Изборно дефиле на безидејност и сиромашен дух

Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
41
Парадата на политичките елити заврши. Се уверивме дека партиите се кадровски дефицитарни, нивните раководства се со мал креативен потенцијал, нивните штабови грозно неталентирани, а нивните кандидати со слаби политички перформанси. Изборите за претседател тотално ја засенија кампањата за избор на локалната власт, која фактички е вистински значајна за реалниот животен сектор.

ЛДП не ја искористи убавата можност да излезе со амбициозна иновативна програма и кандидати што ќе можеа да ја промовираат. Јован Манасијевски не покажа лидерски капацитет и ќе мора да си замине од лидерската позиција заедно со првиот извикан ешалон, ако сака да и обезбеди иднина на партијата. И Тито Петковски по овие избори нема што да бара на политичката сцена, оти нема што да ни понуди освен својата јалова реторика. Време му е и на Мендух Тачи да се тргне во заветрина оти доаѓа времето за поинакви лидери. СДСМ не покажува ни елементарни знаци за себереформирање. ДПМНЕ од ланските избори почна да издишува.

Ѕвезди на овие избори станаа шест браќа и една сестра. Како во бајките. Тие навистина ни приредија слаба изведба, но од нивната јавна презентација добивме права слика за квалитетот на политичката понуда на македонскиот пазар. Просто речено, на партиските тезги, лоши домаќини се обидуваат набрзина да нè смуваат и да ни продадат стока со низок квалитет, со поминат рок на траење, со фалсификат фабричко потекло. Партиите, очигледно, не само идејно туку и кадровски клапнаа. Заморот на материјал се виде во изборот на кандидати за првата државна функција.

Ѓорѓе Иванов до крајот на кампањата за првиот круг не успеа да се одомаќи во политичкиот костум. Остана згрчен, непријатно изненаден од светлата на рефлекторите и вниманието на јавноста, зачудувачки неподготвен за големата политичка сцена. Но тоа не му донесе никаква предност на неговиот ривал Љубомир Фрчкоски, кој со својата егзибиционистичка патологија е спротивност на Иванов. Тој нападно уживаше во појавите на црвената политичка черга и суверено владееше со микрофоните. Ама, неговите претенциозни логореични напади допрва ќе бидат товар за партијата што го предложи за шеф на држава.

Егзибиционистичкиот порив на Љубе Бошковски е посебна приказна. Неговата речиси органска потреба да биде во средиштето на вниманието, во комбинација со потребите на еден партиски центар да го ангажира за овие избори како главен епизодист, е тажна приказна за „македонските работи“. Затоа, пак, ангажманот на Нано Ружин да ги брани боите на ЛДП како кандидат за шеф на држава е бизарен пример за критериумите на Брисел при доделување почесни награди и низок стандард за градење успешна дипломатска кариера во Македонија.

Впрочем, сите македонски претенденти за шеф на државата во екот на изборното претставување се натпреваруваа само во кинење зелени. За разлика од нив, Селмани, Буџаку и Хоџа делуваа како спастрени, пристојни политички потковани луѓе, кои единствено не можат да излезат од рамката на својот етникум. Додуша, од оваа етничка тројка само Селмани, освен промоција на неговата партија, водеше реална политичка кампања за претседател, па Хоџа и Буџаку повеќе доаѓаа како плурален декор за потребите на партиските водства на ДПА и ДУИ отколку како амбициозни кандидати. Мој впечаток е дека единствен хендикеп на Селамни е времето кога се кандидира. Имено, не ми изгледа политички опортуно токму тој, како етнички Албанец, да преговара за македонскиот идентитет и национално самоидентификување иако тој кај Македонците е широкоприфатен како одличен кандидат за претседател.

Од оваа изборна трка, која не е ни чудо што ја врати апатијата кај гласачите, ќе останат запаметени три моменти: промоцијата на тезата за Албанците како македонски црнци, се претвори во јавно деклариран црнечки расизам. Имено, Имер Селмани беше обвинет дека не бил чистокрвен Албанец, демек, имал и македонска крв. Со тоа од своите политички ривали беше дисквалификуван како можен Обама, а јавно е потврдено оти и ДУИ и ДПА всушност имаат сомнителна политичка агенда, која мириса на наци-фашизам.

Вториот шокантно отрезнувачки момент дојде по предупредувањето на Љубомир Фрчкоски упатено до едикоиси да водат сметка како ќе гласаат, оти кога тој и СДСМ ќе дошле на власт, ќе ги отвореле кожените тефтери во кои уредно запишуваат кој како се однесувал!? Фрчкоски нè потсети дека тие се сеприсутни, тие се и полиција и обвинителство и суд. Заканата упатена од предизборна говорница е стравотен доказ за функционирање на политичкото мафијашко подземје на кое никој не изреагира. А требаше. Кога изостанува институционален и општествен одговор на ваква демонстрација на гангстерај реално е да се помисли дека пораката ја примиле сите до кои беше упатена.

