Ако сте повеле оставинска постапка, кога ќе се реши оставината, односно кога ќе се донесе решение со кое ќе се знае кои се наследниците на свекор ти и што наследуваат, извршувањето ќе продолжи кон нив, односно наследниците. Согласно член 30 став (2) од Законот за извршување, извршителот доставува известување до наследниците дека постапката спрема оставителот (свекор ти) се прекинува и дека во исто време продолжува спрема нив.
Ако НЕ сте повеле оставинска постапка, извршителот ќе побара од Центарот за социјални работи, да им постави привремен старател на наследниците на свекор ти, и во тој случај, повторно извршувањето ќе продолжи спрема нив. (член 30 став (3) од Законот за извршување).
Согласно член 83 од Законот за сопственост и други стварни права, секој што ќе се прифати за наследник, одговара за долговите на оставителот, во овој случај свекор ти. Обратно, тој што ќе се откаже од наследство, не одговара за долговите на оставителот.
Значи, прекинот на извршувањето е само од ПРИВРЕМЕН карактер, порано или подоцна, тоа ќе продолжи, секако кон неговите наследници.