Имате ли корист од МТЗ, Ликовно и Музичко?

Имате ли корист од овие предмети?

  • Да имам супер се научив многу на тие предмети

    Гласови: 21 36,2%
  • Не немам корист - жива тапа ме тераат на кидање

    Гласови: 37 63,8%

  • Вкупно гласачи
    58

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
музичко и ликовно треба да има до 4 одд еве може и највеќе 6то ама понатака не
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
јас немам никаква корист само губење на време и потрошено некој час повеке на некој досден цртеж или лекција музичко:toe:
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
25
Поени од реакции
1
Некои предмети у школо ни зависат од тоа кој смер сме или по која програма учиме. Некои се исти за сите. Некои ги мрзиме некои ни се интересни. У секој случај сите мораме да слушаме математики, англиски/јазици, македонски, да траме на физичко итн итн....
Арно ама има едни предмети кои ги учиме по година дена а никој жив не знае зошто се учат. Незнам ни дали некој од вас има некаква корист од тоа што таму се учи. Оние кои сакаат тоа да го студираат најчесто учат и тематски школи ама сите други ги учиме за без врска.
Како вие гледате на предмети од типот
ОНО(Општо Народна Одбрана) после го преименуваа во ОЗ(Одбрана и заштита) па сега се вика МТЗ (Мир, толеранција и заштита).
Ликовна култура,
Музичка култура
а што е разликата меѓу МТЗ и ОНО? :) понова генерација сум, не знам, ама ме интересира зашто имам МТЗ
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Имаme, како не? Инаку од каде би научиле за естетика и историја на уметноста. Проблем е што професорите по овие предмети ретко кој се замара.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
немаме корист....повеќе корист има од физичкото отколку од музичко и ликовно......
за ОНО и МТЗ незнам. Знам само дека во втора имавме проектна по МТЗ...нешо за дрогата беше. како предмет не сме ни го учеле....
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
25
Поени од реакции
1
не ни може како предмет да се учи...не е задолжителен, проектна е...а ОНО бил задолжителен....би го заменил со музичко :)
 
T

Tetro

Гостин
Ликовно и музичко треба да се има (па се` до факултет, а и таму не е на одмет), како и географија и историја, а уште повеќе краснопис, оти како што ве дигитализираа, ќе заборавите да пишувате.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
25
Поени од реакции
1
фалеше уште тестовите да се решаваат компјутерски...
 
K

kalimer0

Гостин
Јас имам на пример во понеделник после 8ми час има автобус а 8ми час имам ликовно. Наместо да чмаам 40 минути - со ликовно си го пополнувам времето.
 

Gea

месечинка
Член од
11 октомври 2011
Мислења
217
Поени од реакции
720
Да, имам корист. Знам да препознаам инструмент, знам кој е Пикасо, Моцарт, Бетовен, знам се‘ за хипиците, нивните движења, сфаќања, обожавам и балет, театарски претстави, ги знам и правилата на играње на кошарка, ракомет, па дури и фудбал. Можам да се впуштам во дискусија на било која област, и било која тема(ок, скоро). Зошто? Затоа што сум интелектуално богата!! Општа култура се нарекува тоа, браќааа, и не гледам како би претставувало штета и губење на време!!! А и - тејк ит изи - предмети се, така да, ноу биг диал, зошто да не?
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.098
последниве години младите професори шо идат да предават по овие "предмети" се преценват и ги споредват со Македонски и Математика..ете јас имам слушнато за случав во техничко училиште во прва година со 3ки и 4ки било детето ама Музичко цела година имал единица и некако на крајот 2ка му пишала
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
Јас завршив основно пред еден век ама сепак да го споделам моето мислење:

Од ликовно ни јас нити било кој немал никакво фајде. Колку и да не учеа наставниците, ако немаш талент за сликање никогаш нема да бидеш сликар. Имав другар на кого татко му беше сликар, детето чуда црташе уште на 8 години, кога ние останатите цртавме куќарки. Според мене, ликовно треба да е изборен предмет (не знам како е сега и дали воопшто има изборни предмети).

Од музичко имав каква-таква корист, научив многу работи чисто од општа култура а оние деца кои се решија да се приклучат на хор или оркестар (имавме во школото) имаа уште повеќе корист, посебно децата кои учеа да свират разни инструменти добиваа посебен третман од наставникот и научија многу. Некои продолжија да се бават со музика на еден или друг начин.
 
S

stefi

Гостин
Абе има потреба и интересно би било доколку знаат да ги предаваат, исто важи и за јазиците. Мислам дека никој нема научено јазик од школо, целото знаење е од курсеви...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Јас завршив основно пред еден век ама сепак да го споделам моето мислење:

Од ликовно ни јас нити било кој немал никакво фајде. Колку и да не учеа наставниците, ако немаш талент за сликање никогаш нема да бидеш сликар. Имав другар на кого татко му беше сликар, детето чуда црташе уште на 8 години, кога ние останатите цртавме куќарки. Според мене, ликовно треба да е изборен предмет (не знам како е сега и дали воопшто има изборни предмети).

Од музичко имав каква-таква корист, научив многу работи чисто од општа култура а оние деца кои се решија да се приклучат на хор или оркестар (имавме во школото) имаа уште повеќе корист, посебно децата кои учеа да свират разни инструменти добиваа посебен третман од наставникот и научија многу. Некои продолжија да се бават со музика на еден или друг начин.
Во програмата за ликовно е предвидено и да се предава историја на уметност, не само да се цртка, само што професорите не се многу заинтересирани за тоа, ретко кој предава лекции. Ние во средно имавме и учебник по ликовна уметност, само уште од основно сите бевме научени дека ликовно "не е час на кој се учи", па не ги сфаќавме сериозно предавањата на професорката. Затоа денес ретко кој од нас знае да препознае некоја слика од кој уметник е, периоди во уметноста или што значат некои поими од ликовната уметност. За жал, простички и хендикепирани сме малце на таа тема.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
Во програмата за ликовно е предвидено и да се предава историја на уметност, не само да се цртка, само што професорите не се многу заинтересирани за тоа, ретко кој предава лекции. Ние во средно имавме и учебник по ликовна уметност, само уште од основно сите бевме научени дека ликовно "не е час на кој се учи", па не ги сфаќавме сериозно предавањата на професорката. Затоа денес ретко кој од нас знае да препознае некоја слика од кој уметник е, периоди во уметноста или што значат некои поими од ликовната уметност. За жал, простички и хендикепирани сме малце на таа тема.
Можеби сега, порано беше 99% цртање, па разни задачи за по дома да се изработи нешто итн... многу досадно и бескорисно. Историјата се учи во една школска година нема потреба од повеќе. Ако не си уметник во душа, учи колку сакаш, сликата секогаш ќе ти биде компилација од шкрапаници кои не значат ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom