Извршители (долг на починато лице)

Член од
13 февруари 2020
Мислења
3
Поени од реакции
0
Zdravo sakam da mi pomognete znaci vaka svekorot e pocinat vekje pola godina zad nego ostavi izvrsitel za kuka sega na zakonot za izvrsiteli stoi deka dokolku liceto pocine dejstvoto se prekinuva dali ste imale vakov slucaj...Ve molam ako ima nekoj pravnik da ni pomogne kade da se obratime i kako toa ke se resi
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Каде го пишува тоа дека се прекинува?

По логика треба да е исто како што се наследува имот, така се наследува и се што оставил починатиот, 50% брачен другар, 50% децата.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Лично ми нема логика предметот да се поништи така да не се надевајте дека ќе се поништи а можеби ќе е во мирување додека да се јави наследник кој по автоматизам би го наследил и долгот и мора да го исплати ако сака да го наследи имотот во спротивно извршителот ке си ја повлечи неговата побарувачка преку лицитација на имот од кои би си ги наплатил сретствата не зависно дали пример за долг од парафразирам 10к евра тој ви одземи и лицитира куќа од 50к евра. Ако беше така едноставно сите постари ќе креваа хипотеки на имот да ги обезбедат децата а овие пак рает да си седат и во имотот и со парите.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Каде го пишува тоа дека се прекинува?

По логика треба да е исто како што се наследува имот, така се наследува и се што оставил починатиот, 50% брачен другар, 50% децата.
да не треба НОВА постапка за извршување ако почине должникот ??
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Ако тој што должи е починат и ако имате направено оставинска постапка тогаш тој што го наследува имотот треба и да го враќа долгот. Ако нема уште дефиниран наследник и не сте го завршиле тој процес би требало ова да остане во мирување.
Сепак за ваква работа ќе си се консултирате со адвокат, ако има шанса барем да го одложувате процесот извесен период, со извршители нема играње (да не испадне после камата и на тоа што требало да го наплатата па да не ви стигне недвижноста да исплатите само долгови).
 
G

Gjoksi

Гостин
Ако сте повеле оставинска постапка, кога ќе се реши оставината, односно кога ќе се донесе решение со кое ќе се знае кои се наследниците на свекор ти и што наследуваат, извршувањето ќе продолжи кон нив, односно наследниците. Согласно член 30 став (2) од Законот за извршување, извршителот доставува известување до наследниците дека постапката спрема оставителот (свекор ти) се прекинува и дека во исто време продолжува спрема нив.
Ако НЕ сте повеле оставинска постапка, извршителот ќе побара од Центарот за социјални работи, да им постави привремен старател на наследниците на свекор ти, и во тој случај, повторно извршувањето ќе продолжи спрема нив. (член 30 став (3) од Законот за извршување).
Согласно член 83 од Законот за сопственост и други стварни права, секој што ќе се прифати за наследник, одговара за долговите на оставителот, во овој случај свекор ти. Обратно, тој што ќе се откаже од наследство, не одговара за долговите на оставителот.
Значи, прекинот на извршувањето е само од ПРИВРЕМЕН карактер, порано или подоцна, тоа ќе продолжи, секако кон неговите наследници.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.934
Поени од реакции
3.622

Токму така. Постапката се прекинува а не се запира. Само да те надополнам, наследникот одговара за долгот само во висина на наследениот имот, над висината на наследеното не одговара.
 
Токму така, колега. Меѓутоа, за бесплатна правна помош доста е напишаното, за повеќе ќе треба да си наплатам согласно АТ. :D
Инаку, добро е да знаат граѓаните, кои не се правници, дека оние коишто ќе се прифатат за наследници, освен што наследуваат ПРАВА од оставителот (недвижност, движни предмети, пари, хартии од вредност и сл.), тие ги наследуваат и неговите ОБВРСКИ (парични долгови и сл.).
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Токму така, колега. Меѓутоа, за бесплатна правна помош доста е напишаното, за повеќе ќе треба да си наплатам согласно АТ. :D
Инаку, добро е да знаат граѓаните, кои не се правници, дека оние коишто ќе се прифатат за наследници, освен што наследуваат ПРАВА од оставителот (недвижност, движни предмети, пари, хартии од вредност и сл.), тие ги наследуваат и неговите ОБВРСКИ (парични долгови и сл.).
затоа и за живот си ги делат имотите, а кога должникот ќе почине НЕ прават оставинска..
А има во МКД и околу 25000 земјоделски и други парцели кој се водат на починато лице, ДАНОК никој не плаќа а пази сега, ДРЖАВАТА не може да ги одземе, демек наследниците имале права... а нема оставинско...
Значи од жив Должник може да се заплени парцелата за наплата на долг, а од починат не може ???
 
Проблемот е во матичарите, односно матичните служби. Согласно Законот за вонпарнична постапка, матичарот кој ги води матичните книги на умрените е ДОЛЖЕН (повторувам: ДОЛЖЕН) по службена должност, во рок од 30 дена од денот на смртта на некое лице, да достави до судот Смртовница и потоа судот, врз основа на таа Смртовница да поведе постапка за расправање на оставината и имотот да се поделе на наследниците.
Меѓутоа, ВО ПРАКСА матичарите тоа не го прават (скоро) НИКОГАШ, и оставината не се расправа со години, туку имотот се воде сеуште на починатиот. Некогаш тоа е поради тоа што наследниците едноставно не знаат дека тие треба да поведат судска постапка. Некогаш пак, поради лични долгови или долгови на оставителот, наследниците немаат интерес да се расправа оставината, и затоа мудро си молчат и не поднесуваат предлог за расправање на оставината. Секој си има свои причини.
Значи, Законот си е добар, убаво си е напишано, ама проблемот е во тие што треба да го спроведат.
Сепак, и оние што имаат парично побарување од оставителот и/или неговите наследници, имаат свои права за наплата на побарувањето од имотот на оставителот и/или неговите наследници, ама тоа е веќе друга тема.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Каде го пишува тоа дека се прекинува?

По логика треба да е исто како што се наследува имот, така се наследува и се што оставил починатиот, 50% брачен другар, 50% децата.
Од каде ги најде овие 50-50?
Не би реккол дека така!
Проблемот е во матичарите, односно матичните служби. Согласно Законот за вонпарнична постапка, матичарот кој ги води матичните книги на умрените е ДОЛЖЕН (повторувам: ДОЛЖЕН) по службена должност, во рок од 30 дена од денот на смртта на некое лице, да достави до судот Смртовница и потоа судот, врз основа на таа Смртовница да поведе постапка за расправање на оставината и имотот да се поделе на наследниците.
Дали судот има било какви ингеренции околу наследството? Беше некогаш, сега мислам дека тоа е работа на нотарите (и адвокатите - да има повеќе трошоци).
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Проблемот е во матичарите, односно матичните служби. Согласно Законот за вонпарнична постапка, матичарот кој ги води матичните книги на умрените е ДОЛЖЕН (повторувам: ДОЛЖЕН) по службена должност, во рок од 30 дена од денот на смртта на некое лице, да достави до судот Смртовница и потоа судот, врз основа на таа Смртовница да поведе постапка за расправање на оставината и имотот да се поделе на наследниците.
Меѓутоа, ВО ПРАКСА матичарите тоа не го прават (скоро) НИКОГАШ, и оставината не се расправа со години, туку имотот се воде сеуште на починатиот. Некогаш тоа е поради тоа што наследниците едноставно не знаат дека тие треба да поведат судска постапка. Некогаш пак, поради лични долгови или долгови на оставителот, наследниците немаат интерес да се расправа оставината, и затоа мудро си молчат и не поднесуваат предлог за расправање на оставината. Секој си има свои причини.
Значи, Законот си е добар, убаво си е напишано, ама проблемот е во тие што треба да го спроведат.
Сепак, и оние што имаат парично побарување од оставителот и/или неговите наследници, имаат свои права за наплата на побарувањето од имотот на оставителот и/или неговите наследници, ама тоа е веќе друга тема.
не само тоа, туку САМО кај нас Државата НЕ запленува недвижнини за неплатени Даноци !!
лично пред мене пред 15години службеничката советува пријател да не плаќа а они не тужеле после ќе застари...
А ова што го наведов, во зграда дигната на стара срушена куќа, стариот газда земал пари, ама не ја направил папирологијата и сега плацот под зграда и дворното место се уште се водат на него со право 0. Општината во нормална држава би му ја одземала и би ја продала на станарите, ете можеше и по 1 евро/м2, кога беше акцијата... ама општината вика наследници да не има а оставинска не е поведена, тој за живот сиот имот го подели како поклони...
Е сега данок никој не плаќа на земјиштето ама општината не ја занима, само станарите на становите..
б.т.в., па и за сите колективни згради остана недовршена приватизацијата на дворните места и земјиште под зграда, тук така за некој се среди..
 
G

Gjoksi

Гостин
Од каде ги најде овие 50-50?
Не би реккол дека така!
Дали судот има било какви ингеренции околу наследството? Беше некогаш, сега мислам дека тоа е работа на нотарите (и адвокатите - да има повеќе трошоци).
Нотарите работат како ПОВЕРЕНИЦИ на Судот, предлогот со другите документи се поднесува до Судот, а потоа Судот го доставува до надлежен Нотар да расправа по оставината. Сепак, Судот не е само нем набљудувач на постапката кај Нотарот, туку донесува одредени одлуки, како по службена должност, така и по барања и/или приговори на учесниците во постапката. Затоа, за неговите ингеренции околу оставинската постапка, види повеќе во Законот за вонпарнична постапка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom