Не сум бил на психолог,но им верувам,најнормално,ако на нив нема да им верувам на кој да му верувам,во смисол на тоа што тие најдобро знаат да ни помогнат во решавањето на проблемите и да ни помогнат да сватиме кој,како и зошто го поттикнал проблемот...Не знам зошто луѓето мислат дека одењето на психолог луѓето ги прави луди,ама знам дека радо би отишол на психолог доколку ми се укаже таква можност,имало толку проблеми кои не сум имал можност да ги размислам и да ги решам,а времето минува и не стопира или чека за јас да го средам мојот живот. Инаку психологот колку и да се споредува со другите луѓе има големи разлики поради навистина големото разбирање во тоа што го збориш,иако како што прочитав во повеќето постови,сепак и тие се луѓе... инаку психологот нема да ти реши ниеден проблем,туку давајќи ти совети ќе ти помогне да го реализираш и по најлесна постапка да ја/го оттргнеш мислата/проблемот која не ти дава да продолжиш со тоа што си започнал.