S
Sagan
Гостин
Темата е од демографски и верско-политички аспект (со одредени историски и географски)
Балкан и Источна Европа
Во десеттиот век, арапскиот патувач Ахмед ибн Фадлан, бележи дека дел од тогашните Руси го прифатиле Исламот. Во 14 век, западната гранка на Монголите (подоцна наречени Татари), кои вршеле напади врз населението во денешна Русија и Украина, го имале прифатено Исламот за своја религија. Кримскиот Канат дури постанал вазал на Османската Империја во 1474.
Во меѓувреме на Балканот, по 1371 со навлегувањето на Османлиите, па се до падот на Константинопол 1453, Исламот постанал државна религија на Империјата, а со тоа и на дел од европска територија. Во 16 и 17 век, со ширењето на ОИ, Исламот стигнал до денешна Унгарија и Австрија.
Со падот на Империјата, териториите на Османлиите се намалувале, но дел од мухамеданското население останало да живее на Балканот и во Романиа и Унгарија.
Од 1463 па во наредните 200 години, словенското население во БиХ масовно се преобратувало во Ислам. Албанија и Косово останале под власт на Османлиите до 1913, па овој процес бил уште поизразен. Населението под оваа власт стекнувало одредени бенефиции доколку се преобратело во Ислам, што делувало како катализатор.
Апенински и Пиринејски Полуостров
Исламизацијата на Сицилија почнала со арапските и берберски освојувања во 827 година, преку востанувањето на Сицилијскиот Емират во 965, па се до поттиснувањето од страна на Норманите во 1072 година. Сепак, прво населување на муслимани на европско тло се случува во 652 година, од истите народи. За време на емиратот, поробеното население имало лимитирани верски права, а избегнувањето на плаќање на одредени даноци било возможно со истата финта како на Балканот: со преобратување во Ислам. Во 846 година била извршена и опсада на Рим, а подоцна и на Пиза.
Сепак, на тлото на континентална Европа, првиот процес на исламизација почнал во 711 година, со освојувањата на христијанското визиготско кралство Хиспанија од страна на умајадскиот калифатски водач Тарик ибн Зијад. До 10 век, мнозинството население на оваа територија прифатила Ислам. Пелагиус Астуријски http://en.wikipedia.org/wiki/Pelayo_of_Asturias почнал кампања за враќање на териториите во 722 и до 1236 година се што останало од муслиманска Шпанија била мала територија од провинцијата Гранада. Калифатот се проширил до Аквитанија во денешна Франција, а последните исламски војски ја напуштиле Франција во 759.
Од 1238 до 1492, Гранадскиот Емират бил вазал на христијанското кралство Кастиља, по што само мал број муслимани останале на таа територија и ја смениле верата во Христијани (Морискоси http://en.wikipedia.org/wiki/Morisco). Од 16 до 19 век, османслиските пирати заробувале европско христијанско население и го продавале како робови низ арапскиот свет (заробени и продадени меѓу 1 и 1.25 милиони). http://en.wikipedia.org/wiki/Barbary_pirate
Во 18 век Кримскиот Канат бил најголем пазар на христијански робови. Кримските Татари редовно заробувале и продавале христијанско население од Русија, Литванија и Полска.