Fringe
Скитник низ паралелни светови
- Член од
- 24 септември 2011
- Мислења
- 7.898
- Поени од реакции
- 3.006
Моментално имам цитроен ц5 2010,пежо 407 2003 и цитроен ксантија 1995Најомразена кола ?? хе хе .. незнам што возиш сега ама мислам дека си печен за еден мерцедес...дефинитивно. Ова за дополнителна опрема како клима и сл. после платени 30-40 илјади евра хмммммм незнам..некако не ми се верува. Мојата 124-ка уште во 1992 година имала работи кои 80-90% од колите ги немаат ни денес а некои работи нема ни да ги имаат ни во наредните 50 години. На пример бришење на ветробранското стакло со еден брисач кој покрива 95% од шофершајбната, возачкото седиште освен класичното поместување напред-назад (што го имаат сите автомобили) има подесување и по височина и плус подесување на нагибот на делот на кој се седи, електрика на стакла, централно заклучување, електро управуван шибер, двозонска клима и греење, електрично подесување на подалечниот-сувозачкиот ретровизор, греење на резервоарот за течност за ветробранското стакло за да не замрзнува зиме, грејана опшивка на цревото од тој резервоар до прскалките на хаубата за истите да одмрзнат и пуштат ако при стоење преку ноќ замрзнале, темпомат или круз контрол...нешто што многу коли ќе го сонуваат уште долги години а е многу практична и убава работа. Го вклучуваш темпоматот, подесуваш брзината, тргаш нозете од педалите и као господин уживаш додека мечката плива по автопатот.
Ако се ова го имала е-класата од мерцедес во далечната 92-ра година..само можам да замислам што ли се имаат најновите денешни модели. Така да кој има шушки да си купи нов мерцедес..верувам дека нема да биде разочаран. А тоа што е извиката кола, преценета, влезена во филм...тоа е тоа. Во светски рамки е позната девизата: има многу коли и има мерцедес. Многу ретко се рекламираат на класичен начин како другите производители и модели на коли..јас се сеќавам на една реклама..онака генерална не за некој конкретен модел, нешто како сенки се движат по препознатливите контури на некој мерцедес..на крај знакчето-ѕвездата мерцедес и три зборчиња:
The best or nothing
А сум имал бмв 530д 2006 е60,алфа 156,фиат браво,цитроен зх,опел фронтера спорт,форд шкорпион,цитроен цх палас,........................
А што се однесува за мерцедес,нов беспари да ми го дадат не го зимам
Ти освен во лада и мерцедес в124 200д си влегол,возел,поседувал друга кола