмот сепак доста се разликува од нив... зошто?
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Види пост број #782
јас те прашав,на кој јазик ти се молиш а не читам овде#782 примери за мека па полесно било,се можело на мајчин јазик,галами итн
значи ти лично,на кој јазик?:)
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
А кога се молиш дома (доколку се молиш) во себе, тогаш не правиш никаква бучава... јас мислам дека тоа нема врска... исто така, иако Исламот е "надоградба" на Христијанството и Јудаизмот сепак доста се разликува од нив... зошто?
Ти можеш да мислиш што сакаш, а јас убаво ти кажав што мисли Исламот по ова прашање.;)

Затоа што овие два претходника толку промени претрпеле, што буквално било неопходно да дојде до нова Божја интервенција, олицетворена во исламот.
--- надополнето: 11 мај 2013 во 15:32 ---
јас те прашав,на кој јазик ти се молиш а не читам овде#782 примери за мека па полесно било,се можело на мајчин јазик,галами итн
значи ти лично,на кој јазик?:)
Јас лично се молам кога клањам на арапски, а кога упатувам Дова , некогаш на македонски, некогаш на арапски, а некогаш и на босански.
 
M

Muranyi

Гостин
Ти можеш да мислиш што сакаш, а јас убаво ти кажав што мисли Исламот по ова прашање.;)

Затоа што овие два претходника толку промени претрпеле, што буквално било неопходно да дојде до нова Божја интервенција, олицетворена во исламот.
Зошто на сезнајниот Бог,му требале дури три интервенции за конечно да го објави својот збор?Зошто тоа не го направил од прва и да спречи заблуда меѓу милијарди верници?
Многу несериозен и ноншалантен пристап е ова.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Зошто на сезнајниот Бог,му требале дури три интервенции за конечно да го објави својот збор?Зошто тоа не го направил од прва и да спречи заблуда меѓу милијарди верници?
Многу несериозен и ноншалантен пристап е ова.
не бре, па и ти ама не сфаќаш, па трета-среќа. ете зошто така и ден денес го користиме тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom