Инвестициски БУМ во Македонија

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.305
Поени од реакции
21.755
Фала Богу и во Кичево нешто, изумре градот во последните години за жал.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
А во меѓувреме вакви три фирми (сигурносни појаси, автогалантерија) во Охрид и околните села последниве години дишат на апарати или отидоа веќе...Си-по, Амак, Велмакс...А кај е Руен од Кочани?итн. итн.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Key Safety Systems: Отвораме фабрика во Кичево, ќе се вработат 1.000 лица!
Потврдена нова инвестиција на KSS SAFETY SYSTEMS во Кичево и 1 000 нови вработувања за кичевчани, објави претседателот на македонската влада Никола Груевски на својот Фејсбук профил.
Еве го и соопштението од KSS SAFETY SYSTEMS за отварањето на фабриката во Кичево : http://keysafetyinc.com/press_releases/KSS_ANNOUNCES_PLAN_TO_ESTABLISH_FACTORY_IN_MACEDONIA_4_3_14.pdf
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВЕЛЕС

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА НА „МАРКАРТ“


Германската компанија „Маркарт“ почна со изградба на фабриката во Велес. Инвестицијата е проценета на 35 милиони евра, а треба да се вработат 600 лица.

- Ова е прва странска инвестиција во Велес по 24 години. Изградбата треба да заврши во првиот кваратал од 2015 година, апо што ќе почне производство на автомобилски делови, истакна на прес-конференција Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес.

Фабриката се гради во новоформирана Индустриска зона Караслари, а ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили, како Мерцедес, Ауди и БМВ.

Според Мајсторов ова е историска пресвртница за Велес.

Германската групација Маркарт која е основана во 1925 година, досега има отворено компании во девет земји ширум светот и во нив работат повеќе од 7.000 лица
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=FB01CE5EF4D6CC489F51449BFD51A2EB
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Нова инвестиција, германска компанија ќе вработи 1000 лица во Охрид


Уште една странска компанија од автомобилската индустрија објави дека ќе инвестира во Македонија. Станува збор за германска компанија која ќе инвестира во слободната економска зона во охридско-струшкиот регион, и ќе отвори нови 1.000 вработувања, а ќе инвестира 15 милиони евра, обелодени денеска од Битола, премиерот Никола Груевски.


Преговорите, како што појасни Груевски финиширале денеска, а е резултат на владиното роуд шоу во Штутгард. По неколку посети и средби со владините тимови, германската компанија ја избра Македонија како следна бизнис дестинација.Се работи за компанија која има седиште во близина на Франкфурт, производители се на автомобилски делови и се едни од поголемите. ODW ELEKTRIK доаѓаат заедно со компанијата која ќе инвестира во Кичево, подвлече, а меѓу другото продаваат и нивни производи на светско ниво.

- Фабриката ќе ја градат на 10 илјади метри квадратни во слободната економска зона Охрид-Струга, која веќе почна да се гради. Ќе инвестираат 15 милиони евра. Беа на повеќе места одбраа дестинација, а тоа е регионот Охрид-Струга. Во текот на наредните неколку месеци ќе ги селектираат првите 100 вработени кои ќе одат на обука во Германија. До крајот на годината ќе го почнат производството и потоа планираат да вработат до 1.000 луѓе, изјави премиерот Груевски, додавајќи оти е добро испитана и понудата за потребниот кадар односно дали ќе имаат доволно кадар на располагање.

Груевски најави и друга германска компанија која донела одлука да инвестира во Макеоднија, но се чека, подвлече, самата таа да објави, согласно принципот во деловниот свет.

- Очекувам дека наскоро тие ќе ја објават инвестицијата, затоа што одлуката е донесена, а нас не информираа за тоа. Тоа се уште 800 вработувања, а овие сега се 1.000 вработувања, вкупно 1.800 вработувања постепено во наредните две до три години во охридско-струшкиот регион, нагласи претседателот на Владата на Република Македонија.

Груевски очекува и други инвестиции, затоа што, како што рече, во контакт сме со многу крупни инвеститори во различни фази.

- Во последните 15-20 дена ова е практично четврта крупна компанија. Едната беше во Кичево, втората италијанската компанија која во Скопје ќе гради фабрика за машини за печатарската индрустрија, ова е трета фабрика. Во преговори сме уште и со група различни сериозни компании. Очекуваме дека ќе има наскоро и руги компании, рече тој.

