Имате ли корист од МТЗ, Ликовно и Музичко?

Имате ли корист од овие предмети?

  • Да имам супер се научив многу на тие предмети

    Гласови: 21 36,2%
  • Не немам корист - жива тапа ме тераат на кидање

    Гласови: 37 63,8%

  • Вкупно гласачи
    58

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Некои предмети у школо ни зависат од тоа кој смер сме или по која програма учиме. Некои се исти за сите. Некои ги мрзиме некои ни се интересни. У секој случај сите мораме да слушаме математики, англиски/јазици, македонски, да траме на физичко итн итн....
Арно ама има едни предмети кои ги учиме по година дена а никој жив не знае зошто се учат. Незнам ни дали некој од вас има некаква корист од тоа што таму се учи. Оние кои сакаат тоа да го студираат најчесто учат и тематски школи ама сите други ги учиме за без врска.
Како вие гледате на предмети од типот
ОНО(Општо Народна Одбрана) после го преименуваа во ОЗ(Одбрана и заштита) па сега се вика МТЗ (Мир, толеранција и заштита).
Ликовна култура,
Музичка култура
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Jas bidejki sum strucno skolo, i onaka ne ucam mnogu od opstite predmeti.
Mejutoa vo prva godina ucev muzicko i likovno, iako nemase potreba od toa. Na primer kaj nas ima predmet koj se izucuva pola godina od 1vata godina sredno, osnovi na gradeznisto, koj apsolutno ne e potreben, bidejki se sto sodrzi toj predmet jas ucam sega a i do 4ta ke ucam.
E sega, vo osnovno imav predmet "gragjansko pravo" i mnogu mi se dopagase. Ednostavno me nauci na tolerancija, na poubavo odnesuvanje, i na pocit kon drugite luge.
Mislam deka fizicko ne treba da ima. Zamara...:icon_lol:
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Види, во основно убаво би било да има такви предмети ама пак средно нема потреба. Јас завршив во ДЕТУ Михајло Пупин (Коце де :)) е јас сеа стручно шоколо, а учам хемија, биологија, географија, историја , граѓанско, музичко, ликовно.... бууквално џабе седиш на час, зошто никогаш мене нема да ми затреба од каде сеа дошло сулфурна киселина или незнам ти ја што... без везе предмет. Физичко пример е предмет што не го сакам, ама сепак треба да биде застапен па и на факултет.
 
B

BushMan

Гостин
Некои сакат, а некои не. На пример јас лично не сакам, бидејки не планирам да одам на факултет на музичко или ликовно, а некои сакат баш затоа. Но јас каде што учам и сум 2 година
(ОСУ Јане Санданск и - Струмицаа)
учам и Математика, Македонски, Англиски,
Француски, Информатика, Географија,Историја, Биологија, Хемија, Физика.....и да не ги бројам сите.
Јас на пример одам на Информатика-што ке ми е на мене Хемија, Биологија и друго кога информатика ми е најважно. Додуша ке се определуваме во 3 година кој каде, односно по која насока ке тргне, но јас мислам дека тоа треба многу порано да се направи.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
I jas sum strucno imavme i nie vo prva likovno i muzicko,no samo onaka kolku da se kaze ne se pisuvase ni oceni po tie 2 predmeta,taka da mislam ne bea potrebni
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Nema potreba za takvi glupavi predmeti,ako nekogo go interesira muzicko ke si odi vo muzicko skolo i slicno.Toa e samo dopolnitelno optovaruvanje so casovi.
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Немам такви предмети :)
 

MoNa`

Do you believe in perfection ?
Член од
18 април 2006
Мислења
1.702
Поени од реакции
6

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Убави се тие предмети заради стекнување општа култура, чисто човек да си знае кој е Бах, Моцарт, бетовен и други класици, да го запознае Пикасо, Гоген, Џото, Ван Гог. Да научи кој бил Ганди, дека по него е именуван гандизмот како вид на борба, да научи што е Иреника и такви работи. Сум за тие предмети, заради лична надградба и проширување на сопствените видици. Ако сте ги учеле, немора да се занимавате во животот со нив, туку заради себе, убаво е човек да има познавање од повеке области.
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Мене ми треба музичка култура за да стекнам вкус за она што е квалитетно уметничко дело а не да видам некое срање и да речам: ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈ ВИДИ ГО ОВА КОЛКУ Е ДООООООООООООООБРООООООООО.
Сакам да можам да ги анализирам повеќето контексти на едно уметничко дело, совпаѓањето на боите, методите и материјалите кои се употребени да и да изведам краен заклучок од тоа. Музичко ми треба за утре коа ќе ми пуштат музика да знам дека е од Моцарт или Бетовен, да знам нешто од теорија и нешто од практика. Овие предмети според мене се корисни. Инаку јас учам во гимназија и за време на цело образование ќе ги имам предметиве.
 

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Nikako sto ke mi e likovno ili muzicko vo elektrotehnicko skolo ? :) inace imav vo prva godina muzicko i ucevme ,a likovno imav vo vtora,zaboraviv i mtz imav vo vtora mislam interesen predmet mi bese toj
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10
Баш сум за такви предмети, колку и да не осеќаме пак даваат некоа дисциплина, пак се учи нешто колку и да не се осеќа тоа. Јас на пример од кога почнав со музичко (хор) на школо, гласот невероватно многу ми се поправи, и повеќе контрола имам и се. Огромна разлика гледам. ОТП на пример можда не е некој корисен предмет, али пак занает е. Ако отидеш горе до ОТП 3-4 комотно можеш некоја продавница да си отвориш ако си нараден за тоа.

Едноставно како што рече strumics општа култура е, да знаеш утре да седниш со некој и цивилизиран муабет да направиш, и да знаеш за што ти збори.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Јок трилчо нема то веќе.
Инаку овие предмети треба и мора да ги има во гимназии ама во стручни школи се малку бесмислени.
ОНО или ОЗ или МТЗ мора да има исто како што го има и на факс.
За физичко од прво одделение па до крај на факс исто мора да има, мора да се научат луѓето да спортуваат инаку , тоа е еден од клучните моменти до поздрав и подолг живот, Само со таа разлика што јас не би ги оценувал способностите на ученикот , туку активноста, ако ученикот не се испоти на час по физичко исто е ко да не бил на час и предметот не си ја остварил целта за која е наменет.
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
A ako dobro se ispoti na prvi cas, i nema kade posle toa dase izmie, sredi itn....i mirisa i se oseka neprijatno na ostanatite 6 casa.Tapa.
Jas sepak sum na mislenje deka denesnive ucenici sto i da gi prasa covek ke recat ne treba. Nie porano znaevme da cenime i znaevme da izvleceme korist od se ama denes tesko nekako. Da ima predmeti klikanje na maus, brzo pisuvanje sms, vriskanje po ulici posle 23.00 mislam deka ke glasaat za vo sprotivno nema sansi.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Тоа со потењето е точно ама затоа во интерес на здравото обрзование на учениците ќе се организира часот физичко да биде последен во денот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom