Има ли Македонија јунак кој може да им каже "НЕ" и на НАТО и на ЕУ?

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Мислам дека е време да си побараме човек Македонец кој може да им каже "НЕ" по секакви услови,и на НАТО и на ЕУ.Гледаќи го составот на глаучи во Македонскиот политички врв јас мислам дека нема таква личност моментално меѓу нив,и дека треба да си побараме човек зад кој ќе се здружиме сите без разлика на вера,национална или политичка припадност.
Покрај другото таа личност ќе треба итно и безусловно да им ја откаже "љубовта" на НАТО и ЕУ па јасно да им достави до знаење дека не се пожелни во земјава доколку не го респектираат домаќинот,па ни како транзит низ "неговата нива" а камо ли од него да бараат логистика за нивните планови во иднина.
Имате ли некаков предлог,да продискутираме за него?
 
Orkad

The Master
Член од
5 октомври 2007
Мислења
1.010
Поени од реакции
10
Абе во Македонија што нема, нема(барем засега) таков човек кој ке може на ЕУ на НАТО да им каже НЕ. Но нам и не ни треба таков човек и да бидеме срекни што таков „херој„ не се појавил, затоа што ние не сме земја која е економски, политички, воено, а богами ни етнички стабилна и не ни одговара доколку со ЕУ и НАТО ги влошиме односите кои и така не се сјајни.
Ние не можеме да се споредуваме со земји како што е Швајцарија па да се издигаме како држава сами.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека нема моментално таков човек,бидејќи целта на било која власт во Македонија е да влеземе во ЕУ и НАТО.
Едноставно сите се плашат да ја изгубат меѓународната подршка и нема човек кој сака да се случи тоа.
 
Svetovid

Триглав
Член од
26 февруари 2006
Мислења
868
Поени од реакции
44
Мислам дека е време да си побараме човек Македонец кој може да им каже "НЕ" по секакви услови,и на НАТО и на ЕУ.Гледаќи го составот на глаучи во Македонскиот политички врв јас мислам дека нема таква личност моментално меѓу нив,и дека треба да си побараме човек зад кој ќе се здружиме сите без разлика на вера,национална или политичка припадност.
Покрај другото таа личност ќе треба итно и безусловно да им ја откаже "љубовта" на НАТО и ЕУ па јасно да им достави до знаење дека не се пожелни во земјава доколку не го респектираат домаќинот,па ни како транзит низ "неговата нива" а камо ли од него да бараат логистика за нивните планови во иднина.
Имате ли некаков предлог,да продискутираме за него?
Ние како народ немаме никаква идеја, а нашето “руководство“ нема никакава стратегија што и дали нешто добиваме со влезот во таканаречената “Европска Унија“. Немаат листа со национални интереси од кои нема мрдање ни за педа. На европските говна треба да им се рече: “Господа, со сета должна почит кон вас, ова се нашите национални интереси од кои не отстапуваме. Ако не ви се прифатливи тогаш извинете немаме што понатаму да разговараме. Ако некогаш се предомислите и ги прифатите ние најрадо ќе ги продолжиме преговорите со вас, а до тогаш ПРИЈАТНО!“ А да за малку да заборавам, сите оние “дипломати од меѓународната“ кои се дрзнале да просерат нешто против државата (фуере педерот пред се) да се протераат како најдолни криминалци, исто така со едно фино срочено извинување кон “европските институции“ во стилот: “Извинете ама овие луѓе го пробија и најдолниот плафон во тоа што се вели добар вкус во дипломатските односи и непочитување на земјата домаќин. Повелете испратете ни кутлурни дипломати од се срце ќе ги прифатиме“. Ех да и веднаш под итно воведување реципроцитет во визниот режим!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
....................................... да и веднаш под итно воведување реципроцитет во визниот режим!
Ubav son , ama toa pedofilite odamna rabotat na slucajot...,a be tie ja raskupusaa Yu kako bebe tropalceto, pa ke ostavat na slucajnost vo MKD da im se ISPILI nekoj koj ke im kaze NE :)
I da ima takov , od nekoj forum ili kafanska masa podaleku ne moze da stigne :):)!!! I ako se protne niz prvicnata kontrola , na vtorata IMA DA GI NEMA :)
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129

:wink::wink::wink:
 
Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Нема да е фер од нивна страна ако НИЕ треба да бираме помеѓу името (што гордо го нодиме 7000 години) и НАТО....
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Има ли Македонија јунак кој може да им каже "НЕ" и на НАТО и на ЕУ?
Има. Ама ќе ги фати на финта.

Цело време они ни одложуваат, и не одбиваат....И таман моментот кога ќе ни достават покана за членство...по кратко ќутење...„Не, фала!“ :)

А мојот предлог би бил, да им предложиме на НАТО да ја избркаат грција од алијансата, и откога ќе влеземе заедно со Албанија, Турција се веќе таму, ќе ги делиме! Албанија ќе ја земе Чамерија, Македонија Егејот, Турција - се останато!

Ем волкот сит, ем овците на број.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А мојот предлог би бил, да им предложиме на НАТО да ја избркаат грција од алијансата, и откога ќе влеземе заедно со Албанија, Турција се веќе таму, ќе ги делиме! Албанија ќе ја земе Чамерија, Македонија Егејот, Турција - се останато!

Ем волкот сит, ем овците на број.
A sto ako volcive tesko se zasituvaat..so svoeto a? :wink:

Sala na strana,se soglasuvam so ABC deka treba da se zastane obedineto i jasno da im se dade do znaenje deka clenstvoto vo tie zapadnjacki klubcinja NATO i EU ne e pogolemo od naseto dostoinstvo.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Пред некој ден во ВРЕМЕ на насловна излезе ваков наслов:

ШТО НЕ ОЧЕКУВА НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ЊУЈОРК?
Името не го даваме, НАТО го даваме?

Можеби ова значи НЕ на НАТО.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.036
Поени од реакции
11.095
Изгледа сепак имало бе таков јунак? Сите досега кои прокоментираа на темава, ги молам да кажат нешто на ова:

Македонскиот државен врв нема намера да попушти и да го смени името по притисок од Грција, па дури тоа ја чини државата членството во НАТО.

Премиерот Никола Груевски во интервју за државната агенција МИА вели, дека Грција многу силно лобира Македонија да не добие покана, ако не го смени името.

Премиерот и Претседателот на неодамнешната средба ги согледале овие проблеми и зазеле заеднички став, дека НАТО е врвен приоритет, не само за политичарите туку и за граѓаните.

„Истовремено менувањето на уставното име, по желба на Грција, е превисока цена за овој голем приоритет и тоа за нас е апсолутно неприфатливо, дури и по цена на НАТО„ вели Груевски за МИА.

Се очекува на утрешната средба меѓу Претседателот и Премиерот да се реафирмира овој став и да се изгради стратегија против грчкото лобирање, за да воопшто не дојде до тоа, Македонија да треба да избира меѓу името и членството во НАТО.

По прашањето за името, владата денеска доби поддршка и од опозицијата.

„По ова прашање, како и по сите други прашања од стратешки државен интерес, власта може да смета на конструктивна опозиција. Одбраната на уставното име е наш заеднички приоритет“, изјави Радмила Шеќеринска, претседател на СДСМ.

А во пресрет на утрешната средба Груевски - Црвенковски, премиерот во обид да постигне државен консензус имаше и средби со своите коалициони партнери ДПА ПДП и НСДП. Тие му дадоа безрезервна поддршка во одбраната на уставното име.

„Врвен приоритет на државата се интеграциите во НАТО и во ЕУ, но не можеме да дозволиме да направиме компромиси кои ќе удираат врз темелите на државата и врз иднината на граѓаните на РМ“, изјави Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Реагираа и македонските писатели. Друштвото на писатели денеска се огласи со соопштение во кое се вели, дека барањето на Нимиц е ирационално, апсурдно и претставува уцена.

Додека во Македонија не стивнуваат реакциите, во Атина се уште молк, нема никакви реакција по предлогот на Нимиц, со кој во основа се бара Македонија да го смени името за меѓународна употреба или, пак, некаков коментар за македонското „не“.

А1
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Истата работа ја изјави уште пред неколку недели Милошоски а и Тачи го потврди истиот став.
 
Orkad

The Master
Член од
5 октомври 2007
Мислења
1.010
Поени од реакции
10
бравоооооооооо за Груевски
да се знае дека Македонија не може поинаку да се вика
 
Kajgana Shop

На врв Bottom