И на крајот, како круна на сè, дојде тезата на Фрчкоски дека ВМРО-ДПМНЕ всушност е СДСМ. Професорот ни откри дека вмровците заминале во други партии откако социјалдемократите кадровски им ја презеле партијата и од 2007, на власт е СДСМ – преправена, на чело со одметникот Никола Груевски. Аналогно, политичката борба се води меѓу две крила на СДСМ што лажираат политички плурализам во рамките на субјектот на Бихаќка и имаат две агенди. Едната на СДСМ – напредна, која се бори за Македонија интегрирана и обезбедена, но под друго државно име и, втората, на СДСМ –„загулена“, која сака да ја подели изолирана Македонија, ама да и го сочува името. Оваа лошава СДСМ, како што објасни професорот, во 2001 година се преправала дека е ВМРО-вистинска за да ја подели Македонија од и до Групчин, но добрите сдсмовци на чело со Фрчкоски ја спасиле во последна минутка со рамковниот договор и Устав. Од лошото ВМРО, професорот успеал да ги извлече добрите вмровци Борис Трајковски и Доста Димовска, од лани Љубчо Георгиевски, а од летово и Љубе Бошковски. Да не речам, сите оние што ја делеа Македонија од и до Групчин и од кои професорот успеал да нè спаси. Во новото поглавие од истата приказна, со рехабилитираните вмровци, сега пак сака да ја спасува Македонија од пропаст преку делба. За тој „идеал“ денес братот Љубе демохристијански е спремен да дели ако треба и затворска ќелија и сапунче со братот Љубомир. Оти, такво било времето на голема нужда. За Македонија, де!

Како и да заврши овој политички неинтелигентен еп на нашиот неуспешен гуслар едно е јасно. Тој со еден гусларски замав целосно ја амнестира ВМРО-ДПМНЕ од каква било одговорност за сите лоши резултати, кои од сега целосно паѓаат на грбот на СДСМ, зашто суверено цели 19 години владеел со државата. Ме интересира дали еднаш на сите СДСМ-варијанти ќе им пројде меракот за јавање на Македонија, иако народот одамна ги множи со нула?

Автор: Мирка Велиновска
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=346&ArticleID=20708
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Вчера поминав на митингот на Љубе...

Излезе тој, и после 5 минути почна да збори колку НАТО бил најмоќен, најсилен, и дека мораме да влеземе таму.
Исто рече дека ќе се борел за нашиот идентитет, бла бла... (името не го ни спомна, а пази сега, тој, или било кој да е, нема врска,... МЕНЕ ке ми го бранеле идентитетот! - жалосно...)

Штом не го спомнува името, значи во неговата глава тој веќе се откажал од него.
Истото важи и за другите кандидати.

И Иванов ме разочара до тоа лелекање за ЕУ и НАТО, веќе преку к„р од нив.

Што мислат кандидатите, дека ако не ги спомнат ЕУ и НАТО никој нема да ги гласа?!?!?!?

ВМРО ја доби победата заради тоа што покажа заби во врска со нашите национални интереси, ако ја сменат досегашната политика, ке паднат како круши.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Imeto veke odamna nikoj ne go spomenuva. Se e svedeno na identitetot. :toe:
 
S

smart ass

Гостин
Imeto veke odamna nikoj ne go spomenuva. Se e svedeno na identitetot. :toe:
Не биди песимист човек имај надеж.....ако го продадат името граганска војна....ке се браниме со последнито оружје или не се согласуваш?
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Не биди песимист човек имај надеж.....ако го продадат името граганска војна....ке се браниме со последнито оружје или не се согласуваш?
надеж барај од македонец, не од друг. на quark му чуе дали ќе се викаме Македонија или Танзанија
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Во моментов ја слушам Crno-bjeli свет од Казалиште...стварно добра песна :)

.....ауу абе поттопик политика сум коментирал....а не песна на денот !

Туф туф...аку пак се важи постот ? нели...?

*****************
Анализата на албанскиот “блок“ ми е така да речам најреална ,од анализава на Мирка...другото...веке чуено...и прочитано...понекогаш претерува..али јбг пак е во право..:smir:


“Впрочем, сите македонски претенденти за шеф на државата во екот на изборното претставување се натпреваруваа само во кинење зелени“
 
R

RAYTHEON23

Гостин
ova stvarno se pokaza tocno
Впрочем, сите македонски претенденти за шеф на државата во екот на изборното претставување се натпреваруваа само во кинење зелени. За разлика од нив, Селмани, Буџаку и Хоџа делуваа како спастрени, пристојни политички потковани луѓе, кои единствено не можат да излезат од рамката на својот етникум. Додуша, од оваа етничка тројка само Селмани, освен промоција на неговата партија, водеше реална политичка кампања за претседател, па Хоџа и Буџаку повеќе доаѓаа како плурален декор за потребите на партиските водства на ДПА и ДУИ отколку како амбициозни кандидати. Мој впечаток е дека единствен хендикеп на Селамни е времето кога се кандидира. Имено, не ми изгледа политички опортуно токму тој, како етнички Албанец, да преговара за македонскиот идентитет и национално самоидентификување иако тој кај Македонците е широкоприфатен како одличен кандидат за претседател.

Од оваа изборна трка, која не е ни чудо што ја врати апатијата кај гласачите, ќе останат запаметени три моменти: промоцијата на тезата за Албанците како македонски црнци, се претвори во јавно деклариран црнечки расизам. Имено, Имер Селмани беше обвинет дека не бил чистокрвен Албанец, демек, имал и македонска крв. Со тоа од своите политички ривали беше дисквалификуван како можен Обама, а јавно е потврдено оти и ДУИ и ДПА всушност имаат сомнителна политичка агенда, која мириса на наци-фашизам.

iako se soglasuvam so dobriot voved...pa toa cudo politicarive gledaat da dobijat poeni na koj bil osnov..pa makar i da ima dalekusezni podatoci(eve tezata za baranje prava kaj albancite odamna padna-T.E so ramkovniot dogovor i treba sega albanskite partii da se orientiraat kon dobra programa a i navistina da vlozat za podobruvanje na kvalitetot na zivot na site zaednici)...
a mnogu vidov i nabrzina gradenje na zgradi,vodovodi i stokatnici-AMA SAMO ANIMIRANI:pos2::pos2:

drugo za partiive interesno e toa sto edniov tvrdel radioto mi go popravase pa svasta...neeticki...ako narodot se pali na MARS ke recea...za vreme nas mandat ODIME NA MARS
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
41
“Впрочем, сите македонски претенденти за шеф на државата во екот на изборното претставување се натпреваруваа само во кинење зелени“[/QUOTE]

Се сложвам
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Не биди песимист човек имај надеж.....ако го продадат името граганска војна....ке се браниме со последнито оружје или не се согласуваш?


Не е песимист туку реалист...
Сами си го уфукавме...
Сами со помош на грчките пиони внатре во државата...
Црвената линија ја спуштаме се подолу....
Ако до вчера се разговараше за ието ние самите тоа си го тргнавме од дневен ред...
Мегутоа се надевам дека Груевски нема да попуши од неговата замисла за двојна формула...Иако има страшен внатрешен притисок...
 
S

smart ass

Гостин
Па реалистите во суштина се песимисти
Мегутоа се надевам дека Груевски нема да попуши од неговата замисла за двојна формула...Иако има страшен внатрешен притисок...
искрено тоа е и последната надеж....
 

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Па реалистите во суштина се песимисти
Е те ова требе да влезе во чебници по психологиja:toe:
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Не е песимист туку реалист...
Сами си го уфукавме...
Сами со помош на грчките пиони внатре во државата...
Црвената линија ја спуштаме се подолу....
Ако до вчера се разговараше за ието ние самите тоа си го тргнавме од дневен ред...
Мегутоа се надевам дека Груевски нема да попуши од неговата замисла за двојна формула...Иако има страшен внатрешен притисок...
Ma jok bre, ostaj go neka si zamisluva uste deka Quark siptarinot go zaebal, i nego i drzavata.
Ostaj go, ostaj, takvi ko nego so polna usta ke gi narekuvam severnomakedonci ili gornomakedonci, ako dojde do toa...
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Само едно може да ги оправда. Доколку : не сакаат да го фаворизираат прашањето со името, за да не се створи лошо мислење околу нашата национална политика пред меѓунардоните односно грчките фактори. Да не се добие ефект - „ете гледате, тие излегуваат на претседателски избори и јавно кажуваат дека ќе се борат против грција и нивната аспирација кон ЕУ и НАТО“.
Се друго е неоправдано и ќе има негативен ефект внатре во државата.
Значи : било која партија која ќе излезе со политика спротивна од бранењето на нашето име и идентитет, ќе го занемари тоа заради влегување во некоја организација или што ти јас знам, таа партија ќе ја снема.
Пример е сдсм и билок која следна ќе ја чека иста судбина.
-Ниту еден Македонец не посакува развиена економија , ако не живее во Р.Македонија и ако не е Македонец, ниту еден Македонец не сака во НАТО и ЕУ со наставки како: Горен, Долен , Северен, Скопски или Словенски и ниту еден Македонец не сака да живее во една неразвиена Македонија.
Заклучок:
Потребна е влада или партија која ефективно и паралелно ќе работи на двете полиња, односно на секое поле кое е добро за државата и Македонскиот народ, во и надвор од Македонија.

:oeoeoe:
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
41
Потребна ни е радикална партија !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom