Искуства со одгледувачи и препродавачи на кучиња

L

Lu

Гостин
Колку што видов нема ваква тема, ако не гледам убаво тогаш бришете ја.:)
Имаше слична тема, па ги споив и малку го корегирав насловот.

Инаку во врска со твојата случка ... јас секогаш им препорачувам на луѓето да одат директно кај одгледувачот и да го видат леглото за да видат какви се кутрињата, како се однесуваат, како реагираат и слично.
Никогаш не препорачувам да се земе куче кое што претходно не си го видел.

Јас кога ја купував Астра (Доберманката) бев 2 пати да го видам леглото.
Првиот пат бев кога кутрињата имаа 34 дена и беа доста напредни и решив да земам кутре од тоа легло и оставив капар.
И вториот пат отидов кога кутрињата имаа 44 дена и тогаш си ја земав Астра.
Беа 5 Доберманчиња во леглото од кои што беа 3 мажјачиња и 2 женки.

Јас бев решена да земам женско Доберманче и бев сконцентрирана на двете женки.
Ги посматрав како реагираат со останатите кутриња, дали се дружељубиви, колку се заинтересирани и сл.
Се одлучив за Астра бидејќи беше за нијанса покрупна од другата женка и карактерот повеќе ми се допадна, Астра беше пожива, позаинтересирана, поигрива, не покажуваше страв, едноставно си беше сосема опуштена ... заразлика од другата женка која што беше некако плашлива и незаинтересирана и затоа одлуката падна на Астра и знам дека го направив вистинскиот избор :)

Сега Астра има 7 месеци (пред 2 дена полнеше) и е Доберманка со прекрасен карактер, социјализирана и послушна ... куче какво што секој би посакал да има :)
 
Член од
5 август 2010
Мислења
222
Поени од реакции
50
Прв пат ми беше мене да купувам куче, и не бев баш информиран што и како е, и сам го правев тоа... Како и да е на крај испадна супер, Макс има 4 ипол месеци и учи и расне одлично :) Проблемот со тоа куче бил сосема друг сигурен сум дека не е до мене, она ми нагласуваше демек ти треба да се поставиш кон кучето и слично.. Немаше никаква врска тоа, ветеринарот неколку пати дојде и го виде целите очи му беа црвени и насолзени беше толку агресивен што несмееше никој да го допре..
Дури одеше и до тоа дека можеби е таков заради купираната опашка, како и да е... се случува..
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Прва грешка што сите ја прават според мене е дека сите се загреани да купат куче а никој не седне да прочита што и како, па за расата специфики, карактеристики и на крај искуства од тие што имаат куче или таа раса или евентуално одгледувачи.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Сите сигурно што чуваат милениче какво и да е, посебно куче, имале некакво искуство со одгледувачници или продавачи од пазар 3 и слично... Јас ќе почнам со мојата.

- Разгледував по интернет, конкретно на пазар3 и реклама5 за минијатурен пинч, се јавував на неколку броеви, и се јавив на број од куманово т.е жената беше од Куманово, јас сум од Скопје, ја прашав што како е, ми објасни кои се цените и слично. Ми понуди да ми го донесе кучето во Скопје, бидејќи секој ден одела тука на работа, јас и реков да биде како што сме се договориле да не испадне зошто не дојде да си видиш... ( се договоривме 3 месечен пинч, со купирана опашка, примени 2-3 вакцини / здравствена книшка ).
Ми го донесе кучето до дома, не влезе кај мене да ми објасни нешто да ми каже, колку што ја приметив гледаше што побрзо да си отиде, и ги дадов парите она ми го даде кучето, на прв поглед изгледаше одлично... Во тој момент забораваш на све, не ни ми текна на здравствената книшка.. И не ми ја даде.. Само што го внесов во двор ме касна за раката, го однесов на ветеринар, ветринарот ми кажа дека е поголемо од 3 месеци и стварно така и изгледаше а и затоа не ми ја дала здравствената книшка пошто на неа си пишува... Не даваше никој да го допре, чим тропне нешто одма се криеше ако некој се доближи и пружи рака да го погали секогаш касаше.. почекав 2-3 недели да видам дали ќе се среди, дека е нова средина и слично... пак истото беше, и се јавив и раскажав што се случува и ми вика: Подариго на некои пријатели чим така.... Хах... Сум ти платил пари за куче како што сме се договориле а ти ми даваш сосем нешто друго.. се распараваше и со татко ми и на крај се убедивме некако да ми даде друго на возраст од 3 месеци или помало ако треба само да не е како ова постаро куче... Отидовме во Куманово, на бензинската не пречека сосем друг човек ( жената не дојде ) ни го даде кучето, имаше 50 дена кога го земавме... Сега веќе има 4 месеци и фала богу напредува како што треба и има прилично добар карактер... Донекаде знам дека сум и јас крив за ова, али сакам да кажам немојте никогаш да нарачувате куче. Отидете и сами одберете си го ако ви се допаѓа... за да не се занимавате со вакви проблеми...
Бев договорена со истата жена да ја парам мојата кучка, но излезе друга опција - куче од Скопје и повторно не се слушнавме.

Веројатно од истата одгледувачница ја купи другарка ми кучката и го има истото однесување, лае по сите што ќе дојдат, неколку пати ги има гризнато неа и дечко и. Чудно однесување за пинчeр. Може дека чувам па затоа ми е несвојствено да има толку голема агресија кај релативно мала раса на кучиња.

Инаку кога ја земавме мојата кучка со другарка ми, баравме исклучиво џуџест - црн пинчeр и видов дека многу луѓе намерно не прават разлика меѓу џуџест и среден.
Не сакам средна големина, сакам мала и ете се погоди, ама многу луѓе што знам се заебаа и откако пораснаа сфатија дека нема да останат мали.

Мојот совет е да се внимава од каде го земате или го купувате кучето. Вие одете до таму каде што треба да се земе, за да видите во какви услови е чувано и какви се родителите.
Постојат многу вакцинирани и добро потковани кучиња ... ама само на хартија.
 
L

Lu

Гостин
Чудно однесување за пинчер. Може дека чувам па затоа ми е несвојствено да има толку голема агресија кај релативно мала раса на кучиња.
Баш напротив, моето долгогодишно искуство со кучиња покажува дека малите раси се поагресивни, а причина за агресивноста е тоа што сопственичките им немаат поставено граници на своите мали кутриња до кај смеат да одат, и премногу ги размазуваат и ги третираат како да се бебиња, па потоа таквите кучиња стануваат благо ретардирани во својот карактер и лаат и се пуштаат на се' живо и диво.

Додека пак ние сопствениците на големите раси, сме повнимателни и свесни сме за моќта на големите раси и за тешките последици што можат да ги направат доколку нападнат, па затоа им поставуваме граници до кај смеат да одат со нивното однесување, и ги држиме под контрола и не ги размазуваме (серазбира постојат исклучоци).

Големите раси (поготово службените) имаат постабилен карактер, бидејќи се свесни за својата моќ и немаат страв од ништо, додека пак малите раси патат од комплекс што се мали и затоа се плашливи и најчесто од страв покажуваат агресија и се силат.

А најретардирано е што нивните сопственички, на таквото однесување на своите миленици се смеат и не обрнуваат никакво внимание, и секогаш ги вртат истите муабети, во стилот, па малечко е, ништо нема да направи и сл.

Обично големите раси се толерантни кон малите раси, бидејќи големите раси знаат дека малите раси не претставуваат апсолутно никаква опасност за нив, но недај боже еден ден да и пукне филмот на некоја голема раса, има да го фати и со еден гриз да му ја скрши кичмата на малото куче кое што е влезено во филм и мисли дека е big boss.

Мојот совет е да се внимава од каде го земате или го купувате кучето. Вие одете до таму каде што треба да се земе, за да видите во какви услови е чувано и какви се родителите.
Постојат многу вакцинирани и добро потковани кучиња ... ама само на хартија.
Апсолутно се согласувам.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Баш напротив, моето долгогодишно искуство со кучиња покажува дека малите раси се поагресивни, а причина за агресивноста е тоа што сопственичките им немаат поставено граници на своите мали кутриња до кај смеат да одат, и премногу ги размазуваат и ги третираат како да се бебиња, па потоа таквите кучиња стануваат благо ретардирани во својот карактер и лаат и се пуштаат на се' живо и диво.

Додека пак ние сопствениците на големите раси, сме повнимателни и свесни сме за моќта на големите раси и за тешките последици што можат да ги направат доколку нападнат, па затоа им поставуваме граници до кај смеат да одат со нивното однесување, и ги држиме под контрола и не ги размазуваме (серазбира постојат исклучоци).

Големите раси (поготово службените) имаат постабилен карактер, бидејќи се свесни за својата моќ и немаат страв од ништо, додека пак малите раси патат од комплекс што се мали и затоа се плашливи и најчесто од страв покажуваат агресија и се силат.

А најретардирано е што нивните сопственички, на таквото однесување на своите миленици се смеат и не обрнуваат никакво внимание, и секогаш ги вртат истите муабети, во стилот, па малечко е, ништо нема да направи и сл.

Обично големите раси се толерантни кон малите раси, бидејќи големите раси знаат дека малите раси не претставуваат апсолутно никаква опасност за нив, но недај боже еден ден да и пукне филмот на некоја голема раса, има да го фати и со еден гриз да му ја скрши кичмата на малото куче кое што е влезено во филм и мисли дека е big boss.

Апсолутно се согласувам.
Точно е дека малите раси се поагресивни за разлика од големите, но во постот опишував екстремна агресија која дефинитивно е многу чудна.

Моето искуство покажало дека генерално пинчерите се мали и лоши кучиња, љубоморни и претерано врзани за алфа - член од семејството, но не се агресивни. Можеби зошто мојата е исклучок, бега од мачки, се крие зад мене од чивави и е многу “лошо“ куче за дружење (единствен другар му е доберман со кого е израснато од мало).
Се случува да лае само кога некој ѕвони на врата, а во сите други случаеви е многу мирна и послушна. Секако дека ова не важи за сите останати пинчери.

За пример го земав кучето на другаркава, бидејќи покрај сите совети кучето остана агресивно и мислам дека станува повеќе со време.

Сметам дека покрај дресирањето и воспитувањето, голема улога имаат гените. Впрочем луѓето бираат кучиња од добри легла, со добри гени, но истото не е гаранција дека сопственикот ќе добие мило и послушно куче.

Се согласувам за однесувањето на некои сопственици. Девојките треба да разберат дека мало куче не е моден додаток, како и идиотите што чуваат раси исклучиво за борби, често парење на куче ради пари или го чуваат затворено.
 
Член од
29 јануари 2013
Мислења
12
Поени од реакции
2
Дали некој има искуство со одгледувачницата Бубмак?
 
Член од
29 јануари 2013
Мислења
12
Поени од реакции
2
мислам дека одгледуваат малтезери и вршат набавка на сите помали раси на кученца
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
мислам дека одгледуваат малтезери и вршат набавка на сите помали раси на кученца
Во Македонија има само една регистрирана одгледувачница за малтерези,провери на КСМ ке видиш.
 
Член од
28 април 2010
Мислења
89
Поени од реакции
30
Во Македонија има само една регистрирана одгледувачница за малтерези,провери на КСМ ке видиш.
Одгледувачницата е во моја сопственост и е регистрирана а тоа што КСМ не ги ажурира податоците е друга работа.Поседуваме малтезери, мопсови и јоркширски териери а во моментов ќе излезат првите родовници под Бубамак за 3 малтезери квалитетот на малите е феноменален.Во пролет ќе ги имаме првите примероци на мопс и јорки од нашата одгледувачница.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Јас читав многу за купување на куче. Прво сакав да земам Западно Шкотски Бел Териер кој требаше да биде увезен од Србија до Македонија. Подразмислив малку за какво ќе биде кучето и дали би било во ред да платам 350 евра за него. Сепак, се премислив зошто видов дека има легло на Ердел Териер за многу поевтина цена и се јавив кај газдите. Со татко ми еднаш ги видовме кутрињата, немаше голем избор, две беа само, но имаа прекрасен карактер! Многу беа мили и сакаа да бидат во близина на луѓето, сакаа да си играат. Јас го одбрав женското зошто живо беше, но не се оддалечуваше од нас. (машкото добро беше, ама не обрнуваше толку внимание на нас) Откога сите членови во семејството се сложија да ја земеме Беки (Беатрис), татко ми се јави и кажа да ни ја чуваат до 10.06. (тогаш завршувам со школо и можам повеќе внимание да и’ обрнам) Во вторникот, купивме работи за неа од Џамбо (најевтини се таму, а и убави работи има) и татко ми ја донесе.
Мислам дека добар избор направивме што ја земавме од легло кое што сме го виделе, а не ја набавивме.
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Митке ти е најдобар во тие работи :)
Малку е солен вистина,ама јас ви гарантирам квалитет и здравје на кучињата.
Човекот ми делува како да има психички проблеми (за жал не само на мене,туку и на други што пробале да го контактираат)[DOUBLEPOST=1403875480][/DOUBLEPOST]
Баш напротив, моето долгогодишно искуство со кучиња покажува дека малите раси се поагресивни, а причина за агресивноста е тоа што сопственичките им немаат поставено граници на своите мали кутриња до кај смеат да одат, и премногу ги размазуваат и ги третираат како да се бебиња, па потоа таквите кучиња стануваат благо ретардирани во својот карактер и лаат и се пуштаат на се' живо и диво.

Додека пак ние сопствениците на големите раси, сме повнимателни и свесни сме за моќта на големите раси и за тешките последици што можат да ги направат доколку нападнат, па затоа им поставуваме граници до кај смеат да одат со нивното однесување, и ги држиме под контрола и не ги размазуваме (серазбира постојат исклучоци).

Големите раси (поготово службените) имаат постабилен карактер, бидејќи се свесни за својата моќ и немаат страв од ништо, додека пак малите раси патат од комплекс што се мали и затоа се плашливи и најчесто од страв покажуваат агресија и се силат.

А најретардирано е што нивните сопственички, на таквото однесување на своите миленици се смеат и не обрнуваат никакво внимание, и секогаш ги вртат истите муабети, во стилот, па малечко е, ништо нема да направи и сл.

Обично големите раси се толерантни кон малите раси, бидејќи големите раси знаат дека малите раси не претставуваат апсолутно никаква опасност за нив, но недај боже еден ден да и пукне филмот на некоја голема раса, има да го фати и со еден гриз да му ја скрши кичмата на малото куче кое што е влезено во филм и мисли дека е big boss.

Апсолутно се согласувам.
Се што кажа е на место[DOUBLEPOST=1403877156][/DOUBLEPOST]Да ви кажам мое искуство. Сакав да земам малиноа-белгиски овчар. Нема некој квалитет кај нас,а бидејќи се "незгоден карактер" сакав да го земам од добар одгледувач. Видов повеќе легла, имаше се и сешто (болни,со инфекции, со рани итн). Се слушнав со човек од Велес, убаво изгледаа кутрињата на слика, стари биле 4 месеци (сомнително), документите биле дадени да се изработат ама не биле сеуште стигнати (стандардна кучкарска приказна), цена 150 еур . Бараше 100 еур аванс за кутрето, па кога ќе го дадел педигрето уште 50 еур да доплатам. Предложив 75 сега,75 по добивање на педигре, одговорот беше "Дојди ајде, ќе ги видиш,ќе се договориме". Отидовме до Велес, ги извади кучињата и мајката од една скривница-подрум под куќата, внатре боксови за кучиња, кутрињата машала напредни (??4 месеци??). Од двете женки понудени, едното го бендисав, и таман да избројам пари ми вика "100 eur сега, 50 по 2 недели кога ќе дојде педигрето".

Така не беше договорот пред да тргнам, ама поентата беше овој штом потроши бензин до тука, мора со куче да се врати, па за педигрето ќе видиме дали ќе го добие.

Не се сложив,вика дојди по 2 недели ако ми стигне педигрето, и земи го комплет. Викам ОК,нека остане работата за по 2 недели, ама ти ќе го донесеш кутрето во Скопје, зошто јас џабе бензин потрошив за денес. Ќе идам да јадам во градот пастрмајлија,за 30 минути ако се премислиш јави се. Не се јави, ние си направивме излет, и назад дома.

По 1 недела ми пушти СМС ако не сум земал кутре,"ми го чувал моето". Нема шанси, iz principa:P. По скоро 2 месеци пак огласот обновен, пратив човек да се јави, му кажа дека кучињата се 4 месеци (феномен=неговите кутриња не стареат), и дека педигрето не му е стигнато.

ВНИМАВАЈТЕ, КУЧКАРИ СЕ ОПАСНА КАТЕГОРИЈА:ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Kurto a sto se maltretiras ako sakas malinoa, imas eden kup vo srbijata i bugarijata za nesto pogolema cena (ne kojznae kolku mnogu pogolema) ke mozes da si zemes kuce od odgleduvacnica so kaj-kaj poprovereno pedigre i kvalitet i zamisli sose dokumentite na raka i mikrocip a verojatno i vakcina ke ti go dadat. Mislena imenka za nekoi odgleduvaci od Makedonija.
 
Умно кажано. Разликата во трошоци не е мала, точно дека во цена разлика е малку, но имаш патни трошоци, и ќе испадне скоро дупло (а и нема пастрмајлија кај да јадеш)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom