Избор на половен автомобил

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Најомразена кола ?? хе хе .. незнам што возиш сега ама мислам дека си печен за еден мерцедес...дефинитивно. Ова за дополнителна опрема како клима и сл. после платени 30-40 илјади евра хмммммм незнам..некако не ми се верува. Мојата 124-ка уште во 1992 година имала работи кои 80-90% од колите ги немаат ни денес а некои работи нема ни да ги имаат ни во наредните 50 години. На пример бришење на ветробранското стакло со еден брисач кој покрива 95% од шофершајбната, возачкото седиште освен класичното поместување напред-назад (што го имаат сите автомобили) има подесување и по височина и плус подесување на нагибот на делот на кој се седи, електрика на стакла, централно заклучување, електро управуван шибер, двозонска клима и греење, електрично подесување на подалечниот-сувозачкиот ретровизор, греење на резервоарот за течност за ветробранското стакло за да не замрзнува зиме, грејана опшивка на цревото од тој резервоар до прскалките на хаубата за истите да одмрзнат и пуштат ако при стоење преку ноќ замрзнале, темпомат или круз контрол...нешто што многу коли ќе го сонуваат уште долги години а е многу практична и убава работа. Го вклучуваш темпоматот, подесуваш брзината, тргаш нозете од педалите и као господин уживаш додека мечката плива по автопатот.

Ако се ова го имала е-класата од мерцедес во далечната 92-ра година..само можам да замислам што ли се имаат најновите денешни модели. Така да кој има шушки да си купи нов мерцедес..верувам дека нема да биде разочаран. А тоа што е извиката кола, преценета, влезена во филм...тоа е тоа. Во светски рамки е позната девизата: има многу коли и има мерцедес. Многу ретко се рекламираат на класичен начин како другите производители и модели на коли..јас се сеќавам на една реклама..онака генерална не за некој конкретен модел, нешто како сенки се движат по препознатливите контури на некој мерцедес..на крај знакчето-ѕвездата мерцедес и три зборчиња:
The best or nothing
Моментално имам цитроен ц5 2010,пежо 407 2003 и цитроен ксантија 1995
А сум имал бмв 530д 2006 е60,алфа 156,фиат браво,цитроен зх,опел фронтера спорт,форд шкорпион,цитроен цх палас,........................

А што се однесува за мерцедес,нов беспари да ми го дадат не го зимам

Ти освен во лада и мерцедес в124 200д си влегол,возел,поседувал друга кола
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.417
Поени од реакции
43.225
Дечки, имам неколку прашања :)
Размислувам за кола .. Поточно, BMW 320i 2006-2007 година.. Тука се околу 5.500еу, што мислам дека е многу малку за таа кола (со едно 150.000км ) .. Е сега, конкретно, сакам да ги знам следниве работи:

1. Дали може да се стават paddle shifters на тој модел?
2. Дали може да се смени воланот со некој по спортски тип ( незнам зашто, ама многу ми се свиѓа спортскиот волан) :)
3. Некоја добра build-in навигација што нема да ш'трчи, и back up камера?

Во суштина, сакам да го постигнам резултатот од лево на десно.

:)
како прво такво бмв Е90 за 5500 еура не се наоѓа на македонски таблички, уште помалку со реални 150к како ти што викаш.
1. Не знам дали може да се стават, само сум сигурен дека на мануал нема шанса, евентуално на аутоматик
2. Можеш да го смениш воланот но не е ефтино
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
како прво такво бмв Е90 за 5500 еура не се наоѓа на македонски таблички, уште помалку со реални 150к како ти што викаш.
1. Не знам дали може да се стават, само сум сигурен дека на мануал нема шанса, евентуално на стептроник
2. Можеш да го смениш воланот но не е ефтино
Не зборам за Македонија, на страна живеам ..Иначе да, автоматик ќе е ( појма неам шо е стептроник :D )
Најдев нешто слично на e-bay, ама само педалките ги има.. Сакам комплет волано да се смене, затоа шо мн. поубаво изгледа :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Дечки, имам неколку прашања :)
Размислувам за кола .. Поточно, BMW 320i 2006-2007 година.. Тука се околу 5.500еу, што мислам дека е многу малку за таа кола (со едно 150.000км ) .. Е сега, конкретно, сакам да ги знам следниве работи:

1. Дали може да се стават paddle shifters на тој модел?
2. Дали може да се смени воланот со некој по спортски тип ( незнам зашто, ама многу ми се свиѓа спортскиот волан) :)
3. Некоја добра build-in навигација што нема да ш'трчи, и back up камера?

Во суштина, сакам да го постигнам резултатот од лево на десно.

:)
Втората слика е бмв 320и е46 м пакет.Ако сакаш такво ќе си доплатиш 2-3к евра
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Па чим бургерите го направиле тоа (што се гледа од сликите), сигурно може.
Колку шо разбрав, они само ти ги праќат педалките за тие 140$ другото се треба ти сам да си купеш .. Ја сакам комплет се да е :/
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Па чим бургерите го направиле тоа (што се гледа од сликите), сигурно може.[DOUBLEPOST=1411682036][/DOUBLEPOST]
Што бладаш, бре :icon_lol:
У ебати слепиот.Е90 било.Воланот само го заглеав
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Моментално имам цитроен ц5 2010,пежо 407 2003 и цитроен ксантија 1995
А сум имал бмв 530д 2006 е60,алфа 156,фиат браво,цитроен зх,опел фронтера спорт,форд шкорпион,цитроен цх палас,........................

А што се однесува за мерцедес,нов беспари да ми го дадат не го зимам

Ти освен во лада и мерцедес в124 200д си влегол,возел,поседувал друга кола
Ехееееее колку коли сум имал јас само да знаеш...само не сакав да ги набројувам да не излезе дека се фалам :) Пред Ладата рива од 1987 возев Лада жигули од 1979, а пред нејзе имав Шкода 100 л од 1974
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Колку шо разбрав, они само ти ги праќат педалките за тие 140$ другото се треба ти сам да си купеш .. Ја сакам комплет се да е :/
Ne, oni ti go prakjaat premostuvačkiot mehanizam (ili kako i da se vika na makedonski) koj ti go stavaš na mestoto na stariot volan kojšto si go izvadila, i potoa vrz toj mehanizam go stavaš noviot volan so pedalite - toa sama si go kupuvaš. I bitno e menuvačot da e steptronik - da ima "+" i "-" oznaki za račno menuvanje na brzinite.

Poentata mi e, ako edna firma (rabotilnica, garaža...) go pravi toa, verojatno i mnogu drugi firmi go pravat istoto. Prašanje e samo na pari. I da imaš steptronik.
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Твојот возен парк и сегашен и поранешен е навистина импресивен. Само има една маана. Знаејки дека сите автомобили на светот се делат на две групи..во едната група спаѓаат сите производители а во другата припаѓа само мерцедесот..излегува дека ти си возел коли само од едната група
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Моментално имам цитроен ц5 2010,пежо 407 2003 и цитроен ксантија 1995
А сум имал бмв 530д 2006 е60,алфа 156,фиат браво,цитроен зх,опел фронтера спорт,форд шкорпион,цитроен цх палас,........................

А што се однесува за мерцедес,нов беспари да ми го дадат не го зимам

Ти освен во лада и мерцедес в124 200д си влегол,возел,поседувал друга кола
Кажи ми кое годиште беше фронтерата ? дизел претпоставувам и што ме интересира РЕАЛНО колку трошеше градско и отворено ... вака од иако бивш сопственик :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Кажи ми кое годиште беше фронтерата ? дизел претпоставувам и што ме интересира РЕАЛНО колку трошеше градско и отворено ... вака од иако бивш сопственик :)
Фронтерата беше од '93,бензинец 2.0i а трошеше 15-20/100 во зафисност од тоа каде и како ја возиш.[DOUBLEPOST=1411756423][/DOUBLEPOST]
Твојот возен парк и сегашен и поранешен е навистина импресивен. Само има една маана. Знаејки дека сите автомобили на светот се делат на две групи..во едната група спаѓаат сите производители а во другата припаѓа само мерцедесот..излегува дека ти си возел коли само од едната група
Најди цитроен хм,тестирај го,вози го,спореди ги па после дојди кажувај прикаски дека мерцедес е најдобро возило.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Најди цитроен хм,тестирај го,вози го,спореди ги па после дојди кажувај прикаски дека мерцедес е најдобро возило.
Е па другарче не сме се родиле сите со сребрена лажичка во устата...така да имајќи го во предвид мојот импресивен поранешен возен парк може само да кажам дека мојот Mercedes w124 200D e фантазија
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ехееееее колку коли сум имал јас само да знаеш...само не сакав да ги набројувам да не излезе дека се фалам :) Пред Ладата рива од 1987 возев Лада жигули од 1979, а пред нејзе имав Шкода 100 л од 1974
Ништо не ти вреди ако не си имал Југо 55А со алуминијумски бандаши
 

Kajgana Shop

На врв Bottom