Изум на македонски иноватор доби светско признание

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Уште еден успех за Македонија
Изум на македонски иноватор доби светско признание



Пречистителната станица на Јоти Поповски која работи без енергија - проект за иднината

Иноваторот Јоти Поповски минатата недела во Европскиот парламент во Брисел беше најголемиот амбасадор на Македонија. Поповски ја доби наградата што ја доделува австриската фондација „Енерџи глоуб“ за проекти на иднината, за иновации што придонесуваат за намалување на јаглеродниот диоксид во атмосферата. Македонскиот иноватор беше награден за својот проект - пречистителна станица за комунални и индустриски отпадни води, која работи без енергија и за која не се потребни резервни делови. Светското признание на Поповски свечено му беше врачено на церемонија во Европскиот парламент, во присуство на првиот човек на парламентот, Ханс Герт Потеринг, на претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, на поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, но и покрај некогашниот советски лидер Михаил Горбачов и ексминистерката за екологија на Индија, Манека Ганди. Големите имиња само ја потврдија загриженоста на светот околу користењето чиста и обновлива енергија, околу заштитата на животната средина во целина.

Не случајно името на Јоти Поповски се најде на оваа светска листа. „Не се пријавив сам. Ме најдоа во ’Грин пејџис‘, именик на фирми што работат на еколошки проблеми. Ми побараа проект, а потоа и детали за проектот, по што меѓународна жири-комисија донела одлука да се награди мојата иновација“, скромно вели Поповски и појаснува дека неговиот изум е од поодамна, но првата пречистителна станица е изградена пред десет години. Се наоѓа во село Кондово, кај Исламскиот факултет. Изградена е во договор и со поддршка на Исламската верска заедница, за што тој е многу благодарен.

Иновацијата претставува нова генерација пречистителни станици за комунални и за индустриски отпадни води оптоварени со органски материи кои се пречистуваат преку анаеробен процес, за разлика од досегашните аеробни процеси што се користат секаде во светот. При аеробните процеси се врши оксидација на органската материја, при што се продуцира тиња што треба повторно да се третира за да се елиминира тој производ и да се добие чиста вода. Аеробниот процес бара да се дува воздух во отпадната вода континуирано 12-18 часа, па составен дел на опремата се компресори и дувалки за производство на биогас. Овој метод бара во просек потрошувачка од 0,6 киловат-часа за еден кубик вода, односно за еден град од 100.000 жители годишно би се трошеле 1,7 милиони евра за струја.

„Мојот процес трае четири пати пократко, 3-5 часа во просек. Што е најважно, не троши струја и не произведува тиња која потоа е предмет на дополнителна обработка. Работи на принцип на континуирана биофилтрација на температура на која е отпадната вода во канализациските цевки. Значи, водата прво поминува преку анаеробен таложник во кој се издвојуваат цврстите механички честички, кои претходно поминуваат низ груби решетки за да ги задржат крупните нечистотии. Во таложникот водата ги издвојува маснотиите кои остануваат заробени подолго време тука и се хидрофилизираат. Избистрената вода со растворени органски материи преминува во биофилтри кои однапред се формирани со фиксен слој бактерии за комунални води“, го објаснува Поповски својот изум.

Првиот биофилтер бил изграден во еколошката лабораторија на „Алкалоид“ во 1982 година и на него биле третирани отпадните води на „Алкалоид“ помешани со отпадните води на Пиварница. Екипата на Јоти Поповски го испитувала биофилтерот до 1986 година, при што биле постигнати извонредни резултати. „Содржината на метан во биогасот беше до 87 проценти, што е најголем постигнат процент“, изјавува Поповски.

Досега во Македонија се инсталирани 18 пречистителни станици со капацитет од 5 до 4.000 еквивалент жители и уште во девет други земји во Европа, Азија и на Антарктик, каде што станицата без проблеми функционира на минус 40 степени. Чинат во просек за 20-30 проценти помалку од која било друга станица. Евтини се, како што објаснува нивниот изумител, бидејќи не бараат одржување и за нив не се потребни резервни делови ниту, пак, квалификуван персонал. Доказ за тоа е станицата во Кондово, за чие одржување никој не се грижи уште од 2001 година и досега немало проблеми.

„Бев во Брисел со цел да ја афирмирам државава. Наградата ја примив под вековното, а не уставно име - Македонија“, гордо вели Поповски и појаснува дека тој со својот тим добил златен медал во Брисел на меѓународен саем за иновации и нови технологии уште во 2001 година.

Според него, Македонија е далеку од она што го бара Европската унија во поглед на справувањето со еколошките проблеми. Така, иако во Европа е задолжително пречистување на отпадните води, ниту во Скопје ниту во кој било од градовите што испуштаат вода во Вардар нема пречистителни станици. Но, за утеха, Бугарија и Романија, иако се членки на ЕУ, се на исто ниво како нас, додека во Грција, пак, 90 отсто од пречистителните станици не работат или работат лошо, незадоволително. Поповски малку разочарано појаснува дека во нашата држава интересот за пречистување на отпадните води е многу мал. Речиси во исто време додека тој го примаше светското признание во Брисел, од Општина Илинден беше известен дека неговата понуда да изгради пречистителна станица за Општината е одбиена со образложение дека станицата не чини за нивните потреби. Тој вели дека никогаш ниту барал ниту, пак, добил нешто од државата. Ја работи својата истражувачко-иноваторска работа, бидејќи тоа најдобро знае да го прави и го работи со љубов. „Кога работам, сум мајстор, бидејќи ми се обраќаат со мајсторе, кога пишувам, сум магистер по екологија, а кога проектирам постројки, сум инженер-технолог. Порано работев во ’Алкалоид‘, а од 1993 година имам сопствена фирма ’Еколошко биро‘. Моментално со тимот работам на филтер за отстранување нитрати од водата за пиење. Проектот е во напредна фаза, но финансиите не ни дозволуваат да направиме нешто повеќе“, малку резигнирано изјавува Јоти Поповски, македонски иноватор, кој светското признание го доби во конкуренција од над 800 проекти.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Гледав за овој човек и неговиот изум пред некој ден.
И навистина не знам што дремат институцииве наши!!!???
И да нема државата никаков финансиски ќар,доволно е доколку го помогне овој гениј, на производот да стои made in Macedonia.
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Гледав за овој човек и неговиот изум пред некој ден.
И навистина не знам што дремат институцииве наши!!!???
И да нема државата никаков финансиски ќар,доволно е доколку го помогне овој гениј, на производот да стои made in Macedonia.

Види сега неговата станица е 20% поевтина од другите тоа ти е минус провизија за организаторот на тендерот
Нема потреба од вработен тоа ти е минус глас
"Не троши енергија“ уште еден тендер помалце ,а ние енергија имаме во изобилство
"Нема потреба за резевни делови“ Два тендера помалце за фирма изведувач и фирма набавувач на деловите
Чиста вода ООПС!!! Ако има станци за прочистување вода како ќе зимаме еко кредити


Овој изум според тие што треба да инвестираат во него е жива катастрофа има многу “загуби“.
Тој што ќе му даде пари на овој човек ќе работи против неговите лични интереси.

Е затоа не му дават пари другар.
Каде се овде еколошките друштва да реагират, невладините организации , здружени за заштита на потрушувачи, стопанска комора.

Тоа значио дека наведените органзиции се раковедени од лајци и се зависни од некој..

За разлика од Америка ќе ја дадеше фирмата на берза и ќе проодадеше капитал до 49% ќе добиеше инвеститори и пари за проекти. Бидејки тие инвеститори ќе беа повеќе мокници финансери на вакви организации ќе имаше протест и низ цела држава ќе се инсталираа ваква станци.
Добрата приказна ќе ја прифатеше и ЕУ. И еве ти нова милјаредер.

Е тоа е разликата од нашето “соцјалистичко“ општество и американското капиталистичко.

Нашите акционери се ориентирани само кој повеќе да украде акции од пропаднати фирми .
До душа да ја знае моќта на берзата итн... Ќе функциониравме поинаку затоа ни требат луѓе од надвор на некој клучни функции.

Врти суки се се врти околу нашите бедни политичари кој наметнуваат некој племенски општествен систем.
Ние сме главатарите и се знаеме

Замисли да го ангажират Кинезите!!!
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Браво, само да не дремат нашите власти, туку веднаш да го наградат и да му овозможат услови за нови иновации!
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
???????????????? a ste ja mirisnale nekogas takvata "procistitelna" stanica..na Joti???
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
И една моја професорка конструираше машина за перење со ултразвучни зраци, така нешто, доби втора награда на светско ниво. Ако најдам нешто на гугл за изумот нејзин ќе постирам на темава. Имаме многу мозоци во државава но не знаеме да ги цениме, повеќе не интересираат сеир работите и ситењата на туѓата несреќа.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
???????????????? a ste ja mirisnale nekogas takvata "procistitelna" stanica..na Joti???
Si se zaprasal li kolku nasi inovatori dobija nagradi vo Brussel a samiot proizvod ne se pojavil ovde,znaci deka nekoj go otkupil a za kolku pari e toa ne nasa griza,vazno deka izumitelot e MAKEDONEC!
 

oBi_VaN

Is the man!
Член од
11 ноември 2007
Мислења
756
Поени од реакции
21
Браво за типов! :zver:Ама не е крив он што живее во ваква држава.....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Биолошките “иновации“ секогаш треба да се земат со малку повеќе резерва.Имајте на ум дека одредени бактерии мутираат и можат да се претворат во пречистителни станици ама за нешто друго,малку покрупно и похумано.:smir:
Сепак секоја чест за секој нов изум од Македонија.
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
Bravo - Bravo - Bravo
Nemam drugi zborovi. Raboti si ja rabotata sto te ispolnuva a se drugo ke si dojde samo po sebe.

P.S Pogledni ja ovaa inovacija http://gorg.com.mk
 
Член од
1 јануари 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
Гледав и јас за човекот, мислам дека за некој ден прашината ке си легне и никуму ништо, така беше и тој од Кочани што го има патентот против издувните гасови од автомобилите. Да е некаде на запад грдни пари ке земат лугево али овде само кураж.
Гледав за овој човек и неговиот изум пред некој ден.
И навистина не знам што дремат институцииве наши!!!???
И да нема државата никаков финансиски ќар,доволно е доколку го помогне овој гениј, на производот да стои made in Macedonia.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Гледав и јас за човекот, мислам дека за некој ден прашината ке си легне и никуму ништо, така беше и тој од Кочани што го има патентот против издувните гасови од автомобилите. Да е некаде на запад грдни пари ке земат лугево али овде само кураж.
negoviot patent go otkupi AUDI.
:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom