Инџилот

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Pa zapovedano ti e da se pridrzis ko nego (Indjilot),no onoj koj mu bil objaven na Isa. a.s (isus) a ne onoj sto go iskrivil Pavle!!
Епа како да се придржувам до него, кога вие велите дека бил уништен уште во времето на Павле?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Епа како да се придржувам до него, кога вие велите дека бил уништен уште во времето на Павле?
Фино лепо ќе го отвориш Кур'анот од неговата прва страница и ќе почнеш да читаш од првото негово поглавје кое што се вика Фатиха (Отвор) каде убаво ќе го замолиш Бога да те упати на правиот пат, на патот на оние на кои им ја подарил Својата Милост, а не на патот на оние кои против Него ја предизвикале лутината, ниту на патот на оние кои што залутале и на Бога му припишале ортак, па од Него направиле Тројца, небаре се компанија, па така низ неговото продлабочување ќе се запознаеш со вистинската порака и Божја Објава дадена на Муса ( Мојсеј ) и Иса (Исус), па ќе поминеш неколку вечери во Богослужба и Молитва, за Бог да ти ги отвори видиците и еднаш засекогаш да сфатиш дека Тој е Еден, Отсекогаш и Засекогаш, Не родил, ниту Е роден, и никој и ништо Нему не му е рамно ниту слично.

Кога вистински ќе го осознаеш Монотеизмот, ќе сфатиш дека Инџилот на Иса а.с. (Исус) не е оној кој секојдневно го земаш да го читаш, поготово не во оној дел каде му припишувате на овој Божји великан нешта кои не му доликуваат , а кои никогаш тој самиот за себе не ги спомнал. После тоа искрено од длабочината на твоето срце ќе донесеш Теубе (покајание) и ќе почнеш да го обожуваш Вистинскиот Бог!

Само на таков начин можеш да го најдеш Инџилот на Иса ( Исус), Аллаховиот мир и спас да е врз него.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Помалку филозофирање, повеќе аргументирање молам :)
Тевратот и Инџилот се книги и тие книги не се дел од Кyранот. Според Исламот, Тевратот му бил објавен на Муса, Зебурот на Суљеман, Инџилот на Иса, Кyр'анот на Мухаммед. Тоа се четири различни книги. Тоа што во Кyранот се спомнуваат Муса и Иса и некои нивни изјави, тоа не значи дека тоа се Тевратот и Инџилот. Впрочем, кога би ги извадиле сите нивните реченици би добиле по неколку реченици од Муса и неколку од Иса, едвај една цела страна сите заедно. Тоа не се книги. Тевратот и Инџилот се други книги, надвор од Кyранот.

Вие велите дека Тевратот и Инџилот се уништени/изменети во времето на Павле. Мухамед во 7 век вели следбениците на книгата да се придржуваат до нив. Но, прашањето е: како да се придржуваат до нив ако тие биле уништени/изменети?
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1

Ама ти дефинитивно ништо не разбираш. Што беше Инџил ? Што викаше Иса а.с таму ? Верувајте во еден Бог, на кого никој и ништо не му е слично. Што беше Теврат ? Што викаше Муса а.с таму ? Верувајте во еден Бог на кој никој и ништо не му е слично. Што е Куранот ? Што вика Мухаммед с.а.в.с таму ? Верувајте во еден Бог на кој никој и ништо не му е слично.
Куранот ја носи истата порака како и претходните книги, затоа кој го чита Куранот се придружува и до Теврат и до Инџил. Истата порака е таа. Тоа е една книга.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
До сега не сум сретнал муслиман што тврдел дека Тевратот, Инџилот и Кyранот биле една книга. Сите муслимани велеле дека тие содржеле една порака, но не и дека биле една книга.
Кyранот е објавен во 7 век, овие се објавени порано. Не може да се една книга. Не знам дали се зезате или сериозно вие ова? :)
 
Тоа е иста книга која содржи иста порака. Дали треба детално да ти објаснам ? И претходните книги ја содржеле истата порака. Значи се работи за иста книга која е објавувана во различни периоди. И за разлика од другите како што вети Аллах, Куранот ќе си остане непроменет и неизобличен, неискривен до судниот ден.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Тоа е иста книга која содржи иста порака. Дали треба детално да ти објаснам ?
Не треба детално да ми објасниш, туку треба подетално да го прочиташ Кyранот, кој вели:

" О верници, верувајте во Аллах, и во пејгамберот Негов и во Книгата која ја објави на пејгамберот Свој и во секоја книга која ја објави порано." (Сура Ен-Нисаа 4:136)

Значи еве повторно доказ дека постојат повеќе книги кои Аллах ги објавил, а не само една книга.
Исто така во овој ајет гледаме дека Мухамед ги повикува верниците да веруваат во порано објавените книги.
Но повторно истото прашање: Зошто Мухамед, во 7ми век, ги повикува верниците да веруваат во порано објавените книги, ако тие биле уништени или изменети најдоцна до Павле (1 век)?
 
Треба детално да ти објаснам да. Во моментот кога ќе се придружиш кон Куранот се придружуваш кон останатите книги. Бидејќи таа книга ја содржи истата порака како претходните.
" О верници, верувајте во Аллах, и во пејгамберот Негов и во Книгата која ја објави на пејгамберот Свој и во секоја книга која ја објави порано." (Сура Ен-Нисаа 4:136)
Самиот Ајет ти кажува дека за да веруваш во Куранот треба да веруваш и во книгите кои им беа дадени на другите Пејгамбери Алејхи Селлам. Кои ја носат истата порака како Куранот. Ако во другите книги пишело дека Аллах е еден и не личи на ѓорѓи колозов, тоа и во Куранот го пишува. Истата порака ја носеле сите книги.

Убаво да спиеш чорбаџи пази што сонуваш. Чао
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Druze, gi procita li ubavo ajetite od Koran sto ti gi napisav?! Osobeno posledniot post. Toa e stavot na Koranot za Hristijanite ( Muslimanite na Isus a.s. koi go zgresija patot )
Na Isus sledbenicite se hristijani, otsekogas bile hristijani i sekogas ke ostanat hristijani. Muslimani od 7 vek pa natamu. Hristijanite go videle Hristosovoto voskresnuvanje i seuste veruvaat vo toa voskresnuvanje koe vie go negirate. Muslimanite na Isus, toa da zaboravis, so dolzna pocit...
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400

Муслиман значи да си покорен на Бога, сите следбеници на Иса а.с биле покорни на Бога, а не на него. После еден век по Иса а.с. дошол Павле кој проповедал Христијанство, заедно со Константин.Вие сте следбеници на Павле.
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Na Isus sledbenicite se hristijani, otsekogas bile hristijani i sekogas ke ostanat hristijani. Muslimani od 7 vek pa natamu. Hristijanite go videle Hristosovoto voskresnuvanje i seuste veruvaat vo toa voskresnuvanje koe vie go negirate. Muslimanite na Isus, toa da zaboravis, so dolzna pocit...

Иса а.с бил Муслиман. Муслиман значи верник во Бога. И проповедал Ислам, Ислам занчи покорност кон Бога. А вие не сте негови следбеници, вие верувате во многубоштво. Иса а.с на судниот ден ќе се срами од вас. Тој е наш Пејгамбер не ваш. Вие за него сте само следбеници на Павле кои биле изманипулирани.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
" О верници, верувајте во Аллах, и во пејгамберот Негов и во Книгата која ја објави на пејгамберот Свој и во секоја книга која ја објави порано." (Сура Ен-Нисаа 4:136)
Самиот Ајет ти кажува дека за да веруваш во Куранот треба да веруваш и во книгите кои им беа дадени на другите Пејгамбери Алејхи Селлам.
Но како да верувам кога вие велите дека тие се изгубени? Зошто Мухамед рекол да веруваме и да се придржуваме до нив кога тие наводно се изгубени, изменети од Павле?
Зошто Мухамед не рекол на пример вака: "Баталете ги предходните книги затоа што злосторникот Павле ги измени и верувајте и придржувајте се САМО ЗА КYРАНОТ"
Зошто Мухамед би не наведувал да веруваме во изгубени или изменети книги? Зарем намерно би не поттикнувал во заблуда?

--- надополнето ---

После еден век по Иса а.с. дошол Павле кој проповедал Христијанство, заедно со Константин.Вие сте следбеници на Павле.
Павловите посланија се пишувани во периодот од 50-60 година од нашата ера, а тоа е само 20 години после Христовата смрт. Значи не се работи за еден век, туку за 20 години :)
Павле бил во заедништво со другите апостоли и проповедал иста вера како и нив. Но темата тука не е Павле, туку Инџилот и затоа ќе ве замолам да ја префрлите оваа дискусија на друга тема.
Инџилот... мистериозниот Инџил..
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Но како да верувам кога вие велите дека тие се изгубени? Зошто Мухамед рекол да веруваме и да се придржуваме до нив кога тие наводно се изгубени, изменети од Павле?
Зошто Мухамед не рекол на пример вака: "Баталете ги предходните книги затоа што злосторникот Павле ги измени и верувајте и придржувајте се САМО ЗА КYРАНОТ"
Зошто Мухамед би не наведувал да веруваме во изгубени или изменети книги? Зарем намерно би не поттикнувал во заблуда?

Па зошто Мухаммед с.а.в.с да каже баталете ги другите книги, само мојата е важна ? Мухаммед с.а.в.с кажал дека еден од условите за да бидеш Муслиман е верување во овие книги и придржување кон истите.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па зошто Мухаммед с.а.в.с да каже баталете ги другите книги, само мојата е важна ? Мухаммед с.а.в.с кажал дека еден од условите за да бидеш Муслиман е верување во овие книги и придржување кон истите.
Епа тоа прашувам бе пријателе, како да се придржуваме до нив кога вие велите дека тие не постојат денес, дека биле изгубени или изменето во времето на Павле?
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Епа тоа прашувам бе пријателе, како да се придржуваме до нив кога вие велите дека тие не постојат денес, дека биле изгубени или изменето во времето на Павле?
:pos2: Со должна почит чорбаџијо дали ти тераш инает ? Можеби сум грешка. Дали јас кажав во претходните постови дека Куранот е исто што и Инџилот и Тевратот ? Кога ќе се придржиш до Куранот и до другите книги се придржуваш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom