Сликовито (ама без слики ќе ти објаснам). Ако ги следиш сите чекори внимателно, ќе добиеш интернет на двата компјутера. Ако не, јас се откажувам.
1. Седни на компјутерот на кој е приклучен модемот (тој што има интернет).
1.1. Оди во Network Connections во Control Panel, десен клик на мрежната во која влегува кабловскиот модем (ако не знаеш кој е кој, извади го другиот кабел од мрежна, тој што оди во другиот компјутер. Тој што нема да е со црвен икс после ова, е оној што ни треба) и кликни Properties. Оди TCP/IP properties и внеси ги овие работи:
IP: 192.168.1.218
Subnet Mask: 255.255.255.0
Default Gateway: (празно)
DNS 1: (празно)
DNS 2: (празно)
1.2. Провери дали имаш интернет. (ако имаш оди на нареден чекор. Ако немаш кажи па да провериме кај ја грешиме)
1.3. Десен клик пак на истиот LAN, Properties. Селектирај го јазичето Advanced и штиклирај Allow other computers.... па мавни ОК.
1.4 Десен клик на мрежната од која кабелот оди во другиот компјутер (прво врати го кабелот ако го извади ради чекор 1.1.) па Properties. TCP/IP Properties, и куцај:
IP: 192.168.1.219
Subnet Mask: 255.255.255.0
Default Gateway: 162.168.1.218
DNS 1: 192.168.1.218
DNS 2: (празно)
1.5 Провери дали имаш интернет. (ако имаш оди на нареден чекор. Ако немаш кажи па да провериме кај ја грешиме)
1.6 Десен клик пак на истиот LAN, Properties. Селектирај го јазичето Advanced и штиклирај Allow other computers.... па мавни ОК.
2.1. Префрли се на другиот компјутер.
2.2. Клај кафе и викни ме.
2.3. Го допиваме кафето и продолжуваш.
2.4. Оди и тука во Network Connections во Control Panel, десен клик на Local Area Connection, Properties. Во тој прозорец TCP/IP селектирај, па properties. Подеси вака:
IP: 192.168.1.220
Subnet Mask: 255.255.255.0
Default Gateway: 162.168.1.218
DNS 1: 192.168.1.218
DNS 2: (празно)
Сега би требало да имаш интернет.