Во врска со најавуваните 64.000 нови вработувања во наредните четири години, премиерот Груевски истакна дека главно е привлекувањето на домашни и странските инвеститори да отвораат нови капацитети, да ги прошируваат постојните или да отвораат втори капацитети.

- Веќе имаме најави од неколку што се овде и што ќе градат втори, некои веќе изградија втори капацитети, а други размислуваат за трета фабрика. Освен ваквите инвестиции ние имаме сериозна палета на мерки кои се во нашите активни програми за вработување преку Агенцијата за вработување, преку кои се дава можност на многу луѓе да се самовработат или се даваат средства на компании да вработат луѓе, како што е што е програмата за млади до 29 години. Секој еден што ќе вработи во Македонија, домашен или странски инвеститор, млади до 29 години, во првите 12 месеци е ослободен од плаќање персонален данок на доход за тие луѓе и од сите придонеси. Тоа е 34 отсто од бруто платата што треба да му ја плати на работникот, со цел да вработи што повеќе млади луѓе. Меѓутоа имаме програми и за други, имаме програми за оние што се приматели за социјална помош. Оној што ќе вработи примател на социјална помош во првите 12 месеци 80 отсто од висината на социјална помош државата му ја дава на работодавачот со цел да му помогне во првите години додека го обучува. Има голема палета во Агенцијата за вработување особено во новата програма со нови мерки за да се охрабрат и отворат нови работни места, појасни премиерот Груевски.

Отворањето нови работни места, дециден е Груевски, е нашиот главен предизвик и нашата главна борба

Лудвиг Батон, директор на ODW ELEKTRIK изјави дека произведуваат електрични инсталации за автомобили, како Порше, VW, Мерцедес, BМW и други, а нашите производи, подвлече, ги произведуваме за клиенти како што КСС, TRW, Бош итн.

Во Европа, ODW ELEKTRIK има три производствени капацитети и тоа во Германија, Унгарија и Украина. За дополнителен капацитет за проширување барале локации Молдавија, Белорусија, Србија,Бугарија, но се одлучиле за Македонија.

Причини зошто решивме да инвестираме во Македонија, истакна Батон, се квалификуваната работна сила, добрата индустриска традиција, искуството во индустријата, а друга причина беше одличната поддршка која што ја добивме преку организацијата тука и преку Виктор Мизо.

- Во декември минатата година се одржа автомобиска конференција во Берлин на која што се сретнавме со Виктор Мизо и така започна иницијативата да ја посетиме Македонија. Потоа присуствуваме на македонското роуд шоу во Штудгард и потоа ја посетивме Македонија во неколку прилики, посетувавме градови, инвеститори. Имавме овде состанок посебно во нашето седиште во Германија и сега сме повторно тука во Македонија, изјави Батон.

Тој им се заблагодари за поддршката на премиерот Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески и тимот на Виктор Мизо.

- Оваа компанија е добавувач на американската компанија која минатата недела го потврди инвестирањето во слободната економска зона во Кичево, што значи се повеќе и повеќе компании кои се добавувачи на постоечките компании донеле одлука за инвестирање во Македонија. Се надеваме дека и оваа компанија ќе привлече повеќе германски компании. Компанијата ќе биде лоцирана на површина од 2.000 квадратни метри постоечки објект во Охрид, а потоа ќе изградат нов објект со површина од околу 10.000 квадратни метри кој ќе биде лоциран во слободната економска зона, изјави Виктор Мизо.

