Измама во обид - општа дискусија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
За исполнување на битието на кривично дело измама е потребно да се исполнат условите: свесно и намерно доведување и држење на друг во заблуда и штетно дејство по неговиот имот (со намалување, спречување да се зголеми или дел или целосно да премине во рацете на измамникот или на трето лице)

Така што, делото би било довршено кога едно лице кое намерно било доведено во заблуда било оштетено од страна на друго лице, т.е. по негова вина, било на некој начин наведено да даде, да стори, да не стори или да трпи нешто, односно стори, не стори или трпи одредено дејствие со што ќе си или ќе се нанесе штета на својот имот.

Член 247

(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Од истиот член, во став 5 јасно се гледа дека и „обидот е казнив“.

Така што, самото доведување во заблуда на едно лице е казниво како обид за измама.
Мислам дека не е доволно да лицето биде доведено само во заблуда туку е неопходно да постои намера таа заблуда да се искористи за стекнување на противправна имотна корист.
Ќе појаснам со пример:
Ако јас те излажам дека сум пилот кој лета на меѓународни летови, а всушност сум кондуктер во ЈСП ти ќе бидеш во заблуда. Ако разбереш дека не сум пилот ти ќе насмееш и ништо, ќе си правиш мајтап со мене
Но ако те излажам дека сум пилот и ти понудам да ти набавам поефтини авиобилети со намера само да ти ги земам парите, тогаш сум имал намера да те измама и да стекнам противправна имотна.
корист.
Но има еден проблем кај делото измама, а тоа е што жртвата не знае дека е во заблуда и таа ќе разбере дека е измамена дури од кога ќе ги почуствува последиците од измамата.
А тогаш не може да биде обид за измама туку е измама.
Значи делото обид за измама би се открил ако некој трет од страна забележи дека сум те довел во заблуда со цел да те измамам
И тука е контрадикцијата - бидејќи нашиот КЗ предвидува за обид за измама да не се суди по јавна туку само по приватна тужба.
Како ти да ме тужиш кога си во заблуда и не знаеш дека си во заблуда?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.713
Поени од реакции
15.584
Мислам дека на запад се третира обид за измама и пред да дојде до измамата, т.е. ако се утврди дека немаш референци за тоа што го нудиш. Но тука има дубиози, почнувајќи од понуди за патување на Марс.
Има и финти ти бара капар на брзинка, рачуна дека ти ќе видиш дека фирмата е труба и лажна е понудата и нема да уплатиш а капарот нив ќе им остане..
Е сега дали може МВР да дејствува ако фирмата нема ништо реализирано, т.е. само капар зема ?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Даде пример Смрт за зони и пајак боз.

И ако јас ти кажам дека имам туристичка агенција а немам а ти не знаеш што е вистина и ти понудам аранжман како ќе процениш дека имам намера да те измамам?
Секако ќе станеш свесен откако ќе ти ги земам парите а ти ќе останеш пред хотелот
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Мислам дека не е доволно да лицето биде доведено само во заблуда туку е неопходно да постои намера таа заблуда да се искористи за стекнување на противправна имотна корист.
Ќе појаснам со пример:
Ако јас те излажам дека сум пилот кој лета на меѓународни летови, а всушност сум кондуктер во ЈСП ти ќе бидеш во заблуда. Ако разбереш дека не сум пилот ти ќе насмееш и ништо, ќе си правиш мајтап со мене
Но ако те излажам дека сум пилот и ти понудам да ти набавам поефтини авиобилети со намера само да ти ги земам парите, тогаш сум имал намера да те измама и да стекнам противправна имотна.
корист.
Но има еден проблем кај делото измама, а тоа е што жртвата не знае дека е во заблуда и таа ќе разбере дека е измамена дури од кога ќе ги почуствува последиците од измамата.
А тогаш не може да биде обид за измама туку е измама.
Значи делото обид за измама би се открил ако некој трет од страна забележи дека сум те довел во заблуда со цел да те измамам
И тука е контрадикцијата - бидејќи нашиот КЗ предвидува за обид за измама да не се суди по јавна туку само по приватна тужба.
Како ти да ме тужиш кога си во заблуда и не знаеш дека си во заблуда?
Секако дека мислев на тоа да те доведе во заблуда со цел да прибави имотна корист, како што објаснив во минатиот пост, а не само да те доведе во заблуда и тука да застане, у тој случај не се работи за измама пошто заблудата во тој случај нема за цел стекнување на противправна имотна корист за себе или некој трет.

Жртвата не знае дека е во заблуда, тоа е и поентата на заблуда, така што со тоа не знае и дека е измамена.

