Избори 2024

Кои двајца кандидати ќе влезат во втор круг круг на Претседателските избори 2024?

  • Пендаровски и Јакимовски

    Гласови: 0 0,0%
  • Пендаровски и Османи

    Гласови: 0 0,0%
  • Пендаровски и Таравари

    Гласови: 0 0,0%
  • Пендаровски и Димитриевски

    Гласови: 0 0,0%
  • Силјановска - Давкова и Јакимовски

    Гласови: 0 0,0%
  • Силјановска - Давкова и Таравари

    Гласови: 0 0,0%
  • Јакимовски и Османи

    Гласови: 0 0,0%
  • Јакимовски и Ванковска

    Гласови: 0 0,0%
  • Јакимовски и Таравари

    Гласови: 0 0,0%
  • Јакимовски и Димитриевски

    Гласови: 0 0,0%
  • Османи и Ванковска

    Гласови: 0 0,0%
  • Османи и Таравари

    Гласови: 0 0,0%
  • Османи и Димитриевски

    Гласови: 0 0,0%
  • Ванковска и Таравари

    Гласови: 0 0,0%
  • Ванковска и Димитриевски

    Гласови: 0 0,0%
  • Таравари и Димитриевски

    Гласови: 0 0,0%
  • нема да има втор круг, Пендаровски ќе стане претседател во прв

    Гласови: 0 0,0%
  • нема да има втор круг, Јакимовски ќе стане претседател во прв

    Гласови: 0 0,0%
  • нема да има втор круг, Османи ќе стане претседател во прв

    Гласови: 0 0,0%
  • нема да има втор круг, Ванковска ќе стане претседателка во прв

    Гласови: 0 0,0%
  • нема да има втор круг, Димитриевски ќе стане претседател во прв

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.363
Поени од реакции
6.369
Еднаш прашав на друга тема но не добив конкретен одговор, па си реков и тука да си ја пробам среќата. Каде одат, како се рачунаат гласовите од дијаспората ?
Парламентарни -
- Сите гласови од дијаспората се гласови од изборна единица број 7.
- Изборна единица број 7 ги опфаќа сите избирачки места од цел свет со исклучок на избирачките места во Македонија.
- Дијаспората може да има најмногу 3 пратеника, а може да нема ич.
- Од 2016 и 2020 година изборите, дијаспората немаше доволно гласови да избере пратеник.
- Гласањето се одвива во амбасадите и конзуларните претставништва вкупно 52, и го спроведува избирачки одбор пратен од Македонија на државен трошок. Тоа опфаќа, авионска карта, престој во хотел, дневница(во зависност од тоа во која држава и град ќе биде), и авионска карта за назад (добри 300-400 евра фаќаш и гага шетање до Вашингон, Берлин, Чикаго, Лондон праиш селфиња се курчиш, ова е место за блиски семејни роднини и пријатели на моќни политичари тука често во избирачките одбори има луѓе што повеќе имаат искуство во чепкање на нос отколку изборен циклус). За да биде отворено гласачко место во конзуларна канцеларија во странство, треба да бидат пријавени најмалку 10 гласачи.
- Најголем дел од амбасадите на Македонија се наоѓаат во само 1 град во цела држава, пример Австралија и нашите од другите држави не сакаат да издвојат пари и да патуваат цел ден за да гласаат и затоа не ни одат со што излезноста е минимална. Дополнителен проблем е што среда е работен ден, па покрај трошење на пари, губат и работни денови па никој не сака да жртвува ништо за да изберат пратеник во МКД.
- Гласањето се одвива исто како во МКД, ама не во регуларниот ден, туку денот однапред - пример ако кај нас се во среда таму се во вторник, ако кај нас се во недела кај нив се во сабота.
- Гласањето трае од 7 сабајле до 7 навечер по што гласовите се бројат и се испраќа информација до ДИК веднаш. Затоа знаеме уште истата ден како завршило гласањето во Австралија, а кај 03.00 - 04.00 веќе се знае и резултатот од Америка.
- За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори. Ако сака двајца пратеника треба да има дупло од тоа, ако сака дијаспората тројца треба да има тродупло.
- Доколку се пријават повеќе од минималното за да може да изберате 1 пратеник, ќе има гласање во дијаспората, доколку не се пријават, нема да гласа дијаспората на изборите и нема да може да добие пратеник од ИЕ7.
За изборите оваа година според ДИК нема доволно пријавени значи нема да се гласа во ИЕ7 и дијаспората нема да има пратеник. Вкупно пријавени биле 2.954 иселеници. ДИК има прифатено 2.610. На минатите избори пратеник со најмалку избрани гласови бил пратеникот со освоени 5.355 гласови.
- Оваа година нема да има избори за пратеник во ИЕ 7. За да се избереше 1 ќе требаше да има 5.355 пријавени, да имаше двајца ќе требаше да има 10.710 пријавени за да се изберат сите 3ца ќе требаше да има 16.065 пријавнеи
- Ако се исполнат условите, после гласањето дијаспората одма знае дали има пратеник. Пратеник станува тој со најмногу гласови ако се гласа за повеќе од 1 се користи донтовиот модел како во другите изборни единици.

Овој систем на гласање досега јасно покажа колку курот не ја боли државава за нашите во странство, и колку нашите во странство курот не ги боли за Македонија.
Нити државата сака да им обезбеди електронско гласање, нити овие сакаат да ебат дневница да изгубат од работа и да трошат пари да патуваат со саати само за да гласаат за некој со трето одделение вечерна школа да биде мисир шо ќе дреме у собрание.

Претседателски - Гласовите за претседателско ливче одат на вкупното конто затоа што нема изборни единици кога се работи за избор на претседател. Тука се користи мнозински модел. Нивните гласови се битни само ако е тесно. Тоа е се за претседателски избори.

Локални - Дијаспората не учествува освен ако ДУИ(државата) не плати авиони и да ги донесе до Кичево за да гласаат за кандидатот на ДУИ.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.924
Поени од реакции
4.728
Нема логика ова другар, тајно е гласањето, не знаат тие за кого ќе гласам јас.
Ме зафркаваш?
Вака, гласачкото ливче откако гласачот ќе гласа се става во плико и се праќа во избирачкото место каде избирачкиот одбор е должен по добивањето истото да го стави во кутијата кога ќе почне гласањето.
Има да речеме болно/неподвижно лице кое сака да гласа, во саботата избирачкиот одбор го посетува лицето кое што гласа, ливчето се става во плик (односно во случајов) директно во кутијата која утредента се става на маса, избирачкиот одбор ги добива пликовите кои дошле од надвор, затвори, државни служби кои заради природата на работата гласаат надвор(војници кога имаше) дипломатски претставништва ги отвара соджината без да ја проверува ја става во кутијата.
Значи се испраќат до избирачките одбори, таму се стават во кутија и се бројат како и сите други.

Ако и после ова не е јасно се откажувам, нека проба некој друг да објасни.

@Nik20 , чекај тој не праша за дијаспора (регистрирани лица надвор од земја со постојано место на живеење надвор со право на глас) или јас не го разбрав па пишав нешто друго и за друг случај.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.363
Поени од реакции
6.369
Ме зафркаваш?
Вака, гласачкото ливче откако гласачот ќе гласа се става во плико и се праќа во избирачкото место каде избирачкиот одбор е должен по добивањето истото да го стави во кутијата кога ќе почне гласањето.
Има да речеме болно/неподвижно лице кое сака да гласа, во саботата избирачкиот одбор го посетува лицето кое што гласа, ливчето се става во плик (односно во случајов) директно во кутијата која утредента се става на маса, избирачкиот одбор ги добива пликовите кои дошле од надвор, затвори, државни служби кои заради природата на работата гласаат надвор(војници кога имаше) дипломатски претставништва ги отвара соджината без да ја проверува ја става во кутијата.
Значи се испраќат до избирачките одбори, таму се стават во кутија и се бројат како и сите други.

Ако и после ова не е јасно се откажувам, нека проба некој друг да објасни.

@Nik20 , чекај тој не праша за дијаспора (регистрирани лица надвор од земја со постојано место на живеење надвор со право на глас) или јас не го разбрав па пишав нешто друго и за друг случај.
За дијаспората во ИЕ7, така е процесот како што го пишав погоре.
А ако некој наш не сменил живеалиште да биде дијаспора и да гласа во ИЕ7, тогаш си го има во неговото оригинално место во избирачкото место кај што му е живеалиштето.

Граѓанин што е надвор од државата како војник на мисија, гласа со армијата водот со кој е распореден и праќа во плико назад.
Е сеа за него не важи правилото како за болен и листот да му се брои во оригиналното избирачко место туку стигнува во општинската изборна комисија и таму како посебно избирачко место се бројат сите гласови од сите заедно што се надвор од државата на државна должност. Процес ист како на гласовите од затворениците.
Ако сакаш на пример да видиш како изгледаат гласовите од затворениците од велес можеш сега да отвориш на резултатите од ДИК на страната и да видиш. Нивните гласови не влегуваат во избирачкиот одбор од каде што припаѓаат оригинално туку припаѓаат на местото каде што се сега - затвор, дом за стари лица, државна мисија надвор од државата итн.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
307
Мислам дека истите се распоредуваат по изборни единици, според тоа од која ИЕ е гласачот.
Дијаспората гласа само за претседател, немаше доволно пријавени за парламентарните
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.979
Поени од реакции
35.461

...интересно новинарско размислување на Латас, што ете со право се покажува искуството за политички случувања после веќе поминати избори 2024, човек да се прекрсти што политички комбинаторики се правеле, посебно двојната игра на Груби од ДУИ!
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.924
Поени од реакции
4.728

...интересно новинарско размислување на Латас, што ете со право се покажува искуството за политички случувања после веќе поминати избори 2024, човек да се прекрсти што политички комбинаторики се правеле, посебно двојната игра на Груби од ДУИ!
Латас не е новинар туку пропагандист!
Еден од подобрите манипулатори во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom