- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.734
- Поени од реакции
- 8.752
Ама нит си абортирал, нит можеш да абортираш, нит имаш поима реално.Психичките последици не им стојат на челото за да им ги видиш. Тие си се внатре во главата и си работат. Може би има некоја што повеке издржува па кај неа сигурно и последиците се помали, но има некои помеки на кои дури и надворешно им се манифестираат тие психички последици.... зависи и како била целата случка околу абортусот.... но нема без последици.
Многу други работи (на пример силување) ќе влијаат неспоредливо повеќе него абортус кој сама одлучила да го направи.
Не, не е абортусот прошетка во природа, меѓутоа е далеку од многу посериозни работи кои ни се случуваат во животот. Не ни мора да е екстрем како силување, може да се и трауми од дома, може да се многу, многу други ситуации.
Секако и абортус може да е една од нив, ама ќе биде само ако жената САКАЛА да го роди плодот, но од било која причина (дали ја присилил партнер, родители, финансиска ситуација итн.) абортирала. Тогаш да, потешко ќе преброди и веројатно ќе се прашува “што ако“.
По оваа логика сите сме емотивно оштетени (дури не се ни зезам, мислам дека сме, генерациите 1980-1995 отприлика), што се должи на растење во екстремно нестабилни времиња за нашите родители, сосема различен систем на постоење од нивниот дотогашен итн.
Мене ич не ме секира дали партнерот има психички потешкотии, ме секира ако ги крие и не ги лекува поради ненормалната стигма што постои.
Автоматски споено мислење:
Ниту се сите мажи исти, ниту се сите жени исти.Ако овој пост не ви е доказ дека сите машки се исти, се исто гомно и треба да се кастрираат сите и да се убијат, тогаш не знам што сакате повеќе?
Се грижиш за своите деца, поминуваш време со нив и ги сакаш бескрајно? Пффф ти се молам, види таму на кајгана една што пишала за некоја девојка што ја знае што и направил дечкото и те молам застани во редот за кастрација.
Постојат човечки отпадоци кај двата пола.