Али, ќе го искористам твојот пример со авиобилетите, ти ми нудиш поевтини авиобилети по видливо пониска цена од пазарните, со објаснување дека „имаш човек“ или посебен попуст важи за тебе па ми вршиш услуга на мене. Јас паѓам на понудата ми изгледа примамливо и викам важи супер ќе земам карти. Ти се согласуваш да ми продадеш карти, свесно и намерно. Обично во пракса делото измама е пропратено со фалсификување, лажно претставување и слични дела од тој вид. Тие се користат за да се држи другото лице во заблуда со покажување на невистинити факти, документи кои идат во полза на измамникот, односно како доказ за неговиот лажен идентитет.

Можно е јас да се посомневам во тебе и да решам да те проверам без ти да знаеш. Ако се претставуваш како фирма ќе побарам тековна состојба или информација од Централен регистар на пример, ќе се распрашам по луѓе, ке го анализирам пазарот и ќе ги споредам цените, и тн. Исто така, како што спомна, можно е и трето лице да ме извести за тебе и да те разоткрие. Затоа за жртва на измама потенцијални се наивните, лекомислените лица. Така е и во теоријата и во праксата. Ако земат да се замараат и да размислуваат многу потешко ќе бидат жртви на измамници. Али еве да продолжам со муабетот -

Во таков момент веќе имам сомнеж кон тебе, продолжувам да контактирам и да те потпрашувам за факти за кои ја знам вистината. Ако ти продолжиш да ме лажеш и да одиш кон тоа да прибавиш противнравно имотна корист од мене, во тој момент постои веќе имама во обид и јас сум свесен за тоа. Значи ти свесно продолжуваш со својата замисла, со вршење на кривично дело - мое доведување во заблуда за да прибавиш имотна корист. Јас веќе не сум во заблуда, но ти не знаеш, а јас можам јасно да ја сфатам твојата намера и начинот на дејствување.
Во тој случај јас пријавувам во полиција.
Има две ситуации:
Првата е да се дозволи вршење на делото, т.е. контролирано врешење на дело, со снимање и директен надзор и прислушкување од страна на полицијата. Штом се заврши делото, се апси измамникот и се товари со довршено дело измама. Ова вообичаено би се случило доколку се работи за штета или корист од огромни размери или организирана група.
Втората ситуација е да не се дејствува на таков начин туку да се приведе осомничениот поради неспорните факти и дејствија преземени од твоја страна кои неспорно укажуваат дека си сторител на измама, односно си се обидел да ме измамиш. Тука веќе не постои заблуда кај измаменото лице, али разоткривањето не се случило поради сторителот на делото (признавање на делото или слично) туку поради други околности (жртвата сама дознала за измамата или од трето лице)

Во однос на гонењето за делото, тоа се гони по службена должност.
По приватна тужба се гони само доколку штетата е од помала вредност или сторителот оди кон тоа само да го оштети измамениот а не да прибави имотна корист.
Во сите останати случаи, за делото се гони ex officio, надлежно за прогон е Јавно обвинителство по примена кривична пријава од страна на полицијата, примена пријава од страна на оштетениот или од допрен глас за основано сомневање за сторено кривично дело Измама.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.713
Поени од реакции
15.584
Обид за измама е и тоа што во продавницата на гондолата со зејтини има и јаболков оцет ама со потполно исто шише како реномиран зејтин ... ако не прочиташ во етикетата ке го купиш.. ај не е проблем, ама тој оцет е тежок ќурук ( го полни фирма што препакува антифриз)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Во овој случај измама прават вработените бидејќи и газдите на некој начин биле измамени.
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Обид за измама е и тоа што во продавницата на гондолата со зејтини има и јаболков оцет ама со потполно исто шише како реномиран зејтин ... ако не прочиташ во етикетата ке го купиш.. ај не е проблем, ама тој оцет е тежок ќурук ( го полни фирма што препакува антифриз)
Тука више се во прашање заштита на брендот и производот, друга постапка, друго дело.

А тоа што се ставени оцет и зејтин едно до друго во маркет не држи вода пошто вообичаено е на ист рафт да стојат зејтин и оцет или у близина, е сеа тоа што го ставиле баш тој оцет и зејтин со слични амбалажи едно до друго можеш да им го земеш како грев.
 
Член од
30 август 2015
Мислења
5
Поени од реакции
0
PA oni taka so site pravat,toa e klasicna piramida ,so denesnite pari plakjas stari dugovi od pred 30-40 dena..."]Globko logistic kompanija pres bankrot I propaganje

Prvicno parite odvotkupnina gi isplakaa za 3dena,potoa zgolemija na 7 a od mesecov posle 30 dena.

Izbegnuvajte ja kompanijava I se izvinuvam za latinicata[/quote]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom