Инвестициски БУМ во Македонија

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Зошто нема странски инвестиции најдобар одговор даваат оние малку кои што досега инвестирале во земјава.

Потенцијалните инвеститори на секој чекор се судираат со администрација заглавена во бирократијата, земјиште со нерасчистени сопственички односи, скриени трошоци што ја поскапуваат севкупната инвестиција. Лошите искуства од оние што инвестирале или пробале да го направат тоа само ги одвраќаат заинтересираните компании од земјава. Тоа им се случува и на странските, но и на домашните инвеститори.

„Владата не е искрена со странските инвеститори. Рамниот данок не е толку рамен, а на терен се појавуваат и други скриени давачки“, вакви впечатоци на турските компании за Македонија обелодени неодамна турскиот амбасадор во земјава, Арслан Хакан Окчал.

Според Окчан, странските фирми тешко ваделе работни дозволи и немале чувство дека судството може брзо и ефикасно да им даде заштита.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DC4DDA4C24B5D4DADCA5905C709FDD6
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Битолската пиварница ќе почне со работа

Наскоро се планира рестартирање на Битолската Пивара. Новиот сопственик на пиварницата, Блаже Димитров, сопственик на ,,Марди,, од Радовиш кој пред година и пол за 2 милиони евра на лицитација ја купи битолската пиварница со нови вложувања најавува дека за 20-тина дена фабриката треба да почне со редовно производство.
По реконструкција на голем дел од погоните, веќе се започнати и ладните проби.

,,Се донесе нова опрема. Се изврши измена на постојната стара цевоводна инсталација како амонијачна така и пивоводна, и алкохолна. Се напрвија големи реконструкции и на машини, ремонти. Со тие ремонти сме при крај. Вршиме и ладни проби. Се спремаме во најскоро време да ја стартуваме Пиварата со редовно производство,, вели Методија Стојчевски, технолог во Битолската Пивара.

Фабриката ќе произведува пиво и сокови.

,,Технолошки сме солидни, брендот ќе се зачува и ќе биде уште подобар,,- вели Стојчевски.

50 од поранешните вработени веќе се вратени на работа, а се планира вработување на уште 50 лица.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=82124

Иако е домашна инвестиција,сепак мислам дека заслужува внимание во темава.Со среќа нека им е новиот почетокот,и на газдите и на вработените.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Битолската пиварница ќе почне со работа

Иако е домашна инвестиција,сепак мислам дека заслужува внимание во темава.Со среќа нека им е новиот почетокот,и на газдите и на вработените.
Искрено, многу ме радуваат домашни инвестиции. Малите и средни претпријатија се најбитни за нашава економија.

Аирлија, нека се множат..
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Искрено, многу ме радуваат домашни инвестиции. Малите и средни претпријатија се најбитни за нашава економија.

Аирлија, нека се множат..
И мене ме радуват сите инвестиции и нови вработувања. Дали сеа малите и средни претпријатија се нај битни,тоа незнам,не сум економиста.Како и да е убаво викаш аирлија нека е да се множат,собираат.
 
М

Мартин`

Гостин
Џонсон Контролс ги доби првите машини

Првите 30 машини за производство на навлаки за автомобили, пристигнаа во фабриката на Џонсон Контролс која се гради во Штип.
Проект менаџерот на штипскиот погон на компанијата, Стив Мерил истакнува дека за околу две недели машините ќе бидат инсталирани, а фабриката ќе започне со производство кон крајот на оваа година, откако сите дозволи ќе бидат обезбедени.

-Според планираното, со работа ќе започнеме дури идната година, бидејќи работниците мораат да бидат високо обучени за производството кое се базира на строги и високо квалитетни нормативи, појаснува Мерил. Идната недела, пак се очекува да започне двомесечната обука на идните 30 - контролори на производниот процес.
Првите навлаки произведени во Штип ќе бидат наменети за халите на Волксваген, БМВ, Форд, Цитроен.
Џонсон Контролс е првата голема странска инвестиција, која со изградба на фабрика ги отвори вратите на македонските техничко технолошки зони за останатите странски инвеститори.

Според најавите од компанијата во фабриката ќе работат околу 1.400 лица.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092

Седумдесет милиони евра е новата инвестиција што ќе се реализира во Македонија. Скопје Сити мол е нов шопинг центар за кој инвеститорот Балфин МК обезбеди финансиски средства за негова доградба од конзорциум од европски и локални банки.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/skopje-siti-mol-nova-investicija-vo-makedonija
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Некаде прочитав дека Старбакс влегува во овој трговски центар што е навистина за поздравување. Конечно би рекла.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Додека ние го чекаме, турски „Шишеџам“ вложува во Бугарија

Од Агенцијата неодамна посочија дека контактите со „Шишеџам“ не престанале и дека континуирано се комуницира
Ние го очекуваме, а турски „Шишеџам“ почна да се проширува на пазарот во соседна Бугарија. Инвестицијата на „Шишеџам“ во Македонија се' уште е неизвесна, иако претставници од оваа компанија уште пред крајот на минатата година најавија дека на почетокот од годинава ќе почнат со нејзина реализација, преку изградба на фабрика за стакло во економската зона „Бунарџик“. И вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, ја потврди во неколку наврати таа информација, како и поранешниот директор на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо. Од Агенцијата неодамна посочија дека контактите со „Шишеџам“ не престанале и дека континуирано се комуницира со претставници на оваа компанија и само прашање на време е кога тие ќе се одлучат да инвестираат во нашата земја.

И додека Македонија е во исчекување на оваа инвестиција, „Шишеџам“ почна со изградба на две нови фабрики за производство на стакло во Бугарија, во рамки на комплексот „Тракија глас“ во Трговиште. Како што јавуваат бугарски медиуми, во изградбата на фабриките ќе се вложат околу 400 милиони долари, а работите ќе ги изведува турска компанија која победи на тендерот.

„Шишеџам“ веќе има две фабрики во соседна Бугарија во кои работат околу илјада работници во производство и 500 во други дејности. Турците планираат со изградбата на пет нови, во Трговиште да поседуваат вкупно девет фабрики за производство на различни видови стакло. (М.Т.) / utrinski vesnik
 
Abe ova,ako se sekjavam dobro stara informacija e.Moze pred 1godina go imase po Tv,vesnici,pa i na forumov se diskutirase za toa.Kako i da e ke se kaat turcive ako ne vlozat kaj nas.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Abe ova,ako se sekjavam dobro stara informacija e.Moze pred 1godina go imase po Tv,vesnici,pa i na forumov se diskutirase za toa.Kako i da e ke se kaat turcive ako ne vlozat kaj nas.
„Шишеџам“ веќе има две фабрики во соседна Бугарија во кои работат околу илјада работници во производство и 500 во други дејности.

Веќе ја знаат Бугарија имаат две фабрики , сигурно добро им е чим отвараат нови фабрики. Веста е нова.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Тоа БУМ смени го во ТРАС не знам пријателе во кој филм живееш али ова што го збориш трошка нема везе со реалноста.
Македонија наликува на Романија, на Киев во најлошите денови секоја втора девојка во Скопје можеш да ја легнеш со некој "поклон"(не многу скап до 100 евра).
Во земја со 40% невработени тие 140 вработувања не прават некоја голема разлика.

95% од форумот е посетуван од млада популација до 30 години, а таа на темата

Дали би заминале во странство?

се изјаснила со:

Да
461 гласови
77,1%

Не
137 гласови
22,9%
Да,моментално тоа е точно,ама дечкото погоре мисли дека ситуацијата наскоро ќе почне да се менува кон подобро(се надевам најискрено).Нашата мала и мила држава има ресурси(како тоа само странците откриваат нови наоѓалишта на руда?),има природни убавини(само немаме развиен туризам) итн. Проблемот беше во лошото менаџирање со државата досега,пак се надевам дека оваа гарнитура ќе биде подобра од сите досегашни и ќе најде модус да ја промени ситуацијата кон подобро!
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169

:pos: Priceless! :pos:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092

Европски успех на македонско подрачје. Данскиот бренд ЈУСК го отвори својот прв продажен салон во Скопје
Инвестицијата која чини повеќе од милион евра ќе им донесе на македонските граѓани голем избор по прилагодливи цени. ЈУСК освен за данскиот бренд отвори можност и за македонските производители да ги пласираат своите производи во овој продажен салон.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/investicii-vo-vreme-na-kriza
 
Kajgana Shop

На врв Bottom