Искреноста VS Православието Пред Бог

Член од
10 ноември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
3
Верујте ми дека со три кила зејтин и седум пара чорапи ако однесете во Црква не се одвраќате од вашите гревови
Зошто кај Бог ништо не може да се купи и не може да се Заслужи со Дела .. зошто ако Луѓето можеа да се одвратат од Гревот со својте дела или со заслуга немаше Бог да го прати Исус да умре за нас .. ама за тоа што Човекот неможеше со дело или да заслужи Простуваје Бог го даде безплатно .. во една книга издадена од Православна Црква пишува како Луѓе му се поклонувале на Св.Пантелејмон
а Бог јасно у Библијата вика " Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се ПОКЛОНУВАШ ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

Што да речам Повеќе доволно е САМО ова но ке кажам уште нешто

НИКАДЕ значи НИКАДЕ нема во Библијата некој да се моли ОСВЕН на БОГ .. а денес што прават луѓето ? ке умре некој што цел живот го преседил во Црква и на никој не му спомнал за Бог и кога ке умре станува светец и после нашите деца ке му се молат .. зар ТОЈ може да ти помогне тебе ??? Бог вика дека сите НИЕ сме исти .. ОК .. Ако сите ние сме исти што е повеќе од мене Св.Јован или Св.Пантелејмон ??? Тие истите луѓе му се молеле на Бог како и ние .. Луѓето фрлаат пари на иконите колку жално зар не ??? Бог јасно вика дека треба од секој наш приход да се остава десеток
Но дали тоа значи да се остава на иконата ??? НЕ ! десетокот се остава во ковчече и никој да не те види па дури и да не го ставиш у ковчече
десеток се дава секој месец а не од Велигден на Велигден што ке оставиш 50 ден да не речам 10 Ден

Има за ова уште многу да пишуам што мислам дека Бог ми откри ама ај да не ве замарам да читате

И да дојаснам дека вашите гревови можат да бидат простени и заборавени само ако ИСКРЕНО значи ИСКРЕНО од СРЦЕ кажете
на Бог .. Боже прости ми за Се и за секон мој грев .. и кажете ги интимно вашите гревови на Бог во вашата соба што ги имате во Името на Исус Христос
е така ке ти се прости а не со Зејтини и Чорапи и триста бакрачи и доволно е да се Молите на Бог .. затоа што Бог не го мрзи да ве слуша
па сеа вие ке се молите на Пантелејмон или не знам Кој ..

Сепак овде јас кажав имам уште многу што Бог ми отрки ама ајде за друг пат

Имате избор преиспитај се .. дали да си се родил во не Православно семејство би Бил тоа што си ???
За тоа е потребно да ја барате вистината а неја ја во Библијата и секој што сака да ја најде вистината ке ја Најде
зошто Бог од никој не се крие он е Жив .
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А бе што изнакажа...
И дај, продолжи, живо ме занима што уште Бог ти октри, оти историјата е полна со фаци кои, живеејќи во прелест, сметаа(т) дека разговараат директно со Бога.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
А каде ти рече Бог дека е вистината, каде ти ја откри ? Ај продолжи, фалат нови, свежи теми во Чек дис аут.:pipi:
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Премногу ми се допаѓа темата, честитки за неа.

Потполно ама баш Се се согласувам и стојам позади сето напишано од moveman. Господ Бог да помогне па да има Се повеќе и повеќе вакви луѓе кои ја откриле вистината, читаат Библија и се држат до неа.
Најголем процент од луѓето во Мак. се родени во православни семејства и цел живот се држеле до тие обичаи и традиции што изникнуваат од православието.
Ако размислуваш како moveman сите од околината те сметаат дека дека не е нешто ред со тебе, што е жалосно.

Не сум против православието но сум за тоа дека веќе со новите генерации треба подлабоко да се размисли и да се навлезе во суштината на Библијата и со тоа да се постават нови темели на православната црква, со што би се промениле некои грешки, па преку оваа црква (најзастапена во нашава земја ) да им се отворат очите на луѓето да читаат повеќе Библија, да им се покаже и укаже како и што треба да веруваат.
Да им се укаже дека со зејтин, чорапи, крпи, погачи не се опростуваат гревовите пред Севишниот.
Да како што знаеме од Стариот завет пред Исус Христос, Бог на луѓето им барал жртви (млади јагниња), паленици за опростување на гревовите, но откако Исус Христос го дава својот живот како жртвено јагне, нашите гревови ни се опростуваат преку покајание со искрено срце, во длабока молитва во името на Исус христос.

Ние сме нова генерација, млади и разумни доволно паметни да ја проучиме и вистински да ја разбереме Библијата и би било прекрасно новите застапници на православната црква да воведат некои промени засновани на Библијата, да се отвори свеста кај овој народ, да се намали неморалот, да живеат луѓето во мир, каков што ни е оставен од Исус Христос Јован: 14:27 Ви оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се бои.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
И добро, сега, според тебе, како Бог ми/ни ги простува гревовите? Онака? Вака, така? Ќе се покајам „во себе„ и тоа џоа е доволната причина за да ми се простат гревовите? Посочи практично, како „оди„ тоа покајание и од кај да бидам сигурен дека Бог навистина ми простил, без да се залажувам сам себе дека гревовите ми се од Бога, а не од мене (само)простени?
 
Г

Господ

Гостин
Ако сите ние сме исти што е повеќе од мене Св.Јован или Св.Пантелејмон ???
Јован крштеваше.Ја не сум крштевал.Он е пофаца од мене.Ти си крштевал?
Пантелејмон наводно исцелувал.Јас не сум исцелувал.И тој е пофаца од мене.Ти си исцелувал?
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
И добро, сега, според тебе, како Бог ми/ни ги простува гревовите? Онака? Вака, така? Ќе се покајам „во себе„ и тоа џоа е доволната причина за да ми се простат гревовите? Посочи практично, како „оди„ тоа покајание и од кај да бидам сигурен дека Бог навистина ми простил, без да се залажувам сам себе дека гревовите ми се од Бога, а не од мене (само)простени?
Од истото место од кај што си сигурен дека постои тој бог. Цело време си против носење физички докази за постоењето на Бог, а сега бараш потврда (можда со потпис и печат од Бог и заверена на нотар).
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
И добро, сега, според тебе, како Бог ми/ни ги простува гревовите? Онака? Вака, така? Ќе се покајам „во себе„ и тоа џоа е доволната причина за да ми се простат гревовите? Посочи практично, како „оди„ тоа покајание и од кај да бидам сигурен дека Бог навистина ми простил, без да се залажувам сам себе дека гревовите ми се од Бога, а не од мене (само)простени?
Не знам дали е поставено прашањето до мене или до moveman, но ете и јас ќе се обидам да ти одговорам.

Како што напишав во предходниот мој пост, јас верувам во Се она што е пишано во Библијата, се потпирам на Се што е пишано во неа, сметам дека оваа книга е ОСНОВАТА на христијанството воопшто.
Во неа убаво си пишува

Езекиел: 18:30 Затоа доме Израелев, Јас ќе му судам секому според неговите патишта - говори Господ Бог. И така, покајте се и обратете се од сите свои престапи и вашиот грев не ќе ви биде гибел!

Дела Ап.: 3:19 Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа

Ова се само неколку стихови што успеав да ги најдам за ова, значи понатаму не ми треба никаков доказ, потврдено барање дека мене гревовите ми се простени.

Би сакала сега јас истото тебе да те прашам, како ти знаеш дека гревовите ти се простени и што мислиш дали на некој човек може да му се простат гревовите со тоа што тој ќе остави на иконата зејтин, паричка без притоа ниту да се помоли ниту се покае за сторениот грев?
:smir:
 
Поздрав до тебе IzY*MiLa, но, пред да почнеме да дискутираме воопшто на оваа тема, сакам да те прашам дали ти го разбираш насловот на темава и дали со него се согласуваш целосно ? Дали се согласуваш со тоа дека сме сега исправени пред таква дилема или искреност или православие ? Дали тоа значи дека се што не е искреност е православие или пак сите што се искрени не се првославни ?

Ајде ако сакаш одговори ми па, бидејќи одлично се снаоѓаш со цитатите до Библијата, те молам објасни ми што значат зборовите на светиот апостол Јаков во своето послание (5, 14-16) „Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа, и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени. И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.“ ,а посебно оној болдираниот дел.

Инаку, да појасниме, ние православните христијани не го одобруваме тоа ставање на пари, чорапи и други работи на икони, дури и маслото е дискутабилно иако може да се помага Црквата со се'. Доколку некој сака да остави пари, за тоа има каса, доколку сака да помогне некој брат од Црквата (макар и со облека и чорапи) и за тоа има начин, како и за зејтинот. Но, никој со таквите дарови не може да Го подмити Бог.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Благодарам за поздравот, Господ, нашиот Бог, да те благослови!

Насловот на темата не ми кажува многу, јас како што кажав немам против православието и не велам дека Се што е во него е грешно.

Јас се убаво изјаснив дека потполно се согласувам со мислењето на moveman и стојам позади сето она што ни го изјаснува пред нас (воведот на темата) ако не забележа јас на тоа се надоврзав и за тоа пишував.

Мило ми е што почнуваме полека да дискутираме за она што пишува во Библијата, јас ќе дадам сега мое мислење, како јас го разбирам конкретниот стих што си ми го посочил.
Што е од моја страна јас не реков дека сум за да нема црква, секако дека треба да има црква, а штом има црква значи треба да има луѓе, во овој случај старешина, што добро ја знаат вистината, со години (а не преку ноќ) ја обработувале и проучувале Библијата, со долги молитви и обраќања за помош кон Господ Бог за помош, волја и истрајност во таквата дејност. Потоа држење до заповедите што ни се истакнати, јасно и гласно во Библијата, целосна праведност како со дела така и со мисли. Таквиот човек, праведен и чист пред Бога, е секогаш услишуван од Бога, неговите молитви се многу поделотворни, услишани пред Бога, па заедно со него и останатите на кои грешникот, во овој случај и болниот, ги исповедал своите гревови да се молат сите заедно за простување на големите престапи на братот нивен во вера. Како што ни е кажано од Бога преку Библијата
Матеј: 18:20 Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив.

Господ да те благослови што ми го кажуваш ова дека вие православните христијани сте против оставањето на пари на иконите, многу ми е мило што го читам ова од тебе и ме радува многу, но сепак ми се појавува прашањето, тогаш ЗОШТО никој не се изјаснил јасно и гласно пред народот кој оди во православните цркви да не ги остава парите на иконите, или пак зејтинот или облеката, зошто до сега немам слушнато или прочитано како застапниците на православната црква го кажува ова на народот.
А напротив сето ова, народот праволсавен е убеден дека со таквиот чин направил нешто пред Господ и како што кажа ти, на некој нивни начин се убедени дека ете со ова ќе го поткупиме Господ и неговата милост за нас.
Живееме во држава каде што владее митото и корупцијата до тој степен што народот си мисли дека оваа владее и кај Господ Бог, жалосно зар не :/

Затоа реков и пак ќе речам дека православаната црква во нашата земја има многу влијание, зошто да не биде установа каде што јасно и гласно ќе се укажува на народот за таквите грешки, погрешни размислувања и дејствувања.
 
Па види сега, некои луѓе едноставно сеуште живеат во заблуда дека ете тоа е начинот на оправдувањето пред Бога, некои во заблуда, а на некои едноставно така им одговара. Можеме ние сега за тоа вината да ја фрлиме на свештениците, кои не дека не носат одговорност за таквото поведение, но и на верникот никој не му ги затворил очите па да не може да прочита, да праша и ако сака искрено да дознае, Господ ќе го однесе до вистината. Јас не велам дека кај нас во Црквата се' е идеално (никаде не е ), но некој да ме убедува дека е се' лошо, едноставно би било тенденциозно или да не даде Господ одвлекување на вниманието од својот хаос. Па нели нашиот Спасител и Господ Исус Христос не учеше вака: „Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?“(Матеј 7,3).
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Се согласувам со тебе, се радувам што можеме да најдеме заеднички мислења.

Пак ќе кажам, некои луѓе се навикнати да го попримат тоа што ќе слушнат е не самите тие да отворат очи да прочитаат и малку да истражуваат, па затоа е тука црквата, во нашата земја, православната, која што треба со новите генерации да се обновува да се подобрува,да не се застанува на едно те исто со векови, традиции, туку да се возобновува, да биде добар пример за сите, та од неа да чујат што да прават, како да размислуваат. А тоа не може на друг начин туку да тргнеме од нас па Се до оние кои се нејзини застапници и преставници, да се потрудиме ние да бидеме примерот за останатите.
:smir:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.“ ,а посебно оној болдираниот дел.
Исповедање еден на друг, значи јас да ти ги исповедам гревовите тебе и ти да ми ги исповедаш гревовите мене. Дали ти кога одиш кај свештеникот да му ги исповедаш гревовите, тој ти ги исповеда своите гревови тебе? "Еден на друг" е двонасочна релација, а не еднонасочна релација "мирјанин -> свештеник".
Патем, стихот воопшто не вели дека ако не ги исповедаш гревовите на некој друг (свештеник) дека нема да ти бидат простени. За жал сите православни цркви учат дека обичниот верник мора да ги исповеда своите гревови пред свештеникот и дека ако тој не му ги "разврзе", дека Бог нема да му ги прости.

Исто така вториот дел вели "молете се еден за друг" и тоа исклучиво се однесува за телесно живите христијани. Во Библијата има стотици молитви и нути една, буквално НИТУ ЕДНА молитва не е упатена од некој починат верник. Апостолите можеле да му се помолат на Св. Илија, на Св. Мојсеј, на Св. Авраам, на Св. Јован Крстител, на Св. Јаков (откако починал), но сепак не наоѓаме ниту една таква молитва во обемната содржина на Светото Писмо. Напротив, сите молитви се упатени до Господ Бог и само до Него!

Тогаш зошто католиците и православните упатуваат молитви до св. Петка или до богородица? Зошто велат "Пресвета Богородица спаси не!" Зарем блажената Марија беше распната за вас? Зарем таа плати за вашите гревови? Зошто ја нарекувате спасителка? Зарем Христос не е единствениот наш Спасител?

--- надополнето ---

Инаку, да појасниме, ние православните христијани не го одобруваме тоа ставање на пари, чорапи и други работи на икони, дури и маслото е дискутабилно иако може да се помага Црквата со се'. Доколку некој сака да остави пари, за тоа има каса, доколку сака да помогне некој брат од Црквата (макар и со облека и чорапи) и за тоа има начин, како и за зејтинот. Но, никој со таквите дарови не може да Го подмити Бог.
А зошто одобрувате ценовници? Цитирај ми во Библијата каде тоа Христос и апостолите наплаќале за крештавање, погреб, брак или сл? Зарем не рече Христос: „бесплатно добивте, бесплатно давајте.“ (Матеј 10:8). Зарем не вели Словото „Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“ (2 Коринтјаните 9:7) Тогаш зошто православните цркви користат ценовници? Зарем не треба нејзините услуги да бидат бесплатни, а секој доброволно да остави пари во касите за доброволен прилог?

--- надополнето ---

Би сакал да ви цитирам нешто од Православниот молитвеник на Брегалничката епархија (стр. 224)

Кога и како се целиваат светите икони?

При влегувањето во храмот, верникот може да ја целива иконата што е на средината, па и оние отстрана...
Средната икона, ако има таква во храмот, се целива на следниов начин:
се прават два поклона пред неа, па се целива, потоа се прави уште еден поклон..."

А сега споредете го ова со зборовите на светиот апостол Петар:

"А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!” " (Дела 10:26, Библијата)

Епа ако телесно живиот апостол Петар го уркоил Корнелиј затоа што овој му се поклонил, тогаш зошто православието не учи како да се поклонуваме пред нивните икони и да ги целиваме?
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Jas sum Gospodar Bog tvoj, NEMOJ da imas drugi bogovi osven Mene!!!

Analizirajte dobro sto veli Boga vo vtoriot del "Nemoj da imas drugi bogovi osven Mene"

Bog ni veli, NEMOJ DA IMAS DRUGI OBOZAVANI OSVEN MENE.

Pa potoa vto vtorata Bozja zapoved:

Nemoj da pravis slika od toa sto e vo neboto, zemjata i vodata.

Znaci avtomatski zabraneto e da pravime idoli, posrednici. A tuka spagaat i svetcite...

Zosto da mu se molam na svetec da mi pomogne, koga direktno mozam da se povrzam so mojot Sozdavatel, Semokniot, Edniot i Edinstveniot Bog, koj sve slusa, sve znae, koj e Prv bez pocetok i Posleden bez kraj.

E ova ti e cisto idolopoklonstvo.

Cel zivot ide vo crkva, se moli na sliki, mrtvi luge i nikogas ne gi dignal racete i samo na Boga da mu se moli!
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Чорбаџија, сите овие работи што си ги спомнал, се спомнувани и прашувани 1000 пати на овој форум.

Никогаш не се одговорени зошто така постапуваат во православната црква.
Зошто не сакаат да увидат дека толку многу грешат што се поклонуваат пред икона и што се молат на Богородица и други светци.
Зар православната црква како христијанска заедница не ја има и застапува Библијата, или пак ја застапува ама само тоа што ним им одговара, а останатото сами си го измислуваат и го вкоренуваат како такво.

Овде лежи клучот на искреноста, колку е подготвена Православната црква да ја застапува Библијата, да ја исполнува, да ја прикажува вистината на народот каква што е напишана во Светото писмо, како што пишал Господ Бог, а не ние луѓето да си измислуваме и да си ставаме некои правилници, цени,закони и правила.
До кога ќе играме улога на богови?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom