Мислам дека не е доволно да лицето биде доведено само во заблуда туку е неопходно да постои намера таа заблуда да се искористи за стекнување на противправна имотна корист.
Ќе појаснам со пример:
Ако јас те излажам дека сум пилот кој лета на меѓународни летови, а всушност сум кондуктер во ЈСП ти ќе бидеш во заблуда. Ако разбереш дека не сум пилот ти ќе насмееш и ништо, ќе си правиш мајтап со мене
Но ако те излажам дека сум пилот и ти понудам да ти набавам поефтини авиобилети со намера само да ти ги земам парите, тогаш сум имал намера да те измама и да стекнам противправна имотна.
корист.
Но има еден проблем кај делото измама, а тоа е што жртвата не знае дека е во заблуда и таа ќе разбере дека е измамена дури од кога ќе ги почуствува последиците од измамата.
А тогаш не може да биде обид за измама туку е измама.
Значи делото обид за измама би се открил ако некој трет од страна забележи дека сум те довел во заблуда со цел да те измамам
И тука е контрадикцијата - бидејќи нашиот КЗ предвидува за обид за измама да не се суди по јавна туку само по приватна тужба.
Како ти да ме тужиш кога си во заблуда и не знаеш дека си во заблуда?
Секако дека мислев на тоа да те доведе во заблуда со цел да прибави имотна корист, како што објаснив во минатиот пост, а не само да те доведе во заблуда и тука да застане, у тој случај не се работи за измама пошто заблудата во тој случај нема за цел стекнување на противправна имотна корист за себе или некој трет.
Жртвата не знае дека е во заблуда, тоа е и поентата на заблуда, така што со тоа не знае и дека е измамена.
Али, ќе го искористам твојот пример со авиобилетите, ти ми нудиш поевтини авиобилети по видливо пониска цена од пазарните, со објаснување дека „имаш човек“ или посебен попуст важи за тебе па ми вршиш услуга на мене. Јас паѓам на понудата ми изгледа примамливо и викам важи супер ќе земам карти. Ти се согласуваш да ми продадеш карти, свесно и намерно. Обично во пракса делото измама е пропратено со фалсификување, лажно претставување и слични дела од тој вид. Тие се користат за да се држи другото лице во заблуда со покажување на невистинити факти, документи кои идат во полза на измамникот, односно како доказ за неговиот лажен идентитет.
Можно е јас да се посомневам во тебе и да решам да те проверам без ти да знаеш. Ако се претставуваш како фирма ќе побарам тековна состојба или информација од Централен регистар на пример, ќе се распрашам по луѓе, ке го анализирам пазарот и ќе ги споредам цените, и тн. Исто така, како што спомна, можно е и трето лице да ме извести за тебе и да те разоткрие. Затоа за жртва на измама потенцијални се наивните, лекомислените лица. Така е и во теоријата и во праксата. Ако земат да се замараат и да размислуваат многу потешко ќе бидат жртви на измамници. Али еве да продолжам со муабетот -
Во таков момент веќе имам сомнеж кон тебе, продолжувам да контактирам и да те потпрашувам за факти за кои ја знам вистината. Ако ти продолжиш да ме лажеш и да одиш кон тоа да прибавиш противнравно имотна корист од мене, во тој момент постои веќе имама во обид и јас сум свесен за тоа. Значи ти свесно продолжуваш со својата замисла, со вршење на кривично дело - мое доведување во заблуда за да прибавиш имотна корист. Јас веќе не сум во заблуда, но ти не знаеш, а јас можам јасно да ја сфатам твојата намера и начинот на дејствување.
Во тој случај јас пријавувам во полиција.
Има две ситуации:
Првата е да се дозволи вршење на делото, т.е. контролирано врешење на дело, со снимање и директен надзор и прислушкување од страна на полицијата. Штом се заврши делото, се апси измамникот и се товари со довршено дело измама. Ова вообичаено би се случило доколку се работи за штета или корист од огромни размери или организирана група.
Втората ситуација е да не се дејствува на таков начин туку да се приведе осомничениот поради неспорните факти и дејствија преземени од твоја страна кои неспорно укажуваат дека си сторител на измама, односно си се обидел да ме измамиш. Тука веќе не постои заблуда кај измаменото лице, али разоткривањето не се случило поради сторителот на делото (признавање на делото или слично) туку поради други околности (жртвата сама дознала за измамата или од трето лице)
Во однос на гонењето за делото, тоа се гони по службена должност.
По приватна тужба се гони само доколку штетата е од помала вредност или сторителот оди кон тоа само да го оштети измамениот а не да прибави имотна корист.
Во сите останати случаи, за делото се гони ex officio, надлежно за прогон е Јавно обвинителство по примена кривична пријава од страна на полицијата, примена пријава од страна на оштетениот или од допрен глас за основано сомневање за сторено кривично дело Измама.