Искуства со одгледувачи и препродавачи на кучиња

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Многу често кај нас има луѓе кои се бават со препорадавање на кучиња. Кои се вашите искуства со нив (доколку сте ги имале) или пак кое е вашето мислење.
Само се надевам дека ке нема користење на имиња и навредување, бидејки не ми е целта со оваа тема некого да биде навреден или некого да биде фаворизиран ... напротив, мислам дека сите што имаат било какво искуство треба да го споделат за идните сопственици кои размисливаат на овој начин да набават миленик.
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Јас имам кучка пудла, и секогаш кога ќе ми се окучи ги чувам кученцата дури да станат независни од мајката, а потоа ги продавам на луѓе или пак им давам на пријатели и роднини.

мислам дека сите што имаат било какво искуство треба да го споделат за идните сопственици кои размисливаат на овој начин да набават миленик.
А на кој друг начин мислиш дека можат да набават миленик ?
Или го купуваат или го добиваат од некого на поклон нема трето.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
А на кој друг начин мислиш дека можат да набават миленик ?
Или го купуваат или го добиваат од некого на поклон нема трето.
Мислам на лугето на кои им кажувате сакам такво и такво куче и тој оди и ви го набавува.
Има луге што соработуваат со одгледувачот, за набавката тој зима процент од продажбата.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Кога сме на оваа тема, нешто сакам да прашам и ме интересира како и на кој начин се набавува расно куче што ми се допаѓа, на пример Јоркширски териер, Мопс, Велшки териер и слично, или она јапонско кученце не ми текнува како се викаше мислам дека Ши-Цу или така нешто ?
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Кога сме на оваа тема, нешто сакам да прашам и ме интересира како и на кој начин се набавува расно куче што ми се допаѓа, на пример Јоркширски териер, Мопс, Велшки териер и слично, или она јапонско кученце не ми текнува како се викаше мислам дека Ши-Цу или така нешто ?
Има луге кои можат да ти набават, ако те интересира, пиши ми ЛП, ке ти дадам контакт.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Најдобро ти е да следиш огласи, и кога го има на продажба без шверц-комерц сам да си го набавиш миленикот.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Митке ти е најдобар во тие работи :)
Малку е солен вистина,ама јас ви гарантирам квалитет и здравје на кучињата.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Митке ти е најдобар во тие работи :)
Малку е солен вистина,ама јас ви гарантирам квалитет и здравје на кучињата.
Митке што е Битолчанецот? Типот ми е премногу арогантен и не остава простор за дискусија.
Ако сака некој изложбен примерок, најдобро е да си контактира официјални одледувачници за некоја раса и да си резервира кутре од добра линија.
Сега е барем лесно и може да се најдат на нет еден мал милион одледувачници на Балканот и резервација може да се направи преку и-мејл.
Цената така би била и пониска од причина што ќе контактираш со директниот одледувач.

За Лабрадори знам дека најдобри во Македонија се Play Full Team, но и цените им се најсолени.
http://www.playfullteam.com/puppies.html

Исто мислам дека има и добра одгледувачница за Германски Овчар во Македонија, ама не ми текнува на името и покрај тоа што ги гледам редовно на изложби со извонредни примероци.
 
V

Vollstandig

Гостин
Изгледа авторот на темава сакаше да спомни за овие “оцрнети“ од анима-мунди здруженијата, кои одгледуваат кучиња строго за расплод и ништо повејќе. Тоа да, значи низ србија постојат такви мизерни фарми за кучиња, каде што живеат во боксови 1 х 1 метар, кучката се шприца со хормони, па годишно раѓа и 3-4 пати кучиња, без прекин, и намален и е животниот век на минимум. Кучињата брзо стартуваат хранети со протеини, и идат на распродажба, тоа е и поентата што секогаш се наоѓаат расите, а по правило би идело во стилот “Трајко од прибилци чуваше Мопс, му се окучи, па тие 5 кученца, наместо по 100 евра, ги резервираат луѓе по 150 евра“ а далје препородавачите се тие кои гарантираат за квалитетот и добиваат солена цена.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Изгледа авторот на темава сакаше да спомни за овие “оцрнети“ од анима-мунди здруженијата.
Авторот јасно напиша што сака да каже. Значи темата е за искуство и мислење, а не за „оцрнување„. Јас јасно напишав дека не сакам темата да се сведе на коментари од типот „Рајко е добар, а Петко е преварант„ Факт е дека и кај нас и во Србија и насекаде има одгледувачи и Одгледувачи,е сега потенцијалниот купувач сам треба да одлучи од кој ке купи миленик.

Митке што е Битолчанецот? Типот ми е премногу арогантен и не остава простор за дискусија.
Ако сака некој изложбен примерок, најдобро е да си контактира официјални одледувачници за некоја раса и да си резервира кутре од добра линија.
Сега е барем лесно и може да се најдат на нет еден мал милион одледувачници на Балканот и резервација може да се направи преку и-мејл.
Цената така би била и пониска од причина што ќе контактираш со директниот одледувач.

За Лабрадори знам дека најдобри во Македонија се Play Full Team, но и цените им се најсолени.
http://www.playfullteam.com/puppies.html

Исто мислам дека има и добра одгледувачница за Германски Овчар во Македонија, ама не ми текнува на името и покрај тоа што ги гледам редовно на изложби со извонредни примероци.
Потполно си во право, така е најдобро, а ако успееш и да го видиш кутрето уште поубаво.

Play Full Team повторно имаат легло, цените се солени, мегутоа квалитетот што го имаат не е доволно платен, според мене, ама кај нас такви се условите.
За германски овчари ги имаш повеке и тоа добри одгледувачи.
 
Член од
5 август 2010
Мислења
222
Поени од реакции
50
Сите сигурно што чуваат милениче какво и да е, посебно куче, имале некакво искуство со одгледувачници или продавачи од пазар 3 и слично... Јас ќе почнам со мојата.

- Разгледував по интернет, конкретно на пазар3 и реклама5 за минијатурен пинч, се јавував на неколку броеви, и се јавив на број од куманово т.е жената беше од Куманово, јас сум од Скопје, ја прашав што како е, ми објасни кои се цените и слично. Ми понуди да ми го донесе кучето во Скопје, бидејќи секој ден одела тука на работа, јас и реков да биде како што сме се договориле да не испадне зошто не дојде да си видиш... ( се договоривме 3 месечен пинч, со купирана опашка, примени 2-3 вакцини / здравствена книшка ).
Ми го донесе кучето до дома, не влезе кај мене да ми објасни нешто да ми каже, колку што ја приметив гледаше што побрзо да си отиде, и ги дадов парите она ми го даде кучето, на прв поглед изгледаше одлично... Во тој момент забораваш на све, не ни ми текна на здравствената книшка.. И не ми ја даде.. Само што го внесов во двор ме касна за раката, го однесов на ветеринар, ветринарот ми кажа дека е поголемо од 3 месеци и стварно така и изгледаше а и затоа не ми ја дала здравствената книшка пошто на неа си пишува... Не даваше никој да го допре, чим тропне нешто одма се криеше ако некој се доближи и пружи рака да го погали секогаш касаше.. почекав 2-3 недели да видам дали ќе се среди, дека е нова средина и слично... пак истото беше, и се јавив и раскажав што се случува и ми вика: Подариго на некои пријатели чим така.... Хах... Сум ти платил пари за куче како што сме се договориле а ти ми даваш сосем нешто друго.. се распараваше и со татко ми и на крај се убедивме некако да ми даде друго на возраст од 3 месеци или помало ако треба само да не е како ова постаро куче... Отидовме во Куманово, на бензинската не пречека сосем друг човек ( жената не дојде ) ни го даде кучето, имаше 50 дена кога го земавме... Сега веќе има 4 месеци и фала богу напредува како што треба и има прилично добар карактер... Донекаде знам дека сум и јас крив за ова, али сакам да кажам немојте никогаш да нарачувате куче. Отидете и сами одберете си го ако ви се допаѓа... за да не се занимавате со вакви проблеми...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Подарено куче беше,ми викаат дека било мешавина од шарпланинец и некое друго овчарско куче,а испадна тешка џукела,па морав да го дадам.
Ем плашливо,ем мало,ем никакво... :facepalm:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Подарено куче беше,ми викаат дека било мешавина од шарпланинец и некое друго овчарско куче,а испадна тешка џукела,па морав да го дадам.
Ем плашливо,ем мало,ем никакво... :facepalm:
Што ми е чудно вака кога ќе прочитам, ти сакаш куче за да имаш миленик или да се кочопериш?
Плус подарено, знаеш како викаат, на подарен коњ забите не му се гледаат ;)
Јас мојава пудла ја добив на подарок, не ја носев на изложби, иако беше стварно згоден кога беше малечок. Сега веќе има 14 години, пензионер е :)
Братучетка ми зема црн лабрадор од позната одгледувачница од Скопје, не се сеќавам точно на цената меѓутоа не беше прескапо, а кучето е стварно убаво и паметно.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Што ми е чудно вака кога ќе прочитам, ти сакаш куче за да имаш миленик или да се кочопериш?
Плус подарено, знаеш како викаат, на подарен коњ забите не му се гледаат ;)
Јас мојава пудла ја добив на подарок, не ја носев на изложби, иако беше стварно згоден кога беше малечок. Сега веќе има 14 години, пензионер е :)
Братучетка ми зема црн лабрадор од позната одгледувачница од Скопје, не се сеќавам точно на цената меѓутоа не беше прескапо, а кучето е стварно убаво и паметно.
Не го дадов за тоа,го дадов од жал поради тоа што веќе немав услови.Ми беше криво да се мачи. :)
Ама бар да ми кажеа што куче даваат...
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Што ми е чудно вака кога ќе прочитам, ти сакаш куче за да имаш миленик или да се кочопериш?
Плус подарено, знаеш како викаат, на подарен коњ забите не му се гледаат ;)
Јас мојава пудла ја добив на подарок, не ја носев на изложби, иако беше стварно згоден кога беше малечок. Сега веќе има 14 години, пензионер е :)
Братучетка ми зема црн лабрадор од позната одгледувачница од Скопје, не се сеќавам точно на цената меѓутоа не беше прескапо, а кучето е стварно убаво и паметно.
Во Скопје има две одгледувачници за лабрадори, Play Full Team и Skupi ако не се лажам се викаше втората, и има уште една во Битола-Mak Spot.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom