Излегување од плакарот и реакција од родители - ЛГБТ

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Има трансродови мажи кои што се бремени, родиле деца или ја планираат својата бременост.

Цело време знаев, само не знаев дека е возможно да побарам од другите да го почитуваат тоа, па потоа едно време сосема се затворив и пробав се што е возможно да се "поправам". Беше просто невозможно. Моментот кога открив дека мојот родов идентитет е сосема валиден, дека е сосема во ред, кога видов дека постојат луѓе што ја започнале својата транзиција - само ми се потврди уште посилно тоа што го знаев за себе... но истовремено и се преплашив. Знаејќи ги ставовите на другите, на мнозинството, ми требаше многу долго време да се отворам.
Не знам што друго поконкретно би те интересирало, ама накратко, тоа е тоа.
Ме интересира односите помеѓу твоите какви беа, какво детство имаше, дали си доживеала некој шок, итн.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Не ми зборувај во женски род затоа што не сум жена.
Второ, голема улога игра сликата во себе за себе. Претпоставувам дека си роден маж и дека си океј со тоа. Замисли, утре се разбудиш во тело на жена и треба да излезеш надвор и да се носиш со тоа. Замисли, почнуваат да ти зборуваат во женски род. Им кажуваш, ама јас не сум жена, но тие упорно едното те исто. Те убедуваат дека си жена, ама ти не си. Истото е.
Да, голем дел не се вклопуваат во стереотипите, но горе-долу приближно повеќето се тука некаде, што е сосема ок, нели? Но има, постојат луѓе, што отскокнуваат прилично многу и реално е дека за нив притисокот е поголем. Родовиот идентитет не може никој друг да ни го одреди освен ние самите, но, нажалост, постојат голем број на луѓе кои ќе не омаловажуваат заради тоа, ќе ни се потсмеваат, ќе не дискриминираат, ќе не понижуваат, ќе ни се закануваат заради истото, нема да не почитуваат и ќе ни се обраќаат со оној граматички јазик со кои што тие ќе одредат дека е правилен за нас. Постои огромен број на луѓе на кои што мора секојдневно да им докажуваме и објаснуваме како не сме жени или мажи само заради хромозомите кои што ни ја "предодредиле судбината".



Не, ова не е точно. Секогаш луѓето сакаат да го дадат својот коментар заснован на претпоставки, притоа не слушајќи што има другата страна да каже, личноста која што го искусува нештото на своја кожа.
А прашањето ми е, кој тоа мене ќе ме фрли како искористена влажна марамица? Јас сум јас, јас повеќе не се кријам и ми е многу подобро вака. Јас немам проблем со тоа дали некој ќе ме прифати или отфрли, но има доста реални проблеми како насекаде, па така и тука во државава и затоа јас одлучив да зборувам гласно за ова.
Женски или машки пол е баш тоа, хромозомите, биологијата. А биологијата и хромозомите сме ние. Кога некој се обраќа со жена или маж точно на тоа се однесува, на биологијата. Не на стереотипи во облекување или однесување или незнам какви. Тоа е дадено, понатаму што ке правиш со тој даден биолошки идентитет женски или машки, зависи од секој лично. Некоја дека е жена ќе облака само суќњи и ќе седи дома во кујна, друга ке биде успешна во бизнис и само панталони ќе носи. Секој лично, и машко и женско се држи до стереотипите на општеството или не, но биологија си е биологија.
Како во минатото правеле кога немало многу многу дискусии за идентитети итн?
Се надевам дека ќе бидеш подобро.
 

FtM

Член од
19 февруари 2016
Мислења
65
Поени од реакции
12
Ме интересира односите помеѓу твоите какви беа, какво детство имаше, дали си доживеала некој шок, итн.
Бидувањето трансродова личност нема врска со доживеан шок од детството. Јас сум сигурен дека има многу други деца што доживеале трауми, па ете, не се со трансродов идентитет. Јас нема да навлегувам во мојата приватност овде на форум за да потврдувам нечија неточна хипотеза/теорија - whatever.
Родовиот идентитет кај трансродовите лица е како таков заради многу фактори.

Женски или машки пол е баш тоа, хромозомите, биологијата. А биологијата и хромозомите сме ние. Кога некој се обраќа со жена или маж точно на тоа се однесува, на биологијата. Не на стереотипи во облекување или однесување или незнам какви. Тоа е дадено, понатаму што ке правиш со тој даден биолошки идентитет женски или машки, зависи од секој лично. Некоја дека е жена ќе облака само суќњи и ќе седи дома во кујна, друга ке биде успешна во бизнис и само панталони ќе носи. Секој лично, и машко и женско се држи до стереотипите на општеството или не, но биологија си е биологија.
Како во минатото правеле кога немало многу многу дискусии за идентитети итн?
Се надевам дека ќе бидеш подобро.
Не, граматичкиот јазик не се однесува на полот. Пример, тој клуч, таа ролетна, тоа јаболко.
Она за кое што ти говориш е родовото изразување кое што не е исто со родовиот идентитет. Родов идентитет кога некој ќе ти каже, односно, едноставно, се доживува како маж, жена или што и да е. Родовото изразување е во тоа дали е некој феминизиран, маскулинизиран, дали сака да лакира нокти или сака да носи сукњи, фустани, или пак широки фармерки е изразувањето на она што го доживуваме во нас.
Инаку грешка си. Трансродови лица отсекогаш постоело, но, работата е сега што многу поотворено се зборува за тоа, а и социјалните мрежи помагаат побргу да се шири зборот.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Бидувањето трансродова личност нема врска со доживеан шок од детството. Јас сум сигурен дека има многу други деца што доживеале трауми, па ете, не се со трансродов идентитет. Јас нема да навлегувам во мојата приватност овде на форум за да потврдувам нечија неточна хипотеза/теорија - whatever.
Родовиот идентитет кај трансродовите лица е како таков заради многу фактори.
Види, генетиката познава 2 типа на полови, машки и женски.
Секоја девијација е физички видлива, т.е. ако личиш на жена, и имаш нормални органи на жена, тогаш си жена.
Ако си се родила како физички нормално женско бебе, тогаш си женски пол.
Науката е многу прецизна и стриктна.
Влијанијата на околината не можат да ти ги сменат хромозомите, но може да ти ја смени психата.
По твојата реакција, ти имаш класични симптоми на личност која доживеала шок во раната возраст.
 

FtM

Член од
19 февруари 2016
Мислења
65
Поени од реакции
12
Види, генетиката познава 2 типа на полови, машки и женски.
Секоја девијација е физички видлива, т.е. ако личиш на жена, и имаш нормални органи на жена, тогаш си жена.
Ако си се родила како физички нормално женско бебе, тогаш си женски пол.
Науката е многу прецизна и стриктна.
Влијанијата на околината не можат да ти ги сменат хромозомите, но може да ти ја смени психата.
По твојата реакција, ти имаш класични симптоми на личност која доживеала шок во раната возраст.
Повторно не е точно. Постојат и интересекс луѓе кога зборуваме за полови. Кога станува збор за родовиот идентитет кај транс лицата се направени и истражувања кои објаснуваат зошто кај овие луѓе се јавува таа родова дисфорија... и се уште се прават истражувања и испитувања... но дека не е така како ти што велиш - не е.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Повторно не е точно. Постојат и интересекс луѓе кога зборуваме за полови. Кога станува збор за родовиот идентитет кај транс лицата се направени и истражувања кои објаснуваат зошто кај овие луѓе се јавува таа родова дисфорија... и се уште се прават истражувања и испитувања... но дека не е така како ти што велиш - не е.
Листата на "полови" според некој брои 62 пола and counting.
Но реалноста е дека постојат 2 пола, машки и женски.
Хемафродит е физичка аберација, а останатите "полови" се на психолошка база.

Ако имаш нормални полови органи на жена, тогаш си жена.

И знаеш дека сум во право за траумите што си ги доживеала како дете.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Не, граматичкиот јазик не се однесува на полот. Пример, тој клуч, таа ролетна, тоа јаболко.
Toa што има традиција да назначуваме род на предмети во лингвиситката, нема никаква врска со ништо. Се зборува за лица не за предмети.

Она за кое што ти говориш е родовото изразување кое што не е исто со родовиот идентитет. Родов идентитет кога некој ќе ти каже, односно, едноставно, се доживува како маж, жена или што и да е. Родовото изразување е во тоа дали е некој феминизиран, маскулинизиран, дали сака да лакира нокти или сака да носи сукњи, фустани, или пак широки фармерки е изразувањето на она што го доживуваме во нас.
Идентитетот како машки или женски е даден со раѓањето. Стереотипите што ги спомнуваш како проблем се тоа родово изразување. Идентитетот машки или женски е даден а како се изразува секој си избира, зависно од општествени норми и културата (стереотипи) или по сопствен избор (жена ама сукњи несака на пример).

Инаку грешка си. Трансродови лица отсекогаш постоело, но, работата е сега што многу поотворено се зборува за тоа, а и социјалните мрежи помагаат побргу да се шири зборот.
Како можеле да постојат кога не било ни прашање за тоа “дали некој се чувствувал“ различно од биолошкиот пол. Ни на крај на памет немало тоа да им падне.

социјалните мрежи помагаат побргу да се шири зборот.
Тоа. Да не случајно со ширење на “зборот“ се прави и реклама?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Не ми зборувај во женски род затоа што не сум жена.
Жена си. Несфатена.
А што уствари те тера да мислиш дека си маж, жити се?
Го базираш мислењето на тоа како мажите се однесуваат нормално во едно нормално општесто па мислиш дека си маж?
Ти се допаѓаат исти работи што им се допаѓаат вообичаено на мажи?
Лезбејка си најверојатно ама веќе и тоа е досадно станато па затоа мислиш дека си трансродов маж.
Веќе сите ги сфаќаме хомиќите и лезбејките ама уште имаме проблеми да ве сфатиме вас, тие што се „чувствувате“ како да сте родени спротивно.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.906
Поени од реакции
35.763
Има трансродови мажи кои што се бремени, родиле деца или ја планираат својата бременост.

Цело време знаев, само не знаев дека е возможно да побарам од другите да го почитуваат тоа, па потоа едно време сосема се затворив и пробав се што е возможно да се "поправам". Беше просто невозможно. Моментот кога открив дека мојот родов идентитет е сосема валиден, дека е сосема во ред, кога видов дека постојат луѓе што ја започнале својата транзиција - само ми се потврди уште посилно тоа што го знаев за себе... но истовремено и се преплашив. Знаејќи ги ставовите на другите, на мнозинството, ми требаше многу долго време да се отворам.
Не знам што друго поконкретно би те интересирало, ама накратко, тоа е тоа.
Убо вака си прочитала по книгите и ти дошло желба да станиш маже, ама шо прајме за клецкање?
Чупе си се родило, чупе ќе си умриш, тоа дека си машко те лажи паметот, можеш да пробаш и да си играш со хормони па да ти никни троа брадичка, па да се уништуваш насила и физички.
 

FtM

Член од
19 февруари 2016
Мислења
65
Поени од реакции
12
Ова кога луѓето мислат дека знаат многу повеќе, а всушност се тропаат од памет колку да се каже нешто. Две реченици немаат прочитано на темава и ги лупа некаква параноја дека кој знае каква завера се спрема.
Мене стварно ми е небитно овде кој што мисли за мене, па особено луѓе што појма немаат на темава. Сте прочитале нешто хромозоми некаде по тоа книгите по биологија и таму застанало вашето знаење.
Вие не сте факторот кој што мене ќе ми каже дали јас сум жена. Јас сум тој што ќе каже што сум, затоа што вие со тоа познавања што го имате на темава не сте компетентни да зборувате за тоа.
Убаво е да се види, ете вака, од време на време, колку заостанат народ крепи оваа земја.
Не сум јас од несфатените. Среќа има доволно луѓе со отворен ум, поедуциран кој има способност да ја соџвака и сфати материјата, луѓе, кои успеваат да ги процесираат овие содржини. Нема проблем, останатите ќе ве почекаме да сфатите.
 
Член од
11 октомври 2016
Мислења
31
Поени од реакции
29
Откако се појавија Фифи и Боки си дадоа на слобода ЛГБТ.
Мислам не јавно , еве вака по форуми.
Бог го создал светот.
Бог владее со него.
Бог ги создал Адам и Ева , а Фифи ја нема... Таа не постои.
Според мен ова е сериозно психолошко пореметување (хормони, трауми, низа фактори) и треба да се третира, во спротива ќе настане ХАОС!
Како би создале сеа поколенија да земеме да водиме љубов од исти пол? Како може маж да оплоди маж и обратно со жени?
Размислувајте сериозно, не избегнувајте проблем, не одите никаде. За хормони постојат таблети , за психички пореметувања исто.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.113
Поени од реакции
3.967
Бог го создал светот.
Бог владее со него.
Бог ги создал Адам и Ева , а Фифи ја нема... Таа не постои.
Самото тоа што ти како главен аргумент во дебатава го користиш „фактов“ дека Бог ги создал Адам и Ева, кажува доволно колку ти е нивото на интелигенција и колку им е ниско нивото на таквите што го имаат твојот став на темата.

1. Бог не го создал светот, ако ти сериозно веруваш во тие прикаски ондак ептен си за жалење.
2. Ете И ДА Е тоа точно, тоа било така чисто оти иначе немало да може да се размножат, што не значи дека е проблем двајца да бидат од исти пол. Иначе по таа логика значи погрешно е и Стојан и Стојанка да се земат оти Бог само Адам и Ева ги создал, никаков Стојан и никаква Стојанка. И шо сеа?
3. Аргументов со Адам и Ева ти има исто толку логика, колку што има логика да речам „луѓето се хомо сапиенс, а не хетеро сапиенс“. Чисти глупости.
 
Член од
11 октомври 2016
Мислења
31
Поени од реакции
29
Самото тоа што ти како главен аргумент во дебатава го користиш „фактов“ дека Бог ги создал Адам и Ева, кажува доволно колку ти е нивото на интелигенција и колку твојот став на темава е правилен.

1. Бог не го создал светот, ако ти сериозно веруваш во тие прикаски ондак ептен си за жалење.
2. Ете И ДА Е тоа точно, тоа било така чисто оти иначе немало да може да се размножат, не значи дека е проблем двајца да бидат од исти пол.
3. Аргументов со Адам и Ева ти има исто толку логика, колку што има логика да речам „луѓето се хомо сапиенс, а не хетеро сапиенс“. Чисти глупости.
Да било нормално ќе си имал 2 мајки.
Од што си створен? Од 2јајцеклетки?[DOUBLEPOST=1476840802][/DOUBLEPOST]
Самото тоа што ти како главен аргумент во дебатава го користиш „фактов“ дека Бог ги создал Адам и Ева, кажува доволно колку ти е нивото на интелигенција и колку им е ниско нивото на таквите што го имаат твојот став на темата.

1. Бог не го создал светот, ако ти сериозно веруваш во тие прикаски ондак ептен си за жалење.
2. Ете И ДА Е тоа точно, тоа било така чисто оти иначе немало да може да се размножат, што не значи дека е проблем двајца да бидат од исти пол. Иначе по таа логика значи погрешно е и Стојан и Стојанка да се земат оти Бог само Адам и Ева ги создал, никаков Стојан и никаква Стојанка. И шо сеа?
3. Аргументов со Адам и Ева ти има исто толку логика, колку што има логика да речам „луѓето се хомо сапиенс, а не хетеро сапиенс“. Чисти глупости.
Се што е против она вашето, т.е се што е нормално , за вас е глупост.
Од 2ца мажи си создаден ?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Сакам име и презиме за дипломи за сите јунаци на темава што го напаѓаа @FtM

Македонски синови, браво, вие успеавте во животот !
Вашата моќ за убедување е толку голема што гарант сеа @FtM повторно се осеќа како жена !

Ајде сите име и презиме у ПП па со време да почнам да ги работам дипломите !
 

The Ocean

Money. Power. Glory.
Член од
4 февруари 2016
Мислења
140
Поени од реакции
66
Откако се појавија Фифи и Боки си дадоа на слобода ЛГБТ.
Мислам не јавно , еве вака по форуми.
Бог го создал светот.
Бог владее со него.
Бог ги создал Адам и Ева , а Фифи ја нема... Таа не постои.
Според мен ова е сериозно психолошко пореметување (хормони, трауми, низа фактори) и треба да се третира, во спротива ќе настане ХАОС!
Како би создале сеа поколенија да земеме да водиме љубов од исти пол? Како може маж да оплоди маж и обратно со жени?
Размислувајте сериозно, не избегнувајте проблем, не одите никаде. За хормони постојат таблети , за психички пореметувања исто.
И за неедуцирани постојат книги, па што не читаш? Дај ќе те молам немој со вакви идиотски муабети.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom