Само да ве известам дека успешно помина и премиерата на филмот во Сиднеј. Деновиве филмот има премиера и низ другите австралиски градови. Филмот ми се допадна, режисерот патува низ цела Македонија и прави интервјуа со Македонци. Има вклучено и актери, пејачи, политичари и други граѓани. На крајот на филмот имаше околу пола саат прашања од публиката кон режисерот и продуцентите. Кажаа дека филмот ќе се промовира и во странство и дека се во потрага по спонзори за емитување во Македонија и дека преговарале со некоја од нашите ТВ станици за да го емитуваат филмот. Инаку низ Австралија гејците постојано протестираат против филмот како демек промовирал "расни" навреди и бил националистички. Ако нека се лутат, да знаат дека вистината ќе биде кажана! Исто морам да го пофалам и екипажот на филмот, после филмот останаа да разговараат со сите луѓе и да им одговараат на прашањата на заинтересираните.