Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 4.996
- Поени од реакции
- 12.573
Само што се вративме со возот, и мора да кажам дека да не ми беше толкава желбата да навивам за нашите, некогаш не би одел со возов.Значи можеше да се најде се, од 7 до 77 на возот.Прво, во 3 20 стигнувам на железничка, чекав до 5 само за да влезам внатре и до 6 за возот.Стигнавме во 4 негде во Белград, со застанување едно во Ниш, кај што искочивме надвор и некој почна да вика Ниш е македонски град и моравме да се вратиме назад одма.Навивавме што навивавме, се дерев со цел глас за сите пари, само ме изнервира што не имитираа со знамето и над мене и едно 100тина наши навивачи мораше да пројде големото српско знаме.Во возот влеговме околу 11, требаше во 11 30 да тргне АМА чекавме во место до 3 саат без никаква причина, во полу сон бев ама никој незнаеше зошто чекаме толку многу за да тргнеме.Дури во 1 30 стигнавме кај нас на железничка што се вкупно 25 часа пат, што е преморувачки.Како и да е, уште едно искуство, запознавање нови луѓе, навивање до бесвест, ќе го памтам ова долго сигурно
Ќе има
Јас колку шо разбрав чекањето било пошо поради невреме имало паднати дрва на пругата, па дури да исчистет.... а за то време во вагонот кај мене немаше парно! Значи од 11 до 3 сатот смрзнавме буквално пошо некој идиот го имаше исклучено парното . Иначе организација супер беше бе, само се изнервирав ко влегов таму во арената значи буквално се ми зедоја бе! Батериите за апаратот, мастиките, лабело, ми исфрли се од ранецот таа од обезбедување, шминките за цртање,а најмногу шо ме изнервира ми го отвори новчаникот и пошо имав 5 евра во мене железни ( и јас глупа, заборајв да ги разменам ), ми ги собра и ми ги пикна таму во таа кутијата за хуманитарни цели, а денарите ситни ми ги остаде. Па ако сакам да фрлам со денари ќе фрлам, со евра сигурно не
А иначе многу интересно беше по пат, заебанции, дружења итн