asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
Владата ги игнорира движењата на инфлацијата веќе 2-3 месеци, затоа НБМ го презеде првиот чекор и ги зголеми каматните стапки на благајничките записи на 5,25 отсто, односно за 0,17 процентни поени - „Мал чекор за македонската економија, но голем за НБМ“
Пред пет дена на насловната страница на „Утрински весник“, преку целата нејзина ширина осамна предупредувачки наслов со големи букви дека во Македонија инфлацијата сега е 9 отсто. Информацијата не беше сосема точна. Инфлацијата во Македонија во моментов е 8,7 отсто. Важноста на насловот беше во тоа дека бар еден медиум во земјава имаше чувство да го објави тоа што Владата, Министерството за финансии и Заводот за статистика го премолчија и го премолчуваат, а другите медиуми со мали букви и на внатрешните страници го одбележаа како техничка информација што не ја анализираа. Во многу демократски држави, ако инфлацијата од 2 отсто наеднаш достигне до фантастичните близу 9 отсто, премиерот и Владата ќе треба да дадат образложение во јавноста, а медиумите таа вест ќе ја третираат како важна. Тоа не се случи во Македонија. Прво, бидејќи нашата власт е тврдоглава за да признае нешто што не им оди во корист, односно таа е алергична на своите неуспеси и бега од нивно соопштување во јавноста. Второ, голем дел од медиумите се преплатени од Владата со нејзините реклами и затоа не можат да бидат доволно критички кон неа и нејзината политика. Трето, независните центри и експерти во земјава се' уште преферираат молк или пак се доволно исплашени за да можат отворено да ги соопштат своите мислења, а апологетите на власта и онака се спремни во секоја пригода да најдат оправдување за случувањата.
Владата ги игнорира движењата на инфлацијата веќе 2-3 месеци и не менува ништо во својата политика. Но, одеднаш, пред два дена, монетарните власти се одважија јавно да соопштат дека таквите инфлациони движења претставуваат закана за стабилноста на економијата и за остварувањето на макроекономските проекции во оваа година. Затоа НБМ го презеде првиот чекор и ги зголеми каматните стапки на благајничките записи на 5,25 отсто, односно за 0,17 процентни поени. Ова може да се опише според онаа славна реченица на Л. Армстронг кога зачекори на месечината: „Мал чекор за македонската економија, но голем за НБМ“. Значи, конечно имаме бар една државна институција што е спремна да се соочи со растечката опасност и да жртвува нешто во корист на некои други поважни и повисоки цели за сите нас. Тоа охрабрува. Особено што ресорниот министер за финансии пред само 2 месеца јавно се замеша во надлежноста и самостојноста на НБМ и преку медиумите правеше притисок врз гувернерот овој административно да ги намали каматните стапки, наспроти економската логика. Очигледно дека министерот многу не го исплашил гувернерот, а вториов си ја работи својата работа. Работите се јасни. Образложувајќи го зголемувањето на каматите, а во одбрана на стабилноста на денарот и неговиот курс кон еврото, НБМ, покрај другото, соопшти дека инфлацијата не е резултат само на растот на цените на исхраната во последните неколку месеци, туку дека тоа е резултат и на „притисоци врз инфлацијата и од страна на побарувачката“, односно „повисокиот раст на платите од растот на продуктивноста“ и дополнително уште на „високиот кредитен раст во 2007 година... особено високиот раст на кредитите на населението“. Познато е дека растот на кредитите на населението е во директна врска со растот на нивните плати над растот на продуктивноста во економијата. Причина на ваквата лоша состојба е владината буџетска политика, за која во повеќе наврати пишувавме (додека многумина ја бранеа и уште ја бранат) дека е погрешно ориентирана кон потрошувачка, наместо кон реформи и инвестиции.
Сега одлуката на НБМ и евентуалната политика што во иднина ќе следи од нивна страна почна да наидува на првите јавни одобрувања и поддршки. Некои срамежливи медиуми и експерти, како и членови на академските кругови предупредуваат дека ако не се реагира правовремено можно е да навлеземе во ера на примена на магичната спирала на постојана меѓусебна трка на платите, цените, инфлацијата и каматите. Иако задоцнета, реакцијата е добра. Подобро задоцнета, отколку никаква. Сега останува да видиме како на тоа ќе реагираат Министерството за финансии и Владата. Прво на тест ќе биде министерството преку идната политика на каматните стапки на емисиите на трезорски записи и државни обврзници. Јасно е дека ќе мора да ја следат НБМ во нивната политика на раст на каматните стапки, бидејќи во спротивно трката на пазарот однапред ќе ја изгубат со неконкурентни стапки. Тоа би бил ризик за буџетот. Затоа е време во Министерството да се запрашаат за буџетската политика која се води и за нивната погрешна одлука за административно влијание врз примарните каматни стапки во минатата година и во моментов. Реакцијата во меѓувреме дојде во форма на бумеранг од очекувано место - НБМ. Ако во Министерството не се преиспитаат брзо, или не почнат со посериозен процес на координација со НБМ, конфликтот е неизбежен, а тоа повторно ќе падне на товар на буџетот, кој е еден од креаторите на очигледно зголемената ликвидност кај банките и економијата, што оправдано ја исплаши НБМ и нејзините проекции за инфлацијата во оваа година. Другата опција е пасивно да се очекува дополнителен удар врз и онака проблематичниот платен биланс на земјата и девизните резерви.
Додека ова се случува, еден провладин аналитичар во неделникот „Форум“ укажа дека котираните македонски компании на берзата во последниве 4 месеци изгубија над 700 милиони евра од вредноста на својата пазарна капитализација, дека пазарот на хартии од вредност во земјава е многу неликвиден, и дека ризиците за инвестирање во акции значително се зголемени. Ова е точно. Ако погрешната владина политика продолжи да испорачува раст и на каматните стапки кај НБМ, тогаш овие неповолни состојби, со голема сигурност и понатаму ќе се влошуваат. Затоа на сегашната економска политика и' требаат брзи промени.