Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
29 април 2010
Мислења
66
Поени од реакции
3
Дечки да ве прашам тука, има ли некој што аплицирал во Маркат (Велес) за работа, бил на интервју и се уште чека да го известат дали е примен
Јас се јавував но секретарката вели се уште се разгледува, но веке стварно поминаа речиси три месеци од интервју
Ако некој знае повеќе информации што како, или можеби некој се примил веќе на работа нека сподели
Благодарам.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Британската „Ендава“ почна со работа, најави 400 нови вработувања
Најмалку 400 нови вработувања во следните четири години најави британската ИКТ компанија „Ендава“ која денеска отвори нови канцеларии во Скопје со што и официјално почна со работа.

Како што рече извршниот директор Џон Котерел, тимот во Скопје засега брои 36 членови, но во следните 12 месеци ќе достигне 100 лица.

- Брзиот економски раст, уште поинтензивниот развој на информатичкиот сектор и високообразовниот кадар беа клучните причини поради кои го одбравме Скопје меѓу 40 други градови. Нашата цел е да ги привлечеме најдобрите од оваа област, тие во нас да препознаат место каде што ќе ја изградат својата кариера, истакна Котерел.

http://vlada.mk/node/10155
https://www.facebook.com/endava
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Британската „Ендава“ почна со работа, најави 400 нови вработувања
Најмалку 400 нови вработувања во следните четири години најави британската ИКТ компанија „Ендава“ која денеска отвори нови канцеларии во Скопје со што и официјално почна со работа.

Како што рече извршниот директор Џон Котерел, тимот во Скопје засега брои 36 членови, но во следните 12 месеци ќе достигне 100 лица.
Сто луѓе годишно и тоа заслужува внимание тука?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ваљда ради името на фирмата заслужува....
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Па ко ги плаќаат како што треба. 500-100


Ако ги плаќаат вработените како што треба 500-1000 евра и нагоре тогаш заслужува.
За форумски стандарди заслужува ако плаќаат по 1000 евра со средна стручна спрема :)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
За форумски стандарди заслужува ако плаќаат по 1000 евра со средна стручна спрема :)
:)

Добро ќе е да отворат уште 5-6 слични фирми со по 400 вработени. И да плаќаат солидно, автоматски ќе го кренат стандардот во ИТ областа.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
:)

Добро ќе е да отворат уште 5-6 слични фирми со по 400 вработени. И да плаќаат солидно, автоматски ќе го кренат стандардот во ИТ областа.
Јасно. Колку што приметив имаат отворено повеќе од една фирма во Романија.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
:)

Добро ќе е да отворат уште 5-6 слични фирми со по 400 вработени. И да плаќаат солидно, автоматски ќе го кренат стандардот во ИТ областа.
А па во Македонија има толку многу квалитетни работници од ИТ областа :pipi:

Инвестиции еден куп, цел свет научи дека во Македонија има овци што работат за мали пари. :X3:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Јасно. Колку што приметив имаат отворено повеќе од една фирма во Романија.
Да сега ја проверив на Glassdoor http://www.glassdoor.com/Salary/Endava-Salaries-E233751.htm
Добри услови но ниски плати. Ако планираат да плаќаат помалку од тоа што плаќаат Романија тогаш е лошо.

А па во Македонија има толку многу квалитетни работници од ИТ областа :pipi:

Инвестиции еден куп, цел свет научи дека во Македонија има овци што работат за мали пари. :X3:
Квалитетот расти со мотивацијата, ако во ИТ областа имаш просечна плати од 300-400 евра нормално ќе има лош квалитет. Истото е и Индија компаниите што сакаат да имат ефтина работна рака плаќаат многу ниско и имаат лош квалитет, тие што плаќаат над просечната плата ги земаат најдобрите :)
 
Член од
29 јуни 2010
Мислења
22
Поени од реакции
11
БУМ! ШАКАЛАКА, БУМ! Инвести... Инвести... Ци, БУМ ШАКАШАКАЛАКА БУМ!!!
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
650 еур е најниска плата во Романија во оваа фирма а колку што видов просечна плата во Романија е 580 еур. по таа логика овде 400 еур би била најниската.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
650 еур е најниска плата во Романија во оваа фирма а колку што видов просечна плата во Романија е 580 еур. по таа логика овде 400 еур би била најниската.
Јас живеам и работам Романија :) за програмери просечна плата ти е околу 1000 еур. Во повеќето компании плаќаат околу 1500-2000. За 650 евра програмер само студент ти се нафаќа да работи.
Така да незнам на кој принцип ја одредуваат платата. Но кај нас ако почнат со 400 најниска би било супер. По таа логика senior позиции би земале околу 1000.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Но кај нас ако почнат со 400 најниска би било супер. По таа логика senior позиции би земале околу 1000.
Отприлика толкави се сегашните плати во ИТ секторот, не гледам што е тука супер. Ова е исто како во Штип да отвори текстилна фабрика и да се фали дека дава плати 8-9.000 денари. Нема помрднување од нулта точка, нели целта на инвестицискиот бум е да се кренат платите со зголемена конкуренција кај работадавачите.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Отприлика толкави се сегашните плати во ИТ секторот, не гледам што е тука супер. Ова е исто како во Штип да отвори текстилна фабрика и да се фали дека дава плати 8-9.000 денари. Нема помрднување од нулта точка, нели целта на инвестицискиот бум е да се кренат платите со зголемена конкуренција кај работадавачите.
Незнаев дека просечната плата во македонија за ИТ е 1000 евра.Јас тие што ги познавам што работат Македонија ми кажуваат дека е околу 400-500 евра.
Затоа и реков дека е супер. Штом стандардот се кренал на 1000 + тогаш незнам што инвестициски бум се очекува кога 1000 евра плата за Македонија е солидно со оглед на големата невработеност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom