Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера, оцени Илија Димовски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Според првичните согледувања на ВМРО-ДПМНЕ, одѕивот на претседателските избори е над 40 отсто, со што се исполнува цензусот потребен за избор на шеф на државата.
Според Димовски првичните резултати се позитивни за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека наскоро ќе излезат и со првичните изборни резултати што се обработуваат во партискиот аналитички центар.
Izvor ALSAT M