Излегување од плакарот и реакција од родители - ЛГБТ

Член од
9 јули 2016
Мислења
17
Поени од реакции
11
Треба да си го поставиш прашањето - дали тие ме сакаат онолку колку што јас ги сакам, и откако ќе добиеш некои директни или индиректни одговори на тоа прашање, тек тогаш да процениш дали ги сакаш "повеќе од што треба". Зависно од менталниот склоп на твоите, можеби ќе добиеш искрен одговор на директно такво прашање а можеби и не, може ќе добиеш искрен одговор на индиреткно такво прашање, а можеби и не. Треба да одлучиш дали би прифатил било каков да е одговорот, ако те интересира прашањето, и така да одлучиш дали да го поставиш.
Бидејќи се во 60-тите години од животот пред аутирањево се мислев дали да ги соочам со ова или не. За секој случај, отворав вакви теми со цел да ги разубедам од она во што веруваат - па евентуално и да дознаат ударот да не е толку голем. Многу ми помогна што во вакви дискусии најдов на поддршка од помладата генерација во фамилијата на мајка ми, која се разликува значително од постарата крајно хомофобна генерација. Во еден наврат дискусијата се интензивира многу, особено со татко ми кој беше многу контра хомосексуалци, па тогаш хипотетички се аутирав. На прашањето што би правел ако јас хипотетички сум геј, кусо одговори - „ќе се промениш.“ без да даде друга алтернатива. Значи или ќе се промениш или ќе се промениш и ја заврши дискусијата. Потоа продолжи да молчи.

Откако ја дозна и вистината од негова страна само молчење има, та претпоставка е дека стои зад она што го мислел. Инаку имал некој чин во ЈНА пред да напушти, па не знам колку прифатлив може да биде.

Родителите ти се наоѓаат во непријатна ситуација за нив, точно. Се засекирал некој дали е непријатна ситуација и за тебе? Особено од семејството?
До сега, не.

Знам дека во никој случај не планираат да се откажат од мене и дека ме поддржуваат во се (освен во ова). Е, врз што се темели ова - не знам. Тоа што оставаат работите на времето да ги решава ми делува како да очекуваат промена, што реално не е можно да се случи. И ме боли фактот што не преземаат никава акција - дури и да ми се развикаат ќе е подобро од ова што сега го прават. Не сакам неодредени ситуации, не толку долго.

Според мене, ако некој ти значи и гледаш дека пати - ќе преземеш се што е во твоја моќ да му помогнеш, нема да оставиш на времето и на сплет на околности да решат ситуација. Барем, така јас функционирам. Тоа ме носи да размислувам дали сето она што го зборат се однесува на мене, или на нивата верзија од мене што ја имаат во глава. Дејствата и зборовите не им се баш усогласени.

Родител, кога има некое од нивните деца проблем ("проблем" во случајов), нормалната реакција е да прашаат кој е тој проблем, како се осеќаат, и како они можат да му помогнат како родители. За жал, во вакви ситуации, родителите се идентификуваат како жртва и поголемиот дел од останатото општество по дифолт ја заземаат таа страна и ја потврдуваат како жртва во случајов.
Точно. Дури и во случајов - јас ја играм улогата на родител. Но, животното искуство стекнато во 22 години и она во 60 не може да се спореди.

Индивидуата се изолира од семејството и тера свој живот со минимална или никаква комуникација.
Моменатлната ситуација тежнее тука. Ова сакам да го променам, оти не сакам родителите да ги изгубам.

Да не те прифатат, но да си дел од семејството, да се ожениш за некоја жена и да се мачиш себе си да одржуваш некоја фасада на хетеросексуалец, да ја лажеш цел живот, а воедно и нејзиниот дел од семејството, а твоите родители да ти се соучесници
На ова се сведуваат сите разговори што сум ги имал со мајка ми. Е тука има голема контрадикторност.

Додека растев, од сите се бараше вистината како единствено правилно нешто што треба да се зборува - и така функциониравме. Кога ми требале пари секогаш сум кажувал зошто без да мамам и ми биле дадени или не со објаснување зошто, не сум скрил никаков проблем што сум имал на школо било со професор или со потфрлен резултат од тест. Дури и најситни нешта биле отворено дискутирани.

Сега, се бара да лажам за клучни работи - да лажам човек со кого би го делел животот и цела нејзина фамилија. Во еден наврат збеснав кога ги слушнав зборовите „мора да лажеш“ - сфаќам и не ме чуди некој од општествово да предложи вакво нешто (и во форумов се деси тоа) - но не и од мајка ми.

Лагата не е во ред во ниту еден случај - не кога се работи за толку сериозна работа. Тоа е чист кукавичлук, некогаш разбирлив, но никогаш оправдан.

Прилично зафркнато, се слагам, ама тоа е што е. Други алтернативи се помалку изводливи а се засноваат на форсирано хетеросексуализирање од нивна страна или форсирано либерализирање на нивни ставови од твоја страна, и двата пристапа невозможни и без резултати.
Не си свесен колку само овој пасус ми го смени гледиштето. Предобро срочено. Го читам отпочеток и секогаш нешто ново увидувам. Ова ми требаше.


Тоа е тешко. Затоа што според реакцијата ова веќе допрело до нив. Други луѓе само би поливале сол на отворена рана. Во право се другиве што рекоа дека ако не за ова, луѓето ќе зборат за друго, ама во случајов, затоа што сме диво-племе регион, за жал, се што спаѓа под "друго" е најчесто подобра варијанта него ли син хомосексуалец.
И тоа како е точно тоа. На тој некој вид интервенција што ми направија обидувајќи се да дознаат што ме мачи и кој е проблемот што не можам да го надминам или споделам со нив, паднав на зборовите:

- Дај кажи ни, што и да е има решение - тука сме за тебе. Најлошото што можеш да ни кажеш е дека си настран, а не си. Затоа кажи.​

Потоа почна „забавата“.

Серии можеби понатаму. Сепак се работи за фиктивни приказни и фиктивни ликови. Треба нешто real-life поврзано. Можеби некои документарки кои се посветени баш на ова coming out + after affects прашање?
Гледав некои видеа на јутуб со вакви содржини кашто се обработува ова или се прикажуваат реакции како реагирале луѓе на таа информација. Ова мислам би функционирало, но јазичната бариера е присутна. Може да ги контактирам креаторите да допуштат да изработам превод на видеата на македонски - може ќе помогне тоа и на други.

Порано ја подржував таа теорија, ама сега веќе не сум толку сигурен. Го имаме Human Genome Project со сите негови под-проекти и сето тоа секвенцирање на ДНК. Ако имаше геј ген, до сега ќе го најдеа, ама мислам дека сето тоа е ветер и магла, па како такво можеш да им пренесеш на твоите дека немаат врска гените. Назад сме на бел лист кога се работи за геј прашањето, не се знае се уште кои се причинителите/условите што даваат плодна почва некој да испадне геј особа.
Да, муабетот за генетика дојде во конотација дека се уште не се знаат многу работи можно е да е генетски може и не. Главна цел ми беше да ја оттргнам од размислување дека таа е единствен виновник во се.



Се на се, навистина ти благодарам за коментаров. Ми даде многу нешта за размислување главно опфатени во синтагмата „форсирано либерализирање“, како и одредена структура во малку хаотичната слика што ја имав до сега што ми ги прави нештата многу поедноставни за размислување.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.133
Поени од реакции
15.971
Повеќе од родителите очекуваат нивните деца да бидат ко што они замислуваат, ни помалце, ни повеќе. Тоа е изузетно себично од нивна страна, ко да сакаат да си одгледуваат нивно клонче или они да си смислуваат особини и карактеристики. Јас го разбирам детево само од таа страна, зашто мајка ми уште го чека денот кога ќе иаме ние двете исти размислувања, т.е кога јас ќе се согласам со неа за некои работи. Тој ден нема да дојде и колку побрзо она си го прифати тоа, многу поарно за неа. А во живот никогаш не сум ја разочарала од било која страна, освен ова нели, што не ја послушувам како она што сака, за која и да било ситница.

Немам хомосексуалци во блиско опкружување (колку што знам јас, а ваљда и они), не знам што совет да дадам за ваква ситуација. Не сум против нив, кој со кој сака нека си спие, малце ме нервира постојаната пропаганда од нивна страна.
Мене повеќе би ми сметало детето да ми е наркоманче, тотална бараба и пропалитет, лоша особа отколку геј. И не можам да си замислам во иднина да го родиш, да го гледаш толку години и да го отпишеш од твое дете само затоа што бил геј. Тогаш јас би требала да си иам проблем во главата малце.

За детево, арно ти пишаа досега. Родителите на сите ни се скоро исти и со слични размислувања. Биди малце себичен. Никој не може никому да му наредува каков треба да биде, па ни твоите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.823
Поени од реакции
80.343
...Не велам дека треба да живеете (или да го остварувате) сонот на вашите родители, ниту пак да ги исполнувате сите нивни желби, но сепак треба да имаш грев, респект и благодарност што те направиле вол од 22 години и да пазиш како твоите животни постапки ќе влијаат према нив...
:pos:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Мене повеќе би ми сметало детето да ми е наркоманче, тотална бараба и пропалитет, лоша особа отколку геј.
Но го забораваш фактот дека за првите 3 работи 90% од кривицата е твоја а хомиќлукот (copyright иам тука, пазете) не можеш да го смениш и не е ради тебе.
 
Член од
22 септември 2015
Мислења
170
Поени од реакции
65
Така, но не би се откажал од нив туку така дури и тие тоа да го направат. Премногу направиле за мене без јас тоа да го побарам, па не би можел едноставно да сум себичен кон нив. Сепак, се си има граница по која едноставно креваш раце и продолжуваш. Се надевам не ќе дојде до тоа.
Дозволи им да се помират со фактот, сепак им треба време.
Биди трпелив, времето ќе си покажи се.
Се надевам не се до толку па остатокот од животот да го поминат со скратена радост кон синот. Колку побрзо го сватат тоа, толку подобро за сите.
Трагедија + време = комедија ;-)
Искрено имам размислувано лично и на таа тема, па дури и дискутирано со девојката ако стапиме во заеднички живот. Благодарен ѝ сум што делиме исто мислење.
Ни во најмала рака не би си дозволил себеси да му/ѝ ја уништам среќата и едниот тој живот што го имаат - да не му се живее. Ќе ми треба можда некое време ама пак можам да замислам колку би бил тој среќен, кога дома Е СЕ ВО РЕД. Домот. Мир и спокој. Ништо друго. Едно нешто што ме научиле од дома е дека работите не можат да се контролираат. Со сила да му земеш на некого можеш, ама да му дадеш доколку не прифати. ЈОК.
Ќе ги учам на безусловна надреална љубов, и дека постои. И ќе им бидам чист пример. Пошо живееме во ера на безљубие, безчовечност, лицемерие и да не набројувам два дена ќе ме фати.

Па од ко ќе починам в'газ нека с'ебат сите што ги познавам и љубам. Секако две метра под земја ќе бидам хахаха :D

Карпе дием ;-)
robin 2_1409745226_540x540.jpg
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Очекувањата што родителите ги имаат од своите деца се страшни. Мислам дека и твоите имаат очекувања како сите други родители, такви очекувања кои ги исполнуваат нормите на македонското закржлавено општество. Тие очекуваат да добијат внуци, да се жениш да имаш свадба, кон тоа се придодава притисокот на заебаното затуцано општество! Ти си храбар и прав маж! Ретко кој има толку храброст! Немој да потклекнуваш. Кога веќе си им кажал, прашај ги што е проблемот и двајцата во иста соба! Ако е проблематично и не можат да те прифатат, тогаш собери си ги работите и фаќај магла.
(y) Si zaboravil uste da napises i deka otkako srekno ke se ozenis treba da imas minimum 3-4 deca sekako za pogolem beriket i dobrobit na drzavata i opstestvoto, poveke ovcicki pogolema eftina rabotna sila i sekako poveke slugi na sistemot t.e. moderni isprani mozoci i robovi !
Ma za vakvo zakrzlaveno tradicionalno konzervativno ko sto ubavo vikas opstestvo ko Makedonskovo treba sto e mozno poveke frikovi da ima so cel da doprinesat na svoj nacin vo promenite na istoto, pod frikovi ne mislam na gejovite konkretno iako temava se odnesuva na niv, tuku licno pod poimot frikovi mislam na lugje so poinakvi zivotni sfakanja, stavovi, normi i nacin na zivot od ona zatupenoto mnozinstvo kade sto se znae bre postojat samo dve boi vo zivotot i opsto vo prirodata crna i bela, nema trte-mrte !
 
S

staycalm

Гостин
Повеќе од родителите очекуваат нивните деца да бидат ко што они замислуваат, ни помалце, ни повеќе. Тоа е изузетно себично од нивна страна, ко да сакаат да си одгледуваат нивно клонче или они да си смислуваат особини и карактеристики. Јас го разбирам детево само од таа страна, зашто мајка ми уште го чека денот кога ќе иаме ние двете исти размислувања, т.е кога јас ќе се согласам со неа за некои работи. Тој ден нема да дојде и колку побрзо она си го прифати тоа, многу поарно за неа. А во живот никогаш не сум ја разочарала од било која страна, освен ова нели, што не ја послушувам како она што сака, за која и да било ситница.

Немам хомосексуалци во блиско опкружување (колку што знам јас, а ваљда и они), не знам што совет да дадам за ваква ситуација. Не сум против нив, кој со кој сака нека си спие, малце ме нервира постојаната пропаганда од нивна страна.
Мене повеќе би ми сметало детето да ми е наркоманче, тотална бараба и пропалитет, лоша особа отколку геј. И не можам да си замислам во иднина да го родиш, да го гледаш толку години и да го отпишеш од твое дете само затоа што бил геј. Тогаш јас би требала да си иам проблем во главата малце.

За детево, арно ти пишаа досега. Родителите на сите ни се скоро исти и со слични размислувања. Биди малце себичен. Никој не може никому да му наредува каков треба да биде, па ни твоите.
Која е таа геј пропаганда? Барањето на еднакви права е геј пропаганда?
 
Член од
9 јули 2016
Мислења
129
Поени од реакции
52
Стејкалм, се согласувам, гејовите не бараат ништо, бараат само да бидат оставени на мира и да бидат прифатени, да биде прифатена нивната љубов. А зошто да не биде? Не гледам зошто не. За лажни љубови меѓу маж кој во меѓувреме пуши курови и му свршуваат во газ и жена која го чека дома мислејќи супер. Такви бракови никому не му се потребни. Тоа се извитоперени бракови.
 
Член од
23 март 2009
Мислења
719
Поени од реакции
553
Здр,читав до 5-6 стр.
Да искоментирам...
Прочитав затуцани сме биле како општество,затоа што родителите неможат да разберат дека синот со кои се гордееле и од кои чекаат внуци е геј?
Поради ова сме затуцани?
Сме требале да имаме разбирање за нивната односно вашата сексуална оптеделба?
Абе батки тоа си е лична работа не ме терај да имам разбирање,дај разбери ме ти мене.кои права ги немаш? Никој не ти брани да се цепиш у гз.а кој да ме разбере мене што сакам три жени.кај да ги барам јас моите права.
Во која група припаѓам???
Зошто барате некој да ве разбере,зошто мора јавно да покажувате што ебете?
Тоа личен избор никого не го занима.
Ако имам 3 деца ,јас сум старомоден,затуцан,сељак?
А ти што немаш деца и шеташ куче си ин? Модерен,фенси?
Секој си живее во својот свет на фантазии
Природата прави природна селекција на животните,растенијата....
Тие што се појаки ќе имаат природна репродукција а слабиите единки(гејовите) ќе ги нема,немаат поколение.
Суров е животот.

Sent from my Redmi Note 2
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Која е таа геј пропаганда? Барањето на еднакви права е геј пропаганда?
што туку изрече лага и пропаганда
Сите закони и права се еднакви за сите грѓани на РМ
Истите права ги има и еден геј и една нормална особа
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.254
Поени од реакции
4.482
Имaв еднa кoмичнa ситуaцијa. Идев у Скoпје кaј еднa нa гoсти нa 2-3 денa. Преку ден бев кaј неa a нaвечер беше неумеснo пoшo спиеше сo цимеркa у истa сoбa. Спиев кaј еден цимер oд пред некoјa гoдинa и си идaм дoмa и тaткo ми ми викa шo имa у Скoпје и кaј спиеше. Викaм шетaв нaвaму нaтaму, спиев кaј лaнскиoт цимер тoј шo е у сoбa кaј негo нa oдмoр е.
И еве гo пoсле 2-3 денa цел препoтен ми викa aмa ти и мaжи дa не сaкaш :pos:
Еј кoa пoчнaв дa се смеaм, пoрaките му ги oтвoрив, кaмен oд срце му пaднa нa чoвекoт :ROFLMAO:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Имaв еднa кoмичнa ситуaцијa. Идев у Скoпје кaј еднa нa гoсти нa 2-3 денa. Преку ден бев кaј неa a нaвечер беше неумеснo пoшo спиеше сo цимеркa у истa сoбa. Спиев кaј еден цимер oд пред некoјa гoдинa и си идaм дoмa и тaткo ми ми викa шo имa у Скoпје и кaј спиеше. Викaм шетaв нaвaму нaтaму, спиев кaј лaнскиoт цимер тoј шo е у сoбa кaј негo нa oдмoр е.
И еве гo пoсле 2-3 денa цел препoтен ми викa aмa ти и мaжи дa не сaкaш :pos:
Еј кoa пoчнaв дa се смеaм, пoрaките му ги oтвoрив, кaмен oд срце му пaднa нa чoвекoт :ROFLMAO:
ич не знаеш да искористиш ситуација, требаше да му кажеш “шо знам... пријатно чувство беше да се спие покрај маж.... и после као уз муабет си прочитал како возење мотор го зајакнува чуството на машкост и е добра превенција против пропедерчување на младите...“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom