Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Го видов случајно ова додека за кошарка барав

http://www.24sata.hr/komentari/kako-je-makedonija-za-razliku-od-hrvatske-privukla-kapital-281581


  • pituguli

    Bodovi: 21
  • jednostavno,nisu imali hdz i nisu se rodjaci zapošljavali i primali plaću da ništa ne rade...eto to im se dogodilo

Očigledno je makedonska vlada radila za svoj narod, dok je hrvatska vlada poduzela sve za opljačkati nas. Sve drugo je nebitno.
pa normalnokadse kod njih rado a kod nas rodjaci primaju plaće da nerade i da zure u sunce sve je to ostavštvina hdza od 1990 do danas
Makedonija je jedina država nastala iz bivše YU....koja je sprovela ...LUSTRACIJU.Tamo komunisti i njihov mentalni sklop nemaju više nikakve šanse rastakati makedonsko društvo.rezultati se vide
леле колку сум се смеел на ова


Од ова можев само да заклучам дека "Латас went international"


.
 

WOLAND

Messire
Член од
13 септември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
22
Ајде уште малку и ќе читаме: Инвестициска супернова во Македонија.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Прилепскиот мермер и оловото кај Осогово цел на Оман Балкан мајнинг

Катерина Попоска


Прилепскиот мермер и олово-цинковата руда кај локалитетот Осогово засега се најатрактивни за оманските инвеститори од M/C Al Tamman Trading Est. L.L.C., дознава „Капитал“. Инвеститорите на оваа арапска земја, кои веќе ја регистрираа фирмата Оман Балкан мајнинг во земјава, ќе ги истражуваат рудните потенцијали кај Mакедонска Каменица и кај Крива Паланка, за што добија и концесија во следните четири години да вршат детални геолошки истражувања. Покрај олово-цинковата руда кај локалитетот Осогово, оманските инвеститори го меркаат и мермерот кај локалитетот Сокол-Прилепско.
За да истражат колкави се рудните резерви на овие два локалитети, Оман Балкан мајнинг до крајот на овој месец треба да платат вкупно 300.000 евра како концесиски надомест на жиро-сметка на Министерството за економија, покажуваат податоците до кои дојде „Капитал“.
„Договорите сè уште не се склучени, бидејќи уште тече рокот за уплата на надоместот кој го имаат понудено на тендер“, велат за „Капитал“ од Министерството за економија.
По завршувањето на деталните геолошки истражувања, оманските инвеститори треба да направат елаборат за вкупните рудни резерви на локалитетите каде што истражувале и да одлучат дали им е исплатливо да отвораат рудник или не.
Оман Балкан мајнинг е регистрирана како фирма за вадење руди и обоени метали, со основачки капитал од 30.000 евра. Според податоците на Централниот регистар, управители се геологот Хабибур Рахман Фароокиу и електротехничарот Мохамад Шујаудин Кхан. Јавно достапните информации покажуваат дека Фароки моментално работи како геолог во Мускат оуверсис интернешнал (Muscat Overseas International Co LLC), компанија која се занимава со земјоделство, рударство, нафта, а која е во сопственост на Ал таман трејдинг (M/C Al Tamman Trading Est. L.L.C).
Оманските инвеститори неколку месеци веќе ја „скенирале“ Македонија и нејзините неистражени рудни резерви. „Капитал“ дознава и дека оманските инвеститори веќе пикирале и уште две други локации во земјава каде што сакаат да ги истражуваат рудните резерви.

Извор: Kapital
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Инвестициски бум во Македонија има во волови, шмизли и чевлари (статуи), мустаклии од 1903, Воинот на коњ со мудата, Триумфална капија во којашто ќе го славиме триумфот на сиромаштијата.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Го видов случајно ова додека за кошарка барав

http://www.24sata.hr/komentari/kako-je-makedonija-za-razliku-od-hrvatske-privukla-kapital-281581









леле колку сум се смеел на ова


Од ова можев само да заклучам дека "Латас went international"


.
Ако ако... нека мислат оти сме овде ко Норвешка во стандардот :D
И ние истото го мислиме за нив...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
РУСИ ЌЕ ИЗВЕЗУВААТ ВИНО ОД МАКЕДОНИЈА



Зибрак вина доо - Скопје е името на компанијата основана со руски капитал која на големо ќе тргува со пијалаци во Македонија. Според податоците за основање објавени од Централниот регистар, Друштвото за производство и трговија, минатата недела е основано во Скопје со почетен капитал од 5.000 евра. Според информациите од регистарот, како основачи се јавуваат Наталија Александровна-Гаврилова од Владикавказ, Русија, и Игор Генрихович Зибрак од Москва. Основната дејност на новооснованата компанија е трговија на големо со пијалаци, а со фирмата во Македонија ќе управува Гаврилова.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/87825/rusi_kje_izvezuvaat_vino_od_makedonija.aspx
Инвестиција од цели 5000евра. Уауууу.:eek:
Него ме интересира, забележав и во некој претходни постови тука, мислам дека беше за индиецон со хотелите, и тој основал фирма и почетен капитал е 5000евра. Па да одговори некој дали таа сума е потребна странец да се регистрира фирма во МК, или овие си играт к.. со нас.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
^ за сите ДОО е исто, 5000евра за основање. И тие 5000 не се во пари него фиктивни се, машини за перење, тв, мобилни, компјутери, шоља за во веце, итн.
Ова русиве ќе земат и ќе избегаат без да платат, така ми личат мене.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Жалите се дека во МК има подигаат административен апарат. Колку од БДП оди за издршка на државниот апарат? Знае ли некој. За протокола: во БГ е 36%.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
^ за сите ДОО е исто, 5000евра за основање. И тие 5000 не се во пари него фиктивни се, машини за перење, тв, мобилни, компјутери, шоља за во веце, итн.
Ова русиве ќе земат и ќе избегаат без да платат, така ми личат мене.
Не се ни уплатени тие 5000, сеа видов...во рок од 1 година ќе ги уплатат :facepalm:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Жалите се дека во МК има подигаат административен апарат. Колку од БДП оди за издршка на државниот апарат? Знае ли некој. За протокола: во БГ е 36%.
,
Вие ептен сте закасале ние имаме 2,5 милијарди буџет на 10 милјарди економија значи негде 25% од БДП ни е во буџет.Е сега од тој буџет негде околу 20% би требало да иде на државна админстрација.
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14
За жал и понатаму државата останува најголемиот работодавец, а тоа е поткрепено со бројката која е на товар на нејзината(буџетска) каса, и со тоа се потврдува фактот дека од наголемо најавуваниот инвестициски бум нема ништо а и таму кај што има тоа е една класична злоупотреба и потценување на човечкиот труд, имено: на 10 октомври ќе биде отворањето на Скопје Сити Мол, се калкулира со бројка од 2000 вработувања, во рамките на истиот ќе функционира и еден од најголемите ланци на хипер-маркети во Европа ,,Керфур,, и притоа ќе вработува околу 600 луѓе, лицата одговорни за прием на целата таа стока што ќе стига во маркетот за две работни смени од 8 часа + - 2 или 3 неплатени часови на почетокот, ќе земаат по 9 500 денари нето плата, а да не зборуваме за останатите пониско рангирани работни места.
Ова е инвестициски бум со суми на приходи доволни само за животаркање на дното ? меѓутоа е довлно за правење на реклами и ставање на мастика наместо леб во устата на народов наш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
ќе земаат по 9 500 денари нето плата, а да не зборуваме за останатите пониско рангирани работни места.
.
:confused: 9.500. Значи нешто како во Веро. Језиво. Би му посакал на газдата да дојде ден да поживее со тие пари макар пола година. Само лошо овие плати се сегде исти и Веро и Тинекс па нема бирање. овде ни бум ни ништо. За бирање само накај Грција да се работи на црно пошто "случајно" за 20 години не успеавме да добиеме слободен излез од државава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom