ГЕРМАНСКИ „ODW ELEKTRIK“ ОД ЕСЕН СТАРТУВА СО ПРОИЗВОДСТВО ВО ОХРИД
Компанијата „ODW ELEKTRIK“ што ќе гради свој производствен комплекс во Охрид планира со производниот процес да стартува кон крајот на август или почетокот од септември оваа година.
Германската компанија што произведува електрични инсталации за познатите автомобилски брендови „Мерцедес“, „Порше“, „БМВ“ и „Фолсваген“, планира процесот да го стартува во постоечки производствен објект во Охрид, а подоцна производството да го префрли во целосно нов објект што би се градел во слободната економска зона, лоцирана во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
Според информациите од локалната самоуправа, на самиот почетокот во фирмата е предвидено да почнат да работат 30 лица. Претставници на менаџерскиот тим на германската компанија веќе спровеле интервју со потенцијалните кандидати за вработување. Првовработените е предвидено да заминат на обука во фабриката на „ODW ELEKTRIK“ во Украина, и тие ќе бидат идните едукатори за наредните вработени лица, чиј број се планира да биде некаде околу илјада.
Градоначалникот на Охрид оствари работна средба со еден од сопствениците и дел од менаџерскиот тим на компанијата, на која било разговарано за финалните подготовки и за евентуалната помош односно олеснувањата што Општина Охрид ги предвидува за инвеститорот.
- Наша грижа ќе биде да обезбедиме транспорт на работно ангажираните лица во вашата фирма. Навремено ќе биде изработена и планската документација за проширување на објектот за што сте во план. Остануваме на ветеното дека ќе ја олесниме соработката со Средното стручно училиште ОЕМУЦ „СВ. Наум Охридски“ за извршување пракса и едуцирање кадар за потребите на вашата компанија. Стоиме и на располагање за изведување на инфраструктурните работи околу изградба на објектот кој ќе го градите, истакна Бакрачески.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C4A50A26F61EA448A252E1CCB4C6F410[DOUBLEPOST=1400838195][/DOUBLEPOST]Еве нешто и од пред 10тина дена
Во Струга денес се отвори Месната индустрија Билјанови која инаку има шест генерациска традиција поврзана со месо и месни производи. Младиот Славе Билјаноски, тргајќи ги стереотипите настрана, наместо да замине во странство, тој со помош на поволните кредити кои ги обезбедува Владата на Р.Македонија, отвори своја фабрика за месни и сувомеснати производи.
И кога сите ми викаа да заминам во Скопје после завршувањето на мојот факултет или надвор од нашата земја, јас сепак решив да останам во Струга и да ја продолжам нашата шест генерациска традиција поврзана со месо и месни производи, благодарение на кредитот и поволностите кои ги дава Владата на РМ, ја отворивме оваа фабрика, вика младиот директор Славе Билјаноски.
- Пред скоро година и половина на ова парче земја поставивме камен темелник на фабриката за производство на месни и сувомесни производи. Особена финансиска помош за нас беше користењето на инвестиционен кредит за мали и средни претпријатија со повластена каматна стапка од државната Македонска банка за поддршка на развојот, вика младиот директор Славе Билјаноски на месната индустрија Билјанови Струга.
Со подостапен капитал нашите идеи можат да станат реалност, а ова секако ќе значи и подобрување на бизнис климата.
- Владата на Р. Македонија со своите заложби таму каде што на стопанствениците им е најпотребно, успеала и овој погон кој денеска е најдобар пример во потребите за обезбедување на ефикасни, достапни и со поволна камата прифатливи средства, рече пратеникот Антонио Милошовски.
Со отворање на нови 30 работни места ова е добар почеток на инвестициите кои се планирани во струшкиот регион.
- Ова само ќе биде позитивен чекор напред за она што се најавува како инвестициски бум во наредните години во Струга. Тоа ќе придонесе секако за развојот на економијата во Струга и намалувањето на невработеноста во овој регион, рече пратеничката Лилјана Затуровска.
Со отворањето на оваа месна индустрија во струшкиот регион ќе заживее целото сточарство на потегот од Прилеп до Дебар.
http://www.mrt.com.mk/node/8910[DOUBLEPOST=1400838325][/DOUBLEPOST]
Почна изградбата на првата фабрика за биогас во Кичево
Во индустриската зона Иванидол-2 почна изградбата на првата фабрика за биогас во Кичево, приватна инвестиција на наш гастарбајтер во Швајцарија, од кичевското село Жубрино.
Новата фабрика ќе има дневен капацитет на преработка од 25 тони биоразградлив отпад, од кој преку системот за дигестори ќе се добиваат околу 3.000 кубни метри биогас на ден, кој може да се користи за различни цели. Биогасот и метанот ќе се согоруваат во гасната турбина, при што ќе се добиваат до 2.500 киловати електрична енергија на ден и до 1.500 киловати топлинска енергија.
Инвеститорот на оваа фабрика Фаик Шерифи во новоизградениот капацитет ќе вложи еден милион евра сопствени средства. Негова желба е искуствата од долгогодишната работа во Швајцарија да ги имплементира и на овие простори.
- Бидејќи сум 40 години во Швајцарија и таму имав можност да видам над 30 фабрики за биогас, одлучив нивните искуства да ги применам и во нашата земја. Со оваа фабрика може сите да добијат, бидејќи ќе произведува чиста енергија, а во исто време ќе бидат ангажирани поголем број лица - рече Фаик Шерифи, сопственикот на новата фабрика.
На свеченоста присуствуваше и Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево, кој истакна дека фабриката ќе го забрза развојот на градот.
- Новата фабрика е само првиот чекор кон сѐ позабрзаниот развој на Кичево и регионот. Придобивките од изградбата на овој капацитет ќе бидат како еколошки така и економски. Покрај тоа што ќе се вработат поголем број невработени лица, од оваа фабрика ќе добиваме чиста енергија, која како суровина ќе користи повеќе видови отпад - рече Дехари.
Новата фабрика ќе биде готова до крајот на септември.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52114750416&id=10&prilog=0&setIzdanie=23179[DOUBLEPOST=1400838515][/DOUBLEPOST]
СВЕТСКАТА КОМПАНИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ РЕГУС ОТВОРИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ
Светската компанија за издавање и управување со недвижности Регус отвори фирма во Македонија. Станува збор за регионален бизнис центар преку кој компанијата влегува во Македонија и во регионот.
Фирмата е основана со паричен влог од 5.000 евра, а управител на фирмата е Пауло Хенрик Диас.
Регус груп е светски позната групација за издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг). Присутна е во над 100 земји во целиот свет, поседува 1.500 бизнис центри во над 600 градови. Има над еден милион корисници, меѓу кои и најголеми компании котирани од листата Fortune 500, како и многу старт-ап, мали и средни компании.
http://kapital.mk/MK/makedonija/98096/svetskata_kompanija_za_nedvizhnosti_regus_otvori_centar_vo_skopje.aspx