не знам колку од тука се запознаени со ова,но и јас имам своја верзија а очигледно и многу други.Значи вака,веројатно повеќето знаете дека земаВ кутре,бигл,го платив 450 евра,требаше да стигне 3+ месеци бидејќи тогаш нели најдобро се оделува од мајката итн итн.Додека не ги дадовме парите,човекот изгледаше се супер,значи слаткоречлив до безкрај,не ги давам јас кучињата испод 3 месеци,тие што го прават тоа штанцаат кучиња,овој нечини,онаа нечини,овој вака праи,оној онака прави.Кога го слушнав тоа како оговара други,иако немам години доволно за да речам дека сум искусен,сепак сфатив дека она што збориш за другиот-всушност си лечиш комплекси за самиот себе.Но не битно,немавме друга опција,видовме по огласи дека по толку се движат со мала разлика би рекол од 50-100 евра,и се решивме на тој чекор да капарисаме кутре.Ни рече дека ќе стигнело со-пасош,сите примени вакцини,педигре.Не ЗАМОЛИ ако случајно откако ќе стигне,и не можеме да го чуваме,да го контактираме,да не го ПРОДАВАМЕ,значи не замоли 2-3 пати,зошто ? затоа што наводно луѓето од Србија сакале да знаат кај им е кутрето.Му кажавме ОК,не размислуваме на тоа сега,но ако не дај Боже се деси,ќе те бараме прво тебе.Тоа го дознаа и моите дома кои патем се фамилијарни луѓе и нејќат никој лошо да ги збори.Идеме даље,кучето каснеше,овој викенд,следен викенд,нема врска важно стигна.Ми се јави ми вика ќе ги транспортирам сега со дог транспортинг(Некој таков збор беше не го ни сфатив) се израдував.Стигна,3 кучиња му беа во рацете,ги фрли у тревник да се опуштеле,тие се тресеа како лист,но не битно.Ми кажа дека за педигре ќе чекам некое време,иако по форуми србски читав дека НИКАКО не се чека,но ајде не ми се расправаше бидејќи бев израдуван за кутрето.Си го однесов дома,ама на прв поглед ми се глеаше многу мало...беше истото од сликите,но беше многу мало.Стигнав дома,не го ни видов пасошот,утредента го отворив.Гледам внатре,рачунам,прашувам дома,раччунаат,проста математика,кутрето немаше ниту 50 дена.48 ми се чини или 42 не ме држете за збор.Тоа беше првата работа што беше сумљива иако 100 пати ни кажа дека он не е тој тип,дека он ги дава на 3+месеци кога ќе се оделеле целосно од мајката.И потоа се јави уште еднашка само,за да сум го однел ОБАВЕЗНО на ветеринар за втора вакцина,иако некои ми рекоа дека на тие денови не треба втора вакцина,не битно...јас не го однесов поради тоа што не знаев главата кај ми е,а инаку кучето се чуваше дома,изолирано од мачки кучиња,луѓе кои имаат животни,само една личност(девојка ми) имаше куче но и наложував да мие раце пред да го дира господинот...јадеше само ројал канин храна со јогуртце затоа што беше премало иако таа ми ја препорачаа за таа возраст.Спиеше на топло,кај мене во соба и покриено со памучно ќебенце.Потоа пројдоа 10-14 дена,педигрето немаше ни глас за педигре,небитно не го ни барав за тоа пошто стварно не ми беше битно и се надевав дека ќе се јави.За тоа време дома ми се поремети се,посебно делот со мајка ми,едноставно не можеа да издржат дома со кутре,колку и да сакав јас едноставно не можеа.И влечи-тегни,се договоривме некако да го дадеме...и тука почнува бркањето.2 недели го баравме да го прашаме да му го вратиме кутрето.ГОРЕ ПИШАВ,ДЕКА НЕ МОЛЕШЕ 3 ПАТИ ВО РАЗГОВОР ДА ГО БАРАМЕ ПРВЕСТВЕНО НЕГО.Едноставно,го немаше.Звоневме,пишувавме пораки,пишувавме на фб...звоневме и кај жената која што прва ни се јави кога ги контактиравме,не креваш првествено ни она,потоа крена,и со образложение дека можеби бил љут бидејќи не сме можеле да го чуваме...па племе ли ти ебам кој си ти да ми кажуваш што да правам у мој живот,не го ставив во супа кучето па да ме осудуваш,живееше како цар кутрето и така заслужува секое.Потоа не идеше ништо преку него,идеше преку жената.Го ставив во меѓувреме на оглас без да знаат дома,и жената се јави вика тргнете го од оглас ќе го земам јас.Моиве се толку наивни и и рекоа добро,па го тргнав од оглас.Ај што намали цели 200 евра од цената,нема врска,моиве се уморија веќе и беа спремни и без пари да го дадат,но за да останеле луѓе кон нелуѓе,го дадовме на нив(неа).Отидовме до кај неа,требаше да ни даде 250 евра.Стигаме,вика немам јас сега пари,кога ќе ни плати другиот ќе ви дадам.Ајде ОК и тоа,иако очигледно те дупи у здрав мозок.Потоа,дале 200 евра само,со образложение дека сме требале да потпишеме дека се откажуваме од кутрето,задржале 50 евра...јас не бев вклучен во тоа пошто мајка ми комуницираше со жената,јас нејќев ништо да имам со него пошто малку фалеше да го фатам за врат,ама се до крајното,крајот го краси делото.50 евра за да сме го одјавеле,а никаде не беше заведено под наше име,односно од она што го имавме,пасош,беше на србски пасош,србско име и презиме,и код од чипот,веројатно и тој србски по логика пошто пасошот е србски.Што да одјавам ? потоа,ми пиша на фб,цитирам-КАКО НЕ ТИ Е СРАМ,ТИ КАЖАВ ДА ГО ВАКЦИНИРАШ КУЧЕТО,СЕГА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ,НА ИНФУЗИЈА Е.Ме фати шок,бидејќи се осетив виновен,ИАКО потоа разговарав со повеќе луѓе и се смееа,дека шансите за такво нешто,при такви услови на чување,таа храна,таа возраст,и најбитното,после цели 14 дена да ти се јави и да ти каже дека ти си виновен,е апсурд.Го прашав кај е кучето,ама си се извади поштено-во Охрид е.Не знам дали ги вратил тие 50 евра,дома викаат да да,ама не верувамд ека ги вратил туку дека моите му ги оставиле да си го почасти карактерот.
Пред некој ден,со другар седам и ми вика,абе брат,ти го најдов Бак.Срце ми застана,викам каде бе брат ? еве бе вика види,кај еден мој другар,другар му..Го гледам на слики,иако бигл имаат 3 бои па потешко е да гиразликуваш,80% бев сигурен дека е тоа моето кутре бак.Изгледаше здраво и весело.Му пишав на дечкото 2 пати,другаров му пишуваше во врска со кучето,не враќа.Ова не сум сигурен дали е така бидејќи немам потврда дека тоа е тоа куче,но бидејќи дечкото не враќа а има сеен,значи дека се плаши од нешто,можеби мисли ќе го барам назад или којзнае.
Сето ова го сметав дека помалку сум и јас виновен(не знам зошто) но откако видов СЛУЧАЈНО сабајлево на почетна следново,сфатив дека не било до мене проблемот(не ме интересира и да е член на форумов или да има инсајдери тука)
https://www.facebook.com/dimitar.georgjievski/posts/895514930468931?pnref=story&__mref=message_bubble јас сум можеби "дете" но ова е човек во години,сигурно не би лажел,а и најдоле има линк од форум каде се збори стриктно за него,со не толку позитивни коментари.
Не правам ниту лоша реклама ниту добра,само кажувам мој случај од А до Ш,и линк од нечива друга приказна(и).И да,имаше и ФБ разговор после тоа дека кучето било пред умирање,каде му кажав дека може да врти на други филмови дека сум виновен јас,и му објаснив зошто мислам така дека не сум,бидејќи кучето беше во каратин+хрането со најдобра храна+чувано на топло+никаков одпир со куиња мачки и слично,и најголемиот "доказ" што ми го пиша тоа после 14 дена откако му го дадов.Тоа е исто ко да купиш кола,и после 20 дена му се јавуваш,еј абе си ми продал удрена кола.