Инџилот

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Според муслиманите, Инџилот е книгата што му била објавена на Иса.
Оваа тема ја посветувам за во неа да подискутираме малку за оваа мистериозна книга.

Што се случило со оваа книга? Дали муслиманите имаат одговор на ова прашање?
 
T

Tetro

Гостин
Според Кyранот, Инџилот е објавата на Алах до пејгамберот Иса.

По трагите нивни ние го испративме Иса, синот на Мерјем, потврда за она што беше меѓу нив во Теврат и му објавивме Инџил.
(Сура 5:46)
Според горниов ајет тој е објавен во 1ви век.
Неговото значење за Исламот е огромно, бидејќи тој, според муслиманите, е Аллахова објава, божји збор.

Но, според друг ајет Инџилот е објавен уште во времето на Мојсеј, а можеби и пред тоа.

(Мојсеј го моли Аллах, а тој во одговор, покрај другото, му вели...
Оние кои го следат гласникот пејгамбер, кој не знае да пишува и да чита, кого го наоѓаат спомнат кај нив - и во Теврат и во Инџил - и кој им наредува добро и кој им забранува зло...
(Сура 7:157)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А што се случило потоа со Инџилот? Каде е тој сега? Дали бил изгубен, изменет, скриен или пак повторно вратен на Небото?
 
T

Tetro

Гостин
Види вака:
Сите такви "книѓи", афтентични секоја на свој начин, се базирани на една книга само, која е темел на сите современи релиѓии, со исклучок на некои од поновите (како Рон Хабард). Така да, таа "книга", можда и никогаш не постоела. :toe:
 
Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Инџилот или Библијата или евангелиите спрема наше верување е Објавен на Иса (алејхиселам) или вие како што велите Исус ,Инџилот нема никаква важност за муслиманите затоа што веруваме дека изменет од страна на лугето изгубен или уништен.Колку ,што не знаеме ,можеби и
постои некој ајет што е од Бога даден ,кои се тие со сигурност никако никој не може да кажува, но има некои ајети кои се сложуваат ,ако не потполно ,поради ова причина секој муслиман е должен ако му се укажува прилика да дојде до Библијата ,да го пази ,токму поради наведените разлози.

Ова е наше тврдење во која нема сомнеж дека за муслиманите не важи. Сега ,да видиме вашето мислење .Вие тврдите дека Библијата не е даденоод страна на Бог на Исус , и дека целата Библија имаат напишано Апостолите и тоа инспирирани од Бог ,така?
 
Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
претпоставувам дека одговорт ке е да (не верувам дека обратно мислите)би констатирал вака:

-Муслиманите веруваат дека е објавено на Иса а.с како книга по име Инџил
-Христијаните веруваат дека на Исус воопшто не му е објавено книга по име Инџил
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Инџилот нема никаква важност за муслиманите затоа што веруваме дека изменет од страна на лугето изгубен или уништен.
А кога е изменет, изгубен или уништен? Се знае ли приближно времето кога му се случило тоа на Инџилот? 1 век? 2 век? 3 век? Во времето на Константин можеби? 5 век? или 6-7 век?
 
T

Tetro

Гостин
А кога е изменет, изгубен или уништен? Се знае ли приближно времето кога му се случило тоа на Инџилот? 1 век? 2 век? 3 век? Во времето на Константин можеби? 5 век? или 6-7 век?
можда и никогаш не постоело вакво нешто. од кај да знаеме? :toe:
 
Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
Таа книга би требало да е уништена, бидејќи знаеме Павле што направи со Библијата а Инџилот е спротивен на неа !!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Таа книга би требало да е уништена, бидејќи знаеме Павле што направи со Библијата а Инџилот е спротивен на неа !!
Ќе се воздржам од дискутирање на "Павле и Библијата".
Ме интересира, кога бил уништен Инџилот? 1 век? 2 век? 3 век? Во времето на Константин можеби? 5 век? или 6-7 век? Или и него Павле го уништил?
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Ќе се воздржам од дискутирање на "Павле и Библијата".
Ме интересира, кога бил уништен Инџилот? 1 век? 2 век? 3 век? Во времето на Константин можеби? 5 век? или 6-7 век? Или и него Павле го уништил?
Одговор кога и како бил уништен Инџилот нема да добиеш, не чекај за џабе Чорбаџија!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
баш побарав да видам шо е работава шо се одбегнува темава ..
на друг форум .. (исламски центар) Пикасо .. кајганџијата :) го поставил истово прашање ... и после многу заобиколувања .. доби одговор .. дека Го Нема Инџилот :) иако не ни знам шо е тоа ..
 
Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Ќе се воздржам од дискутирање на "Павле и Библијата".
Ме интересира, кога бил уништен Инџилот? 1 век? 2 век? 3 век? Во времето на Константин можеби? 5 век? или 6-7 век? Или и него Павле го уништил?
немаме точни информации ,кога бил уништен или изменет .
за тие што не разбираат да повторам.

Инџилот -Библијата за разлика од христијаните, муслиманите велат дека е даден преку објава на Иса (а.с) то ест Исус , а пак христијаните велат дека на Исус не му е објавено никаква Библија ,дека Библијата и самите велат дека е напишан после Исус ,првиот инџил е напишана скоро 3 децении после Исус .
Единствено само исламот потврдува постоел книга по име Библија,но после деградирана или уништена,ниедна друга религија ова не го потврдува .
 
Интересно ..
Можно е да има врска со денешната Библија?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Христијаните велат дека Исус проповедал Инџил (Евангелие), а дека евангелистите ја запишале таа Исусова порака (и тоа не еден, туку четворица од нив). Христијаните имаат најдено стотици рани ракописи од нивниот постоечки Инџил, ракописи кои датираат од само неколку децении после Исусовата смрт, а имаат вкупно околу 25.000 ракописи кои биле во употреба од 1ви до 4ти век. Сите овие христијански ракописи, со мали незначителни варијации, се идентични со евангелијата кои ние денес ги имаме во Новиот Завет.
значи христијаните имаат една педантна историска документираност на објавата т.е. пораката што ја проповедал Исус.

Но што е со мистериозната исламската книга "Инџил" за која што муслиманите тврдат дека му била објавена на Иса? Зарем е можно така без трага да исчезне од историјата таа Аллахова објава? Се знае ли барем кога исчезнала? Имало ли период кога била присутна во историјата? Може ли да се рече дека постоела барем од 1 до 2 век? Или од 4 до 5? Или пак постоела само додека постоел Иса, па потоа тој си ја земал при Неговото заминување кај Аллах?
Зарем е можно да нема никаква трага во историјата од оваа мистериозна "Аллахова објава"?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom