- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Зошто нема странски инвестиции најдобар одговор даваат оние малку кои што досега инвестирале во земјава.
Потенцијалните инвеститори на секој чекор се судираат со администрација заглавена во бирократијата, земјиште со нерасчистени сопственички односи, скриени трошоци што ја поскапуваат севкупната инвестиција. Лошите искуства од оние што инвестирале или пробале да го направат тоа само ги одвраќаат заинтересираните компании од земјава. Тоа им се случува и на странските, но и на домашните инвеститори.
„Владата не е искрена со странските инвеститори. Рамниот данок не е толку рамен, а на терен се појавуваат и други скриени давачки“, вакви впечатоци на турските компании за Македонија обелодени неодамна турскиот амбасадор во земјава, Арслан Хакан Окчал.
Според Окчан, странските фирми тешко ваделе работни дозволи и немале чувство дека судството може брзо и ефикасно да им даде заштита.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DC4DDA4C24B5D4DADCA5905C709FDD6