Кое домашно мало или средно претпријатие би можело да произведе бар приближно од тоа што го произведуваат Џонсон Контролс, Џонсон Мети и Дрекслер на пример? Не правиме муабет да има пазар да го продаде произведеното, тоа е друга, уште посложена приказна. Туку само знаење да произведе. И колкава субвенција би му требало на било кој македонски мал, среден или голем стопанственик за да произведе катализатор?
Да не правиме муабет за другите компании од типот на Ендава, Мусала и слични. И знаењето што тие го донесоа во државава.
А што корист имаме од тие што ги наброја ??? Македонската економија што корист има од нивното работење, од условите по кои работат повеќе од 10 години ??
Не е само да проповедате теории ко Ставре и Тевдо.
Друг ќе беше муабетот, ако владата
само ги ослободеше од даноци на добивка и придонеси на вработените, односно да добиваа бруто плата на сметка, а се друго странците да си платат.
Владата им
даде (за да даде,
мора да земе од негде) следниве поволности:
- бесплатна локација. (Ништо страшно, ама која домашна фирма добила такво нешто)
- обезбеден пат, струја,вода, канализации и останата инфраструктура, (тоа е најскапо при изградба на фабрики) без да платат денар, ни комунилии, а ни да чекаат документи од општини / министерства.
- халите не знам кој платил за изградба, ама ништо посебно, монтажни.
- ослободени од секакви давачки 10 години, а можеби и повеќе, ама никој не ги вади договорите на виделина.
- никакви инспекции не ги замараат
- придонесите на вработените, државата ги плаќа
- укинаа царините за суровините кои им се потребни за работа (тоа Ок, ама што не укинат и за други суровини што домашните фирми ги увезуваат)
- домашна граница одма поминуваат, а камиони со наша роба, чекаат со часови/денови на граница
- кој ти знае што уште се не добиле.
Кажете сега која
наша фабрика ги добила овие поволности. Земјиштето на која е изградена фабриката не им го признаваат за нивно, им бараат пари, а да не збориме за даноци, разни други давачи, регулации, правилници и 300 други тракатнции.
Единствена, да потенцирам, единствена позитивна работа е што работниците во тие зони е
искуството. Па со тоа искуство после можат да фатат правец надвор
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
.
И ај сеа кажете врз основа на тоа колку
државата дала, а колку
добила, што е тука позитивно.
Зголемен државен долг, зголемена администрација, зголемени неконтролирани субвенции и без позитивни резултати = СОЦИЈАЛИЗАМ.
Социјализмот се знае како завршува. Кој не му е јасно, или е млад или не прочитал, а
@мкд владе може убаво да му објасни
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)