Митке ти е најдобар во тие работи
Малку е солен вистина,ама јас ви гарантирам квалитет и здравје на кучињата.
Човекот ми делува како да има психички проблеми (за жал не само на мене,туку и на други што пробале да го контактираат)[DOUBLEPOST=1403875480][/DOUBLEPOST]
Баш напротив, моето долгогодишно искуство со кучиња покажува дека малите раси се поагресивни, а причина за агресивноста е тоа што сопственичките им немаат поставено граници на своите мали кутриња до кај смеат да одат, и премногу ги размазуваат и ги третираат како да се бебиња, па потоа таквите кучиња стануваат благо ретардирани во својот карактер и лаат и се пуштаат на се' живо и диво.
Додека пак ние сопствениците на големите раси, сме повнимателни и свесни сме за моќта на големите раси и за тешките последици што можат да ги направат доколку нападнат, па затоа им поставуваме граници до кај смеат да одат со нивното однесување, и ги држиме под контрола и не ги размазуваме (серазбира постојат исклучоци).
Големите раси (поготово службените) имаат постабилен карактер, бидејќи се свесни за својата моќ и немаат страв од ништо, додека пак малите раси патат од комплекс што се мали и затоа се плашливи и најчесто од страв покажуваат агресија и се силат.
А најретардирано е што нивните сопственички, на таквото однесување на своите миленици се смеат и не обрнуваат никакво внимание, и секогаш ги вртат истите муабети, во стилот, па малечко е, ништо нема да направи и сл.
Обично големите раси се толерантни кон малите раси, бидејќи големите раси знаат дека малите раси не претставуваат апсолутно никаква опасност за нив, но недај боже еден ден да и пукне филмот на некоја голема раса, има да го фати и со еден гриз да му ја скрши кичмата на малото куче кое што е влезено во филм и мисли дека е big boss.
Апсолутно се согласувам.
Се што кажа е на место[DOUBLEPOST=1403877156][/DOUBLEPOST]Да ви кажам мое искуство. Сакав да земам малиноа-белгиски овчар. Нема некој квалитет кај нас,а бидејќи се "незгоден карактер" сакав да го земам од добар одгледувач. Видов повеќе легла, имаше се и сешто (болни,со инфекции, со рани итн). Се слушнав со човек од Велес, убаво изгледаа кутрињата на слика, стари биле 4 месеци (сомнително), документите биле дадени да се изработат ама не биле сеуште стигнати (стандардна кучкарска приказна), цена 150 еур . Бараше 100 еур аванс за кутрето, па кога ќе го дадел педигрето уште 50 еур да доплатам. Предложив 75 сега,75 по добивање на педигре, одговорот беше "Дојди ајде, ќе ги видиш,ќе се договориме". Отидовме до Велес, ги извади кучињата и мајката од една скривница-подрум под куќата, внатре боксови за кучиња, кутрињата машала напредни (??4 месеци??). Од двете женки понудени, едното го бендисав, и таман да избројам пари ми вика "100 eur сега, 50 по 2 недели кога ќе дојде педигрето".
Така не беше договорот пред да тргнам, ама поентата беше овој штом потроши бензин до тука, мора со куче да се врати, па за педигрето ќе видиме дали ќе го добие.
Не се сложив,вика дојди по 2 недели ако ми стигне педигрето, и земи го комплет. Викам ОК,нека остане работата за по 2 недели, ама ти ќе го донесеш кутрето во Скопје, зошто јас џабе бензин потрошив за денес. Ќе идам да јадам во градот пастрмајлија,за 30 минути ако се премислиш јави се. Не се јави, ние си направивме излет, и назад дома.
По 1 недела ми пушти СМС ако не сум земал кутре,"ми го чувал моето". Нема шанси, iz principa
. По скоро 2 месеци пак огласот обновен, пратив човек да се јави, му кажа дека кучињата се 4 месеци (феномен=неговите кутриња не стареат), и дека педигрето не му е стигнато.
ВНИМАВАЈТЕ, КУЧКАРИ СЕ ОПАСНА КАТЕГОРИЈА