Инциденти на изборите

A

Ali Pasha

Гостин
Ако толку си ја сакаш Еу, еве повели замини си еве ти ја Албанија до нас, ни визи ни бутур ти треба продај се шо имаш во Македонија(нашата златна татковина) и замини си во Европска Албанија, шо чекаш???Јас лично патот ќе ти го платам и одбор за испраќање како во ЈНА ќе ти виканам.:helou:
Еве и за тебе истото:
Ох колку сте предвидливи, мали суштества :tapp:
Ali Pasha; напиша:
...Обидете се, без да бидете саркастични и со невкусна смисла на хумор да дебатирате, дали НИЕ сакаме да влеземе во кругот на Демократските ЕУ земји.
 
A

Ali Pasha

Гостин
Па зошто правиш такви споредби?

Никој не негира дела имаше инциденти на 20 места, но за тоа сте вие криви. Да го цитирам Сердарот тука...



А за другото, јас сваќам, само ти треба да сватиш дека човек кој се осмелил да посегне по оружје има можност и да лаже. Знам дека е тежок скок од убиство до лага, ама можно е. :kesa:
Споредбата е направена, алегорично за да разберете дека треба да се протестира, а не да се преќути (тоа вие го правите).
На дваеесет места имаше прекин на гласањето, а ма 200 места во тетовско и гостиварско, имаше груби прекршувања на изборниот процес. Жими се не знам дали е толку тешко да разберете или е потребно да ви се црта па тек тогаш да разбирате. Кажи ми ти мене како би го бранел твојот глас, ако знаеш дека ти бил злоупотребен. Јас само вака знам, со пишување. Некои други пробале и со калашникови, но и на ним очигледно не им успеало. Кажи ми, ако стварно мислиш дека можеби имаш решение, бидејќи ова состојба се вика фрустрирање - состојба на спреченост да направиш нешто кога очигледно е направена неправда.
И те молам поштеди ме од одговори како на некои малоумни суштества од погорните постирања
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
А што ако јадеш бокс од некој насилник, и одиш да се жалиш кај директорот или психологот, и тој ти удира шамар со образложение дека ти си виновен дека си го гледал криво
п.с. алфите беа од албанска националност
Тогаш има над директорот надреден. И знам сега ќе речеш нема повисоко од влада. ГРЕШКА, системот на кој функционира државава а и секоја друга во светов е таков да нема највисоко поставен, највискоко поставен има само во земји со диктатор, а македонија не е таква.
Имено не знам дали морам тоа да го повторувам по не знам кој пат, владата не е најмоќна, владата е во основа најслабата власт од стие три во државата, ама сепак сите три се поставени асиметрично едни кон други, па така над владата односно извршната власт е законодавната власт или собранието и правосудната власт односно судовите, и мора да се искористата и двете надредени власти за контрола на владата. Знам имам корумпирани судии, ама не се сите, и знам дека целиот процес е долготраен и напорен, ама мора да се издржи и да се извади правдата на виделина бидејќи само со форсирање да се решат проблемите преку начинот на кој системот треба да функционира, ќе може да фати самиот систем ред и ќе почне да функционира.

Инаку Р.Ѕ. от се гледа каде е проблемот со дел од алфите, знчи не правите грев да ја обвинувате целата единица, доволно е да извадите докази и тие ќе бидат санкционирани, ако не ти текнува минатата година имаше инцидент со ЕБР единицата во дискотеката процес, и погледни што се случи, имено сите што учествуваат беа судени и добија казни, правдата беше исполнета и туак стануваше збор за македонци, значи кога може кај македонците може и кај албанците алфи тоа да се спроведе само требаат докази, и упорност и ќе излезе се на површина.
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Еве и за тебе истото:
Ох колку сте предвидливи, мали суштества :tapp:
Абе ајде мали суштества велиш, епа треба да погледнеш поубаво кој се малите суштества овде кои нија реметат државата.
 
A

Ali Pasha

Гостин
Знам многу добро како треба By the book, ама верувај тоа нема врска во реалноста. Во овој случај треба да ја ризикуваш твојата кариера, твојот секојдневен живот, па дури и животот во буквална смисла на зборот.
Македонија нема диктатор, но Груевски му дозволи на Тачи да биде мал диктатор на еден дел од земјата, каде што случајно живеам и јас. Сега дали ти се појаснува сликата?
п.с. Благодарам за конструктивните реплики
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Знам многу добро како треба By the book, ама верувај тоа нема врска во реалноста. Во овој случај треба да ја ризикуваш твојата кариера, твојот секојдневен живот, па дури и животот во буквална смисла на зборот.
Македонија нема диктатор, но Груевски му дозволи на Тачи да биде мал диктатор на еден дел од земјата, каде што случајно живеам и јас. Сега дали ти се појаснува сликата?
п.с. Благодарам за конструктивните реплики


Едно не ми е јасно, цело време си ја подавате топката, едните Тачи другите Ахмети???? Ќе се најде ли маж од ваша старна да излезе и да си ја преземе вината, кој е виновен машки е да признае, а не како жена да се крие по фустан.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Еве и за тебе истото:
Ох колку сте предвидливи, мали суштества :tapp:
Абе ајде мали суштества велиш, епа треба да погледнеш поубаво кој се малите суштества овде кои нија реметат државата.
Со меѓусебни навреди никаде не стигнуваме, само сите ќе се испоколеме, и сите ќе отидеме јабана ради вжештени глави.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Еве ви уште еден доказ дека не целата полиција корумпирана и раководена од некои си „војводи“

Дневник напиша:
ПО ИЗБОРНИТЕ ИНЦИДЕНТИ
И полицајци меѓу уапсените


Меѓу уапсените 28 лица за изборни инциденти има двајца полицајци и еден поранешен висок функционер на МВР
МВР привело 28 лица и трага уште по осуммина осомничени за замешаност во завчерашните изборни инциденти во кои еден загина, а осум беа ранети, но досега нема преземено мерки за пукањето на победничките прослави во Тетово и во Скопје. Двајца од уапсените се полицајци, а еден е поранешен висок функционер на МВР.Автоматски пушки, пиштоли, рачни бомби и гранати за рачен ракетен фрлач биле запленети кај кондовецот Агим Красниќи и неговата осумчлена банда, кои биле уапсени завчера на планината Китка. Кондовците вчера беа однесени пред истражен судија, осомничени за злосторничко здружување, спречување на гласање, недозволено држење оружје и неовластено производство на дрога. Портпаролот на МВР, Иво Котевски, изјави дека, по гласањето, единствен посериозен инцидент се случил во Сопот, кога непознати лица го одзеле избирачкиот материјал. Завчера во повеќе од 30 избирачки места биле регистрирани прекини на гласањето и нарушување на избирачкиот процес, што е околу 1,5 отсто од вкупниот број избирачки места во земјава.Полицијата ги утврдила и напаѓачите што завчера пукаа кон полицијата во селото Арачиново. - Насер Ајвази загина, а еден од напаѓачите беше приведен и однесен пред истражен судија. Против него е поднесена кривична пријава за убиство во обид, предизвикување општа опасност, спречување избори и гласање и недозволено држење оружје - рече Котевски. За вооружениот инцидент во Арачиново биле осомничени уште седум лица од Танушевци, од Скопје и од Арачиново и по нив е распишана потерница. МВР тврди дека поднела кривични пријави против две лица што ја почнале вооружената престрелка во ОУ „Даме Груев“ во Чаир, а ги идентификувала и другите учесници во инцидентот во кој имаше петмина повредени граѓани. Полицијата трага и по групата што пукала кон полициско возило во близина на штабот на ДУИ во Скопје.Досега нема приведени за прославите во Скопје и во Тетово, кога симпатизери на победничките партии славеа со истрели. МВР најостро осудува каква било употреба на оружје и ќе преземе најригорозни мерки против лицата што стрелаа. Апелираме до политичките партии и до лидерите да го искористат авторитетот и да ги смират страстите, а МВР ќе ја заврши својата работа - вели Котевски. Тој рече дека МВР ќе побара одговорност од секој полицаец за кого ќе добие поплака дека не реагирал на пукањето на прославите.
Повредените во стабилна состојба
Пациентите што беа повредени во завчерашните инциденти се во добра здравствена состојба, информираат од Градската болница. И лицето со сериозна повреда на стомакот, кој беше опериран, закрепнува и засега е надвор од животна опасност, а наскоро ќе биде префрлен на одделението за абдоменална хириругија - изјави вчера директорот на Градска болница, Виктор Камиловски. Уште двајца пациенти со прострелни рани добиени за време на инцидентите во Чаир, биле оперирани завчера во оваа установа. Куршумите се извадени, а оперираните се во добра здравствена состојба - вели Камиловски. Двајца од седумтемина повредени пациенти, кои во неделата беа хоспитализирани во болницата, вчера биле пуштени на домашно лекување. (Љ.Б.)
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Не знам зошто, ама ова со Агим Красниќи и неговата банда ми изгледа како добро изрежирано ТВ спотче ...
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Не знам зошто, ама ова со Агим Красниќи и неговата банда ми изгледа како добро изрежирано ТВ спотче ...
Можеби поради тоа што тоа што го виде беше на ТВ.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Да Красничи е изрежиран и веќе му се готви затвор во режија.
Што праиме со ДУИ, има некој терорист таму или сите се интелектуалци ?

Господа Албанци, браќа, нашите дедовци беа пример на соживот, како треба да живеат 2 етноса.
Си ги почитуваа разликите, си се канеа на бајрам, на велигден на празник, за убаво за арно.
Европа сето тоа пробува на хартија да го напише и нема никогаш да го напише, требаш да имаш срце чисто и голема душа.
2001 година ни улета некој од страна и ни кажа, не така, овака треба.
Денеска во саботата после 7 години гласаа повторно еден ден порано внатрешно раселените лица.
ВНАТРЕШНО РАСЕЛЕНИ ЛИЦА, 7 години после конфликтот.
Зошто ?
Кој го направи тоа ?
А нашите дедовци што со нив ?
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Можеби поради тоа што тоа што го виде беше на ТВ.
Ама овие на ТВ го скратија спотчето, па не ја видов одјавната шпица, да видиме кои се: режисер, сценарист, костимограф, продукција, спонзори ...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Хехе ко од молерисување да се враќаа :)

Или правеле некој...хируршки зафат.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Далеку од тоа дека сме земја која што може да се спореди со нацистичкото владеење, но ти како и многумина македонци одбиваш да прифатиш ( и протестираш), дека ова што се случи не врати голем чекор назад, благодарение на непромислените чекори на власта, да замижи пред теророт на „хунтите“ само за некои потесни интереси. Јас сакам да ја гледам Македонија еден чекор напред, за мое добро, не за доброто на македонците, албанците, Груевски, Амети,Тачи, Шеќеринска.... ЈАСНО ТИ Е СЕГА?
брат....ние македонците `протестираме` на секои избори.знаеш како?!
со гласање без оружје.а тоа што 90% албанците спијат со оружје `под перница` тоа си е нивни проблем.
и значи...да не се заборави....
УБИЕНИОТ ЗАГИНАЛ ВО ПРЕСТРЕЛКА СО ПОЛИЦИЈАТА.ЗНАЧИ ПУКАЛ КОН ПОЛИЦИЈАТА...што мислел тој,дека ова е 2001 година па полицијата не смее да му врати?
 
A

Ali Pasha

Гостин
брат....ние македонците `протестираме` на секои избори.знаеш како?!
со гласање без оружје.а тоа што 90% албанците спијат со оружје `под перница` тоа си е нивни проблем.
и значи...да не се заборави....
УБИЕНИОТ ЗАГИНАЛ ВО ПРЕСТРЕЛКА СО ПОЛИЦИЈАТА.ЗНАЧИ ПУКАЛ КОН ПОЛИЦИЈАТА...што мислел тој,дека ова е 2001 година па полицијата не смее да му врати?
Мене ми се скршија забите, упс се извинувам прстите, сакајќи да ти објаснам дека многу албанци сакаа да „протестираат“ со гласање, ама не им беше дозволено, а ти пак истото ...тоа си е нивен проблем...
Е не е нивен, бидејќи „главниот воѓа“, Груевски им дозволил така да се однесуваат... е сега проблемот е заеднички... Останавме црна дупка...
Некој се обидел и другачије да протестира, и завршил во земја... Знаеш дека насилници од ДПА се обидоа да вршат нерегуларности во Грушино, и некој бидејќи нема кој да го брани гласот на народот (не ми продавајте „муда за бубурези“ од типот механизмите на државата, бидејќи очигледно дека не функсионираа на денот на изборите), се обидел на ист начин да возврати, и заврши два метра под земја. Сакам да грешам, ама највероватно АЛФИТЕ што пукале, биле и партиски војници на ДПА.
Највероватно, за албанците во Македонија (не знам за македонците) ќе уследи уште една четворогодишна диктатура.
Сме издржале комунизам, па ќе го издржиме и ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom