Инвестициони фондови

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Еее да! И за дуќан е битна локацијата.... Нешто на темата... имам впечаток дека не веруваш многу на инвестициските фондови, те на златните фондови!?
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Еее да! И за дуќан е битна локацијата.... Нешто на темата... имам впечаток дека не веруваш многу на инвестициските фондови, те на златните фондови!?
Јас не вервуам многу во офшорните фондови. Ако сакаш злато земи најди компанија од типот на
www.bullionvault.com и купи злато и имај го.
Или пак земи било која FOREX компанија што дила CFD за злато (внеси пари за мин. една унца и купи CFD и чувај го).

Макар што јас би преферлриал физично злато како на www.bullionvault.com
 
fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185
дали знаете на кој начин може да се тргува со акции од странство...макар и нелегално да е!
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Дали може се "вложат" пари во некој странски инвестиционен фонд?
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
55
Поени од реакции
44
Јас веќе 6 години повремено ги истражувам инвестициските фондови, и од досега понудените други форми на долгорочно штедење во Македонија, највеќе се исплати штедењето во инвестициски фонд. Животното осигурување и третиот пензиски столб во позадина исто така имаат слична методологија на инвестирање (комбинација на акции, обврзници и валути), но бидејќи како производ нудат и нешто плус (осигурување при смрт на пример), затоа и провизиите за управување им се поголеми, па според тоа и приносот на долг рок е нешто помал.

Во оваа 2016 година, доколку инвестицискиот фонд понуди годишна заработка од 5%-8%, рачунајте го за успешен фонд. Сé над тоа е реклама или среќа. Кај нас фондовите изведоа нешто помала заработка, но сето тоа беше заради влезните провизии кои беа прилично големи поради тоа што беа инкорпорирани со мрежен маркетинг. Се надевам сега тоа не е така. На пример КД Фондови нуди значително помали влезни провизии од порано.

Исто така, важно е да се знае што се случува со вашата заштеда кога ќе ви се исплати на сметка. За инвестициските фондови знам дека се плаќа 7% данок на добивка, но на разликата од цена при профитот. Незнам како е за животното осигурување или пак третиот пензиски столб. Се надевам со закон е исто така 7%.

Последниве години низ светот се отвараат и т.н зелени фондови, каде што инвестициската политика им е инвестиции во компании кои се занимаваат со обновлива енергија. Според мене тоа е одличен чекор, бидејќи на долг рок, ваквиот тип на компании би биле многу поуспешни од компаниите кои се занимаваат со разни енергенси и нафта—компании во кои обично типичните фондови инвестираат. Убаво е и ова да се земе во вид, бидејќи како што се менува свеста и совеста кај глобалното население, така ќе слабеат и компаниите кои придонесуваат за глобалното затоплување, а ќе се засилуваат компаниите кои придонесуваат за позелена иднина. Според тоа, инвестицијата покрај умна, може да биде и совесна.
 
Јас мислам дека свеста и совеста на зелените душегрижници за животната средина не ги одредуваат профитите на компаниите. Главен факор тука се економски фундаменти кои кажуваат дека по еконосмка исплатливост енергенсите се, нукеларно, гас,нафта, јаглен, и потоа дури следуваат зелените енергенси кои се 99% еконосмки неисплатливи и постојат само како резултат на владини субвенции нешто што денес го има утре го нема.

Нема логика да инвестираш во нешто само ако е зелено и се грижи за животната средина. Колку и добро да звучи тебе примарен мотив во инвестирањето претпосатувам ти е да инвестираш за да оствариш принос на својата инвестиција.

Има интересни зелени работи кои се случуваат кога зелени бизниси успеваат да ги надминат валканите бизниси во ефикасност и исплатливост. Во тој случај нема никаква дилема дека треба да инвестираш во нив. Тоа е така затоа што при исти резултати и вложени ресурси светот ќе префериа целите да ги оствари на зелен начин. Пример за тоа е Тесла кои конечно направија автомобил кој може да се токми со нафтените автомобили по перформаси. 450 км дострел, многу станции за брзо полнење, 2.3 литри на 100км еквивалента потрошувачка за автомобил со солдина брзина и екстремно забрзување. Би рекол дека уште многу малце останува додека поче еден процес на заменување на автомобилите со електрични.

Најдобрата инвестција на планетава е нуклеарна енергија но тука секогаш се поставува прашање на која цена. На поволна цена нуклеарка ќе си врати свои резултати. Поркај тоа што нукеларка победува се на база на еконмска ефикансост, нукеларка е една од најзелените енергии за масовна потрошувачка. Да бидеме реални никогаш светските потреби нема да ги задоволиме со ветар, сонце или вода. Од алтерантивите со кои можеме да ги задоволиме светските потреби, нуклеарната енерегија е најзелената.

Инаку инвестициските фондови се интересни. Јас не ги обожувам КД Фоднови пред се поради енормините провизии кои ги наплќаат посебно на помали инвеститори... Дури 5% влезна провизија, и дури 2.75% годишен надоместок... Па што ќе постигнат тие? Во просек нека го остварат 60 годишниот просек на пазарот од 8% кога ќе гии извадш нивните 3%, остануваш со 5% принос. Тука треба да се запрашаш дали можеби не е повредно да бараш атрактивна недвижнина во Скопје, Софија или подгорица и да оствариш 6% нето принос од ќирија, или можеби да вложиш во некои од поликвидните акции на македонската берза. Или можеби да вложиш во фондот за обврзници на КБ Публикум кој има некој просек од нето 5% (6% бруто, има 1.25% годишен надоместок) изминатите 5 години и инвестира во корпоративни обврзници, или пак паричен фонд без влезна и излезна провизија и приноси од 2.3%-5% кои се најбезризични инструменти на пазарот.

Она што фали на македонскиот пазар мислам дека се фондови со многу мала управувачка провизија и нула менаџмент. Би било релативно лесно да се креираат индексни фондови на американските и некои од европските индекси и да се наплаќа влезна/излезна провизија во износ на брокерската провзијата на купување и продавање на инструментите и да се наплаќа некоја смешна управувачка провизија од 0,5% годишно.

Бројни студии имааат покажано дека профтолио менаџерите во просек го остваурваат пазарниот принос и не го победуваат пазарот. Бројни познати инвеститори упатуваат на тоа дека недоволно инфомрмирани инвеститори најдобро е да инвестираат во индекси преку еднавки месечни инвестции и упросечување на куповната цена на индексот. Така инвеститорите можат да очекуваат просечен принос на пазарот на долги периоди кој ќе биде 7%-7.5% нето што ги победува моментално достапните инвестициски алтернативи на македонските инвеститори.
 
Последно уредено:
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
знае некој дали државата ги оданочува партите вложени во инвестицонен фонд?
 
Член од
18 август 2015
Мислења
159
Поени од реакции
85
Нешто да споделите за инвестициските фондови. Долго време не е активна темава. Вреди ли да се инвестира денес (2019 г.). Совети, мислења...?
Фала
 
D

Deleted member 95595

Гостин
Нешто да споделите за инвестициските фондови. Долго време не е активна темава. Вреди ли да се инвестира денес (2019 г.). Совети, мислења...?
Фала
Sekogash vredi da se investira..... Ne postoi prav ili losh moment za investiranje. Ako planirash da investirash vo investicki fond (akciski) ondak ili bidi spremen 10 godini da gi chuvash parite tamu i da ne gi chepkash ili voopshto ne vleguvaj vo takva investicija. Inache, WVP Fund Management e momentalno broj 1 drushtvo za upravuvanje so investiciski fondovi vo Makedonija i isto kako shto nejzinata sestrinska firma, WVP osiguritelnoto brokersko drushtvo e Alfa i Omega vo biznisot so (zivotno) osiguruvanje vo Makedonija, taka i investiciskiov Fond e (ke bide).
I da, 5 godini rabotev vo firmava, ama vekje ne. Ova go kazuvam zoshto sigurno na nekoj ke go zacesha trol nervot i ke skokne so komentar "sigurno sakas da prodadesh".
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
Фонд со најголем раст е КБ Публикум МБИ 10 после следат пензинските на Сава и КМБ. Ова се топ 3 фонда и по раст и со најниски провизии. Подалеку од другите.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Гледам на МСЕ веб страната вметнале конечно и податоци за фондовите. Не знаев дека толку ги имало на број. Но генерално гледано МСЕ веб страната е доста слаба и бара дополнителна обработка на податоците за да дојдиш не некаков основен заклучок. Ме интересира како функционираат фондовите?
Имаш сума и купуваш удели исто како кај акциите.
- Провизија пример за купување на акции е ~1,2%. Колку е за провизијата за удели во фондовите?
- Дали плаќаат дивиденда како кај странскиве фондови?
- Дали можеш и кај нив капитлана добивка да направиш ко кај акциите, макар што овие се повеќе за долгорочно.
- Погоре имаше пишано нешто за влезни провизии 5% и годишна провизија од 2.75% (коментар од 2016та).
- За странските влезна провизија е претпоставувам трошокот за порамнување и има исто месечно за чување. Дали има некаков друг трошок кој е поврзан?

> Ако се има горново во предвид, гледајќи ги повисоките трошоци за удели во странските фондови, ме интересира дали се исплаќа повеќе во странските фондови или во домашен кој веројатно има помали трошоци, но и приноси.
> Втора споредба со МСЕ. Го гледав КБ Публикум последен месец 2,63%, а последниов месец МБИ10 е падни-стани по 1%. МСЕ сам да инвестираш во акции можеш повеќе да заработиш, но бара и повеќе инвестирано лично време. Инвестирам во акции, но учам допрва, а гледам има доста за учење. Па ме интересира за ваше мислење сенерална споредба.
 
Последно уредено:
Член од
18 август 2015
Мислења
159
Поени од реакции
85
Контактирај повеќе “соработници” од разчични фирми. Пробај со WVP, Илирика итн..., направи си муабет, прашај се што те интересира, па после тоа одлучи се каде да инвестираш...
Јас имам во WVP инвестициски фонд на развиени компании (не ми текнува оригиналното име), имаше само влезна провизија и тоа беше се.
Некако и Илирика ми гледаја ОК. Како и да е, на нивните официјални страни има детално објаснето за многу работи и прашања што ќе те мачат...

Поздрав
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
 
Член од
17 јули 2020
Мислења
63
Поени од реакции
36
Гледам на МСЕ веб страната вметнале конечно и податоци за фондовите. Не знаев дека толку ги имало на број. Но генерално гледано МСЕ веб страната е доста слаба и бара дополнителна обработка на податоците за да дојдиш не некаков основен заклучок. Ме интересира како функционираат фондовите?
Имаш сума и купуваш удели исто како кај акциите.
- Провизија пример за купување на акции е ~1,2%. Колку е за провизијата за удели во фондовите?
- Дали плаќаат дивиденда како кај странскиве фондови?
- Дали можеш и кај нив капитлана добивка да направиш ко кај акциите, макар што овие се повеќе за долгорочно.
- Погоре имаше пишано нешто за влезни провизии 5% и годишна провизија од 2.75% (коментар од 2016та).
- За странските влезна провизија е претпоставувам трошокот за порамнување и има исто месечно за чување. Дали има некаков друг трошок кој е поврзан?

> Ако се има горново во предвид, гледајќи ги повисоките трошоци за удели во странските фондови, ме интересира дали се исплаќа повеќе во странските фондови или во домашен кој веројатно има помали трошоци, но и приноси.
> Втора споредба со МСЕ. Го гледав КБ Публикум последен месец 2,63%, а последниов месец МБИ10 е падни-стани по 1%. МСЕ сам да инвестираш во акции можеш повеќе да заработиш, но бара и повеќе инвестирано лично време. Инвестирам во акции, но учам допрва, а гледам има доста за учење. Па ме интересира за ваше мислење сенерална споредба.
Zdravo, istovo prasanje me interesira i mene dali se isplaca da investiras vo fondovi, dali nekoj od grupava ima investirano da spodeli iskustvo kako se toa odi dali ima dividenda i dr.., Inaku sum zainteresiran za vlozuvanje na akcii vo stranski berzi pa ako nekoj ima pogolemo iskustvo da spodeli, (znam deka postoi tema za investicii vo straski berzi) no i tamo ke go postavam prasanjevo za licni iskustva.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Еве да ви ја затворам дискусијата за фондовите. Многу подобро да си ја пробате среќата сами него да им плаќате дебели влезни и управувачки провизии на „менаџерите“
Бројките се крајно убедливи, еве ги:

Прегледај го приврзокот 260077Прегледај го приврзокот 260078

Буквално СЕКОЈ фонд има полош поврат од просекот за време на своето постоење. Да им довериш пари да ти управуваат е како да отидеш кај доктор што 15 години лечел полошо него што луѓето сами би се лечеле. Никој не треба да става ни денар во овие фондови, а вториот пензиски столб треба да се укине пошто е најобичен паразит што македонските пензионери досега ги чинел накај 300 милиони евра.

На луѓе можеш со сила да им земеш, ама не можеш со сила да им дадеш. По ваков опис на институциите и фондовите, последен совет е да немаат никаква доверба во системот и во тие што самоуверено им даваат инвестициски совети, а особено во приватни пораки.

Ќе баталам пишување на некое време, а на сите ви посакувам многу среќа и пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom