Можни ли се вонредни избори ако Македонија не добие покана за НАТО?
- Ако се создаде таква атмосфера во државата, не е исклучено и тоа.
Од што зависи?
- Од политичките партии, и од расположенито на граѓаните во Македонија.
Можеме сигурно да сметаме на силната поддршка на Турција, Словенија, Италија, а во последниот период има и прилично подобрување на однесувањето на Бугарија. Се разбира и други земји во ЕУ ни даваат поддршка, да речеме балтичките држави. Тие сигурно ќе направат се што е во нивна моќ, не да ни ја завршат домашната работа, таа е само наша, и се надевам дека ние ќе си ја завршиме, но да ни помогнат во оној дел на лобирање и на оној дел на создавање клима за успех. И тука имаме редовна комуникација со нив, размена на аргументи, помош, поддршка.
Можете ли да дадете една оценка за односите со соседните земји?
-
Со Бугарија исто така имаме добри односи, тие се се' повеќе наши поддржувачи.
Цените ли дека и Бугарија, како надомест за својата добра волја и поддршката што ни ја даваат за членството во НАТО, бара противуслуги во замена за молчење за изјавите на нивните академици и пратеници, кои имаат и етнички и територијални претензии кон РМ?
- Јас обично ја гледам официјалната политика на државите. Ако гледаме што секој во земјава ќе изјави, тогаш во секоја земја можат да се најдат и проблематични луѓе и непријателски расположени. Официјална Софија во овој момент е поддржувач на нашето членство во НАТО и ЕУ.
Она на што тие изразија вербален протест и не го кријат тоа, е еден прилично силен негативен набој во македонските медиуми. Дури направиле и одредена статистика ако не се лажам од сите објавени прилози и статии во весник, и ми се чини дека 92 % од нив се негативни, 6 % позитивни, 2 % неутрални. Тоа кај нив создава негативни чувства. Од една страна велат.... "ние сакаме да ве поддржиме, помагаме, а од вас доаѓаат само лоши пораки за нас"...
Историски гледано тие и помагале на независна Македонија: први не признаа како независна држава под уставното име, во времето на ембаргото ни беа единствената отворена врата, во времето на конфликтот дозволуваа прелети, и се што требаше за да се носи во Македонија муниција, оружје кога купувавме итн... Така што во ниту еден момент официјалните власти не искажаа и не направија непријателски чинови. Ни дадоа оружје бесплатно во време кога ни требаше во 1999 година. Некој тоа го почитува, некој мисли дека се ослободиле од нешто, но генерално имаше еден позитивен аспект. Сега не можат да ја разберат толку жестоката критика кон нив, особено што најнегативните стрели од таа држава доаѓаа од маргинални политичари, а возвратното како што велат тие, оди генерално на сметка на земјата.
Јас им објаснив дека ние многу тешко можеме да влијаеме
на домашните медиуми. Живееме во демократија, медиумите се приватни, и имаат сопствени интереси, но сепак можеме да апелираме да не се влошува климата толку.
Сега кога нивната поддршка ни е клучна, нефер би било како држава да им возвраќаме со атаци. Ако пак има атаци од таа страна кон одредени личности, според моето лично убедување, медиумите ќе си го направат тоа што го мислат. Но според мое убедување, медиумите треба да се фокусираат на тие конкретни личности кои провоцирале, а не да се препишува се на генералната политика на Софија.