Курир
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Добро е да има инвестиции, тоа е факт. Но важно е крајната сметка да излегува во плус, а кај нас не е така. Кога на малите бизниси ке им се опали казна , тие мора да затворат, казните се претерано големи. Така се затвораат и многу мали бизниси наспроти отварањето на големите инвестиции. Оттука, во последните осум години состојбата на терен е непроменета, освен едно 200 000 иселени млади луге нели. Целата тактика на владата е погрешна од старт, парите што ги вложија во пензионерите требаше да ги вложат во младите луге. Наместо пензионерите требаше да има субвенции за младите, да се возат бесплатно, месечни приходи да добијат одредени категории на млади луге од посиромашни семејства до вработување секако, но тие одлучија да го направат тоа за пензионерите. Резултат, држава во изумирање.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
157
Добро е да има инвестиции, тоа е факт. Но важно е крајната сметка да излегува во плус, а кај нас не е така. Кога на малите бизниси ке им се опали казна , тие мора да затворат, казните се претерано големи. Така се затвораат и многу мали бизниси наспроти отварањето на големите инвестиции. Оттука, во последните осум години состојбата на терен е непроменета, освен едно 200 000 иселени млади луге нели. Целата тактика на владата е погрешна од старт, парите што ги вложија во пензионерите требаше да ги вложат во младите луге. Наместо пензионерите требаше да има субвенции за младите, да се возат бесплатно, месечни приходи да добијат одредени категории на млади луге од посиромашни семејства до вработување секако, но тие одлучија да го направат тоа за пензионерите. Резултат, држава во изумирање.
Да не ги заборавиме и инвалидните лица или оние со кој судбината си поиграла а со секое вработување на младите е плус во буџетот на пензионерите и нивно покачување од 100 % , а исто така и на социјалното кое треба да се покаче за 300 % со намалување на невработеноста кај младите и покачувањето на платата е исто така и повеќе пари и за политичарите и нивните бизниси и трошењето пари на младите.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Vcera slucajno procitav po vesnicive za oglasot za vrabotuenje za izgradba na avtopatistata, plati 9000 denari. Hihi. Da ne verue covek.
:tapp:
A za sporedba zaposlenite so naplakaat patarini po naplatnite punktovi zemaat po 25000 plata....
Bas me interesira kade mislat da najdat rabotnici, ne veruvam i Kinezite da se ispod 500 evra mesecno ako prajme muabet za gradeznistvoto.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Да не ги заборавиме и инвалидните лица или оние со кој судбината си поиграла а со секое вработување на младите е плус во буџетот на пензионерите и нивно покачување од 100 % , а исто така и на социјалното кое треба да се покаче за 300 % со намалување на невработеноста кај младите и покачувањето на платата е исто така и повеќе пари и за политичарите и нивните бизниси и трошењето пари на младите.
Кратко и јасно :)
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Грчката компанија „Харма Фрут“ ќе инвестира шест милиони евра во Македонија. До крајот на годинава најавува изградба на центар за откуп и пакување земјоделски производи и ладилник во Гевгелија, во што ќе вложи три милиони евра.


За плановите за работа на фирмата што ја регистрира во Македонија со името „Агритера“ грчкиот инвеститор денеска разговараше со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф. Одлуката за инвестирање ја донеле по консултации со Наумоф и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- „Агритера“ е изненадена од конкурентната бизнис клима што Македонија ја нуди на инвеститорите и овозможува извоз на висококвалитени земјоделски производи во Европа и пошироко, изјави министерот Наумоф.

Покрај 3-те милиони евра што ќе бидат инвестирани годинава во откупниот центар, „Агритера“ планира да вложи дополнителни три милиони евра.

Сопственикот на „Агритера“ Кристос Келесидис вели дека идеалната местоположба, поволните климатски услови и квалитетот на земјоделските производи биле пресудни да донесат одлука за инвестирање во Македонија.

- Сакам да се заблагодарам за гостопримството и условите за работа што ни ги овозможија. Имаме големо искуство во овој бизнис и сакаме да го смениме начинот на работа во вашата земја во земјоделството и во производството. Тука сакаме да направиме голема фабрика со која ќе бидеме конкурентни на европскиот пазар, изјави Келесидис.

„Харма фрут“ е една од најголемите грчки компании за откуп на земјоделски производи со 20 годишно искуство. Своите производи ги пласира на пазарите во Еврпа, Блискиот Исток и Русија.

Извор: МИА
 
C

cige

Гостин
Електронските плочи за инструмент табли за автомобилите „Пежо“, „Цитроен“, „Рено“, „БМВ“, „Смарт“ и „Даимлер“ се произведуваат од странски инвеститор во земјава, а тоа е „Џонсон контролс“. Оваа американска компанија има два производни погони во земјава, од кои што едниот е во индустриската зона „Бунарџик“ и чини 40 милиони долари, додека втората инвестиција на оваа компанија се протега на 12 илјади квадратни метри во индустриската зона во Штип.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Не знам колку е за пофалба ако носат работници од соседни држави грчки, албански

„Сепак, последниот пат видовме дека се ангажирани работници од Албанија, но не можевме да констатираме дали работат легално или на црно. Интересно е што откако првиот пат влеговме на градилиштето со дозвола на изведувачот, вториот пат не ни беше одобрен влез, па третиот пат моравме тоа да го сториме со дозвола обезбедена преку надзорот, француско-италијански конзорциум“, вели Трендафилов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom