Исклучена струјата во „Силмак“

  • Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување
B

Borg_Drone

Гостин
Мислиш ли дека е во ред некој да не сака да игра по правилата кои важат за сите и да уценува со отпуштања?
Па што да прави кога струјата му е исклучена......
Додуша се согласувам со законов кога ќе размислиш логички добар е, ама требаа да направат некаков план за тие вработени што беа таму....

Вака да се остават на улица мислам и дека не е баш најдобро.....
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.197
Поени од реакции
12.101
Стварно за никаде оваа владава. Наместо како досега, граѓаните да плаќаат дебели пари за Силмак да се снабдува со ефтина струја и да се богатат 2-3 газди, овој потег на општата јавност и смета.

Јас немам намера да плаќам поскапа струја за Силмак да добива не знам колку години по ред џабе струја, со цел да биде "стимулиран во производството". А вие? Па така ни во комунизмот не беше бе.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Јас се согласувам со тоа што го викате.Лош инвеститор не викам не.
Ама требаше владата барем некаков план да направи за вработените што се во Силмак да ги пренасочи на други работни места во други фабрики.Да не се остават на цедило , не е само да се даде клоцата и ајт кој ти .... матер...:(
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Па што да прави кога струјата му е исклучена......
Додуша се согласувам со законов кога ќе размислиш логички добар е, ама требаа да направат некаков план за тие вработени што беа таму....

Вака да се остават на улица мислам и дека не е баш најдобро.....
Ама сепак е најглупав потег на владата!!!?????:smir::helou:
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098

Планот за вработените и општо за целиот комбинат си го прават менаџерите и сопствениците на комбинатот. Државен да не е комбинатот па владата да му бере гајле? Абе во кое време живеете или ви се поматил умот?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ама сепак е најглупав потег на владата!!!?????:smir::helou:

Добро и јас малце избрзано го напишав тоа:(

Сакав да кажам глупо е тоа што не направи некаков план да се префрлат работниците на други работни места во други фабрики..
зошто да се остават на улица ....
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Со оглед на тоа ако се „ракреваат“ газдите на „Силмак“ парите од струјата ќе останат,па би се нашло некое решение за работниците.А и мислам дека таков капацитет нема да остане многу време без работа.Ако не сакаат тие,сигурно ќе сака некој друг да го работи и по пазарна цена на струјата.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ама ај да се обложиме дека и покрај тоа што кукаат,пак ќе работат за некое време,со пазарна струја,или со некое друго решение.Доста ги доевме!
Може евентуално ако ЕЛЕМ им ја продава струјата и тоа по ниска цена..

Ама има еден проблем тука.
Другите ќе речат зошто и нас не не третирате како што го третирате инвеститорот на Силмак:smir:
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Може евентуално ако ЕЛЕМ им ја продава струјата и тоа по ниска цена..

Ама има еден проблем тука.
Другите ќе речат зошто и нас не не третирате како што го третирате инвеститорот на Силмак:smir:
Штом до сега на му попуштија на Силмак,не верувам дека тоа ќе го сторат во овој момент,така да не би требало да дојдеме во таква ситуација.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Сакав да кажам глупо е тоа што не направи некаков план да се префрлат работниците на други работни места во други фабрики..
зошто да се остават на улица ....
Друже, ти бе стварно даваш некои нирвана идеи кои во пракса ни во комунизам не би можеле да се спроведат. Прво, никој нема обврска да му наоѓа работа на никого во друга фабрика доколку фабриката рикне, а уште помалку доколку тоа се случи поради тоа што газдите си играат курташак и не се прилагодуваат на условите на пазарот. Ниту е фабриката во која што работат државна, ниту па другите (замислени фабрики за "префрлање" се државни).

Тргни самиот од себе хипотетички да имаш ти фабрика. Може владата да ти нареди тебе да згрижиш во твојата фабрика работници со сила, кои не ти требаат и да им делиш плата само за да не останат на улица бидејќи нивните газди си играат курташак, фабриката им рикнала и останале без работа? Ќе ги примиш?

Бекап план...хих...

Незнам шо толку филозофии, едноставно е:

- нови правила на игра на енергетскиот пазар
- Силмак си игра курташак и не го боли уво да почне да игра според нив
- Силмак нема струја - последица на претходните две.

Просто како грав.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Штом до сега на му попуштија на Силмак,не верувам дека тоа ќе го сторат во овој момент,така да не би требало да дојдеме во таква ситуација.
Не јас знам дека нема да попуштат затоа и реков АКО попуштат другите инвеститори ќе се бунат и ќе стане хаос.....

Како и да е постои варијантата Силмак да го вратат швајцарските газди на државата и евентуално да почне да работи некое време под капа на државата, па после да распишат тендер за продажба...

Но не требаше тие луѓе да се остават на улица тоа ми е најмногу жал.Место да се зголемува вработеноста(оваа влада сепак направи досега многу добри работи за државата) оваков кикс со работнициве не им требаше..

Башка им удира на рејтинг а и плус тоа, сега кој ќе ја слуша Рада и кој ќе го слуша Буле:(

Има да лаат додека не му заврши мандатот на Гвујо.....

Требаше привремено да ги пренасочат на работа во некои други фабрики да не останат на улица........некаков Backup plan:smir:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Друже, ти бе стварно даваш некои нирвана идеи кои во пракса ни во комунизам не би можеле да се спроведат. Прво, никој нема обврска да му наоѓа работа на никого во друга фабрика доколку фабриката рикне, а уште помалку доколку тоа се случи поради тоа што газдите си играат курташак и не се прилагодуваат на условите на пазарот.
Друже лесно е да зборуваме јас и ти, ама стави се под кожата на работникот.....
Како тоа владата нема обврска да ти најде работа тогаш Заводот за вработување за што постои??

А и кога ќе ти зависи парчето леб од таа работа да видам дали овака ќе зборуваш...

Лесно е сега вака да се збори, но стави се под кожата на работниците...
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Како тоа владата нема обврска да ти најде работа тогаш Заводот за вработување за што постои??
Државата воопшто нема никаква обврска да ти најде работа, а најмалку ако ја изгубиш пошто твоите газди си граат со државата. Нааебавме сите ако чекаме од државата да ни тропне на врата дома со покани за работа. За жал, многумина сеуште живеат во некој таков филм и чекаат...

Кој курац фактор е Силмак за него да не важи обврската за склучување договор за набавка струја по пазарна цена и да игра со уцени од типот на "работниците ќе останат без работа" ако не ни направите отстапки, пошто ние сме над правилата и правилата не важат за нас?

На крајот од краиштата, мене ме здоболе за Силмак, за неговите газди и за работниците колку што и нив ги боли за мене кога јас се соочувам со проблеми во моето работење.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Borg_Drone.....toj problem se resava ...vo normalni drzavi so zajaknata socijala, sekoj otpusten od rabota nekoe vreme dobiva plata, potoa postojat milion formi na prekfalifikacija, postojat formi na direkno subvencioniranje na samovrabotuvanje , se stimuliraat rabotodavacite da vrabotuvaat...inaku pak sme vo SOCIJALIZAM.
Sto se odnesuva do Silmak....mislam deka od prviot moment toa e GOLEMA GLUPOST.. pa i vo bivsa YU Jogunovce bese suplivo vo prazno...strujata potrosena da se prodavase ke se zarabotuvase poveke, za zagaduvanjeto ..pokraj drugoto i na edno od retkite po kolicina izvorista na voda za pienje, ako ne i vo Evropa da ne zboruvame........
 
B

Borg_Drone

Гостин
Државата воопшто нема никаква обврска да ти најде работа, а најмалку ако ја изгубиш пошто твоите газди си граат со државата. Нааебавме сите ако чекаме од државата да ни тропне на врата дома со покани за работа. За жал, многумина сеуште живеат во некој таков филм и чекаат...

Кој курац фактор е Силмак за него да не важи обврската за склучување договор за набавка струја по пазарна цена и да игра со уцени од типот на "работниците ќе останат без работа" ако не ни направите отстапки, пошто ние сме над правилата и правилата не важат за нас?

На крајот од краиштата, мене ме здоболе за Силмак и за работниците колку што и нив ги боли за мене кога јас се соочувам со проблеми во моето работење.

За газдите тоа што го збориш ќе те разберам и мене не ми е гајле за нив.И се согласувам со тоа што го викаш за струјата ...

НО

Не правам муабет за газдите и за струјата на Силмак.Зборам за работниците....

Зошто работниците да се остават на улица.....зошто да не се направи некаков план...знаеш ли колку невработувања има во државата..

И да уште нешто чим не те боли за работниците тогаш не очекувај да тргне нешто во државата сите ќе не зафркаваат зошто не сме обединети и гледаме само за нашиот гз...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom