Заради компактноста на молитвата, и ова се однесува исклучиво за молитвите од типот на Салах или Намаз ( Молитва), додека во другите молитви од типот на Дова (молба) не е проблем да се молиш на јазикот кој го зборуваш.
Инаку ова ни е препорака од Пратеникот Мухаммед а.с., и во пракса е докажано како многу наменска и ефективна. Замисли на едно место ( Аџилакот во Мека на пример) , во една џамија, каде имаш насобрани милиони луѓе од сите земји во светот, а се молат на еден единствен јазик. Тоа е уникатна мелодија која смирува и не создава бучава.
Мојсеј и Исус се молеле на јазиците кои ги говореле: еврејски и арамејски, и ако ги имавме денеска оригиналите на Стариот и Новиот Завет на јазикот на кој биле презентирани, ќе имавме уникатна Библија или неизменето Слово Божје, кое немаше никому да дава простор за додавање и одземање.