http://telma.com.mk/vesti/bitolchani-reagiraat-po-suspendiranjeto-na-stadionot
Битолчани реагираат по суспендирањето на стадионот
Срамно е Битола да остане без натправари на домашен терен во Првата фудбалска лига. Жално е и за ФК „Пелистер“ и за навивачите да запре долгогодишната традиција. Вакви се рекациите на спортските работници и љубителите на спортот, откако Фудбалската федерација на Македонија го суспендираше стадионот под Тумбе Кафе за прволигашки фудбал. Одлуката е донесена заради катастрофалната состојба во која се наоѓа објектот, со рунирани соблекувални, санитарни јазли, трибини пред распаѓање, неуреден пристап. Поранешниот фудбалер и сегашен помошник тренер на ФК „Пелситер“ Неџат Хусеин, вели дека ова е резултат на долгогодишна негрижа.
-Стадионот е стар 34 години, тоа е долг период ако не се одржува.Немаше да биде ваква состојбата ако секоја година се правеше по нешто. Но, никој ништо не направи, така е оставен стадионот . Битола заслужува стадион како што е стадионот во Струмица, во Тетово, па дури и Куманово има подобар стадион, изјави Неџат Хусеин, помошник тренер на ФК „Пелистер“.
Гневни и разочарани се и битолчани. Штета, огромна штета, ако Битола нема прволигашки фудбал, каде ќе има, во Гостивар? Срамота е. Стадионот е вистинска штала, ми е жал да гледам, вели еден граѓанин. Општина Битола најави санација на стадионот, што отвори жестока полемика на социјалните мрежи, каде иницијаторите на кампањата „Сакаме стадион во Битола“ секојдневно го потсетуваат градоначалникот Владимир Талески на ветувањето за изградба на нов стадион, а не крпење на стариот „Ваша морална и законска обврска е да се грижите за овој град, во случајот да го исполните вашето ветување, дека до крајот на мандатот ќе изградите модерен стадион по УЕФА стандарди, со 4 трибини за 12 000 гледачи. Не треба реконструкција и трошење ситни пари за фарбање! Треба од темел нов стадион, односно нова северна трибина, како што беше ветено. Со санација и шминкање само се затскрива проблемот. Сакаме стадион во Битола, а не реконструкција и мачкање очи со мрсна боја!“, му пишуваат на Талески иницијаторите на кампањата „Сакаме стадион во Битола“ Талески во ваквите напади гледа политика, затоа што општината веќе изработила проект за изградба на нов стадион.
-Читајќи ги коментарите гледаме дека тоа е политичка кампања, а не кампања за спортот во Битола, затоа што тие што го сакаат спортот ја поддржуваат нашата иницијатива за изградба на фудбалски стадион под Пелистер и го поддржуваат сето ова што го правиме. Го направивме проектот, сега ќе гледаме да го реализираме, вели Талески
Дали општина Битола ќе успее да ги отсрани забелешките на Фудбалската федерација и дали ФК Пелистер ќе игра натпревари на домшен терен, ќе се знае на 3 август кога почнува следното првенство.
Сакаме Стадион сподели врска.
Најпрво сакаме јавно да се заблагодариме на Телма Телевизија која известува за нашата иницијатива и барање на ветеното ,за изградба на нов стадион во Битола.Исто така голема благодарност на искрената изјава на Неџат Хусеин за состојбата во која се наоѓа стадионот во Битола.Но да повториме и да бидиме јасни , не сакаме ние санација,ние сакаме нов стадион со 12000 гледачи и УЕФА стандарди како што беше ветено.Досега се обраќавме најнормално и повторно ќе продолжиме во таа насока.
Почитуван Очуве на спортот во Битола ,не знаеме каде гледате политика.Немојте ни да помислите а не да се обидувате вашата неспособност да си ја оправдувате пред граѓаните и Вашите надредени во централата со политика.Зарем сите овие граѓани на Р.Македонија кои ја подржуваат кампањата се некои политички активисти? Проектот кој го понудивте иако фаличен и со сите мани и недостатоци го прифативме.Значи не е проблемот во проектот , проблемот е во тоа што Вие немате никаква намера истиот да го рализирате до крајот на Вашиот мандат како шо ветивте.Ние знаеме која е вашата професија , но немора и во реалниот свет да глумите.На нашата страна ,секој либерално си ги изнесува своите ставови, па слободно можите и Вие да дадете образложение кога ќе биди готов ветениот стадион и поради што се уништуваат помошните игралишта.Уште еднаш повторуваме оваа иницијатива не е против никој , па ни против Вас ова е иницијатива за доброто на сите нас.
Крај краева,Ние нема што да ви се правдаме ни Вас , ни на било кој.Цела Македонија ја гледа потребата од изградба на нов стадион во Битола, а само Вие гледате во сето тоа политика.Ние уште еднаш повторуваме: Нема да дозволиме оваа прекрасна кампања политички да ни ја обоите,
#СакамеСтадион во
#Битола Сега , Oдиме до крај!!!