Инфлација на порти!

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Владата ги игнорира движењата на инфлацијата веќе 2-3 месеци, затоа НБМ го презеде првиот чекор и ги зголеми каматните стапки на благајничките записи на 5,25 отсто, односно за 0,17 процентни поени - „Мал чекор за македонската економија, но голем за НБМ“

Пред пет дена на насловната страница на „Утрински весник“, преку целата нејзина ширина осамна предупредувачки наслов со големи букви дека во Македонија инфлацијата сега е 9 отсто. Информацијата не беше сосема точна. Инфлацијата во Македонија во моментов е 8,7 отсто. Важноста на насловот беше во тоа дека бар еден медиум во земјава имаше чувство да го објави тоа што Владата, Министерството за финансии и Заводот за статистика го премолчија и го премолчуваат, а другите медиуми со мали букви и на внатрешните страници го одбележаа како техничка информација што не ја анализираа. Во многу демократски држави, ако инфлацијата од 2 отсто наеднаш достигне до фантастичните близу 9 отсто, премиерот и Владата ќе треба да дадат образложение во јавноста, а медиумите таа вест ќе ја третираат како важна. Тоа не се случи во Македонија. Прво, бидејќи нашата власт е тврдоглава за да признае нешто што не им оди во корист, односно таа е алергична на своите неуспеси и бега од нивно соопштување во јавноста. Второ, голем дел од медиумите се преплатени од Владата со нејзините реклами и затоа не можат да бидат доволно критички кон неа и нејзината политика. Трето, независните центри и експерти во земјава се' уште преферираат молк или пак се доволно исплашени за да можат отворено да ги соопштат своите мислења, а апологетите на власта и онака се спремни во секоја пригода да најдат оправдување за случувањата.

Владата ги игнорира движењата на инфлацијата веќе 2-3 месеци и не менува ништо во својата политика. Но, одеднаш, пред два дена, монетарните власти се одважија јавно да соопштат дека таквите инфлациони движења претставуваат закана за стабилноста на економијата и за остварувањето на макроекономските проекции во оваа година. Затоа НБМ го презеде првиот чекор и ги зголеми каматните стапки на благајничките записи на 5,25 отсто, односно за 0,17 процентни поени. Ова може да се опише според онаа славна реченица на Л. Армстронг кога зачекори на месечината: „Мал чекор за македонската економија, но голем за НБМ“. Значи, конечно имаме бар една државна институција што е спремна да се соочи со растечката опасност и да жртвува нешто во корист на некои други поважни и повисоки цели за сите нас. Тоа охрабрува. Особено што ресорниот министер за финансии пред само 2 месеца јавно се замеша во надлежноста и самостојноста на НБМ и преку медиумите правеше притисок врз гувернерот овој административно да ги намали каматните стапки, наспроти економската логика. Очигледно дека министерот многу не го исплашил гувернерот, а вториов си ја работи својата работа. Работите се јасни. Образложувајќи го зголемувањето на каматите, а во одбрана на стабилноста на денарот и неговиот курс кон еврото, НБМ, покрај другото, соопшти дека инфлацијата не е резултат само на растот на цените на исхраната во последните неколку месеци, туку дека тоа е резултат и на „притисоци врз инфлацијата и од страна на побарувачката“, односно „повисокиот раст на платите од растот на продуктивноста“ и дополнително уште на „високиот кредитен раст во 2007 година... особено високиот раст на кредитите на населението“. Познато е дека растот на кредитите на населението е во директна врска со растот на нивните плати над растот на продуктивноста во економијата. Причина на ваквата лоша состојба е владината буџетска политика, за која во повеќе наврати пишувавме (додека многумина ја бранеа и уште ја бранат) дека е погрешно ориентирана кон потрошувачка, наместо кон реформи и инвестиции.

Сега одлуката на НБМ и евентуалната политика што во иднина ќе следи од нивна страна почна да наидува на првите јавни одобрувања и поддршки. Некои срамежливи медиуми и експерти, како и членови на академските кругови предупредуваат дека ако не се реагира правовремено можно е да навлеземе во ера на примена на магичната спирала на постојана меѓусебна трка на платите, цените, инфлацијата и каматите. Иако задоцнета, реакцијата е добра. Подобро задоцнета, отколку никаква. Сега останува да видиме како на тоа ќе реагираат Министерството за финансии и Владата. Прво на тест ќе биде министерството преку идната политика на каматните стапки на емисиите на трезорски записи и државни обврзници. Јасно е дека ќе мора да ја следат НБМ во нивната политика на раст на каматните стапки, бидејќи во спротивно трката на пазарот однапред ќе ја изгубат со неконкурентни стапки. Тоа би бил ризик за буџетот. Затоа е време во Министерството да се запрашаат за буџетската политика која се води и за нивната погрешна одлука за административно влијание врз примарните каматни стапки во минатата година и во моментов. Реакцијата во меѓувреме дојде во форма на бумеранг од очекувано место - НБМ. Ако во Министерството не се преиспитаат брзо, или не почнат со посериозен процес на координација со НБМ, конфликтот е неизбежен, а тоа повторно ќе падне на товар на буџетот, кој е еден од креаторите на очигледно зголемената ликвидност кај банките и економијата, што оправдано ја исплаши НБМ и нејзините проекции за инфлацијата во оваа година. Другата опција е пасивно да се очекува дополнителен удар врз и онака проблематичниот платен биланс на земјата и девизните резерви.

Додека ова се случува, еден провладин аналитичар во неделникот „Форум“ укажа дека котираните македонски компании на берзата во последниве 4 месеци изгубија над 700 милиони евра од вредноста на својата пазарна капитализација, дека пазарот на хартии од вредност во земјава е многу неликвиден, и дека ризиците за инвестирање во акции значително се зголемени. Ова е точно. Ако погрешната владина политика продолжи да испорачува раст и на каматните стапки кај НБМ, тогаш овие неповолни состојби, со голема сигурност и понатаму ќе се влошуваат. Затоа на сегашната економска политика и' требаат брзи промени.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
minatiot mesec skoro 9 %, naredniot 10, e taka se pravi inflacija od 60 otsto kakva sto ja zafati Zimbabve pred 2 nedeli
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
На целиот Балкан инфлациjaта е голема и нема как това да не достигне и МК.Таа инфлациja може да се компенсира со икономски растеж и чужди инвестици само.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
На целиот Балкан инфлациjaта е голема и нема как това да не достигне и МК.Таа инфлациja може да се компенсира со икономски растеж и чужди инвестици само.
какви бре чужди инвестиции цел свет е во рецесија
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Со убава даначна политика може да има инвестиции и то добри во това трудно време за инвестиции.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Глобална рамка , во Шведска постои инфлација , немојте да ги злоупотребувате овие состојби за да правите гнасни услуги на Рада , дајте еднаш нешто паметно , нешто што ке има полза за МК нешто различно од сите оние ебени години во кои само сакатевте и крадевте .
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Глобална рамка , во Шведска постои инфлација , немојте да ги злоупотребувате овие состојби за да правите гнасни услуги на Рада , дајте еднаш нешто паметно , нешто што ке има полза за МК нешто различно од сите оние ебени години во кои само сакатевте и крадевте .
Незнам за каква услуга збориш ти на Рада. каква врска рада има со инфлацијата што ја снаога макеоднија. па треба да си политички полтрон за да не видиш дека во македонија има огроман инфлација а владата не ја боли уво. Јасно дека е регионалне проблем ама има мерки кои треба да се применат за да се санира ударот
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Таа инфлациja се геерира от кризата во САД,лошата земеделска година на сите фермери во мнгого држави во Европа и скока на цената на евергиjните източници. Тука нема услуга.
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Realno postoi i od den na den se poveke raste i vladata treba da se razbudi i da prevzeme nesto
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Незнам за каква услуга збориш ти на Рада. каква врска рада има со инфлацијата што ја снаога макеоднија. па треба да си политички полтрон за да не видиш дека во македонија има огроман инфлација а владата не ја боли уво. Јасно дека е регионалне проблем ама има мерки кои треба да се применат за да се санира ударот
Оваа влада земала мандат да се справува со проблемите , ова е економско прашање и ако бидеш малку искрен ке кажеш дека обие барем во економијата покажаа дека нешто знаат , или пак покажаа дека СДС ништо не знааат , исто ти е . Сакав да кажам , верувам дека овие млади луѓе ке направат све што можат за да се справат со овој ГЛОБАЛЕН тренд на инфлација. А зашто ја спонав Рада , пушти го телевизорот нема да ти избега суратот на Рада или на Крадемарули каде што викаат дека владата е крива за инфлацијата. За полтрон , далеку си од вистината , на никого никогаш не сум бил.
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Gorazd utre koga inflacijata ke dojde do 100,a posle nekolku dewna do 1000 pa nagore, i koga denes so 50 denari ke kuis cigari a utre samo cunga lunga mastika, togas so praime,
Ne me interesira koj e na vlast me interesira samo stomakot da bide poln, a toa ako svetski trend e zgolemuvanje na cenite ili inflacijata, tamu trend e i plati po nekolku iljadi evra, invesaticii od milijardi evra itn. zasto toa ne go kazuvame tolku se sto e loso kaj nas e izraz na svetskata kriza.
 
Тука лежи зајакот , овде државата има можности да се справи со инфлацијата , а тоа што МК е опустошена и не е на ниво на Словенија или Хрватска е друга приказна . Но реалноста е таа , Лично не гледам дека постои некој магионичар што ке излезе и ке ја среди работата за еден ден , затоа и кажав , лугето се тие , тоа им е работа , има зашто да им веруваме повеќе од колку на некои други .
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Незнам за каква услуга збориш ти на Рада. каква врска рада има со инфлацијата што ја снаога макеоднија. па треба да си политички полтрон за да не видиш дека во македонија има огроман инфлација а владата не ја боли уво. Јасно дека е регионалне проблем ама има мерки кои треба да се применат за да се санира ударот
Инфлацијата во овој момент е светски проблем, не е само во Македонија.
И многу побогати земји не можат да се извлечат од инфлацијата. Само еден направен погрешен чекор во корегирањето на инфлацијата може да доведе до уште поголема инфлација.

Земете ја за пример Португалија која сеуште не може да се излечи од инфлацијата.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Оваа влада земала мандат да се справува со проблемите , ова е економско прашање и ако бидеш малку искрен ке кажеш дека обие барем во економијата покажаа дека нешто знаат , или пак покажаа дека СДС ништо не знааат , исто ти е . Сакав да кажам , верувам дека овие млади луѓе ке направат све што можат за да се справат со овој ГЛОБАЛЕН тренд на инфлација. А зашто ја спонав Рада , пушти го телевизорот нема да ти избега суратот на Рада или на Крадемарули каде што викаат дека владата е крива за инфлацијата. За полтрон , далеку си од вистината , на никого никогаш не сум бил.
незнам овие младите колку ги бива за економија, само знам дека префалени јагоди не се оди со големи корпи. А и исто знам дека од економские реформи што ги најави Грујо остварени се само интернет кафињата. А со тоа негледам како народот подобро живее.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom