Избори 2008 - последен ден пред изборниот молк

Статус
Затворена за нови мислења.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Дали некој знае како госпоѓата Рада и нејзините сончковци ќе не внесат во НАТО и ЕУ за 6 месеци?
Мислам конкретно, што ќе превземат?
Промена на име?
И ако да, дали само за меѓународна употреба или и во Уставот ќе има измени?
Патем, штом се толку способни за евро-атлантстски интеграции, каде беа тие во 1992/93, кога земјите од Источна Европа аплицираа,да побараат официјално членство за Македонија во тие структури? Конечно, зошто аплицирањето го изведе владата на Љубчо во '99., а не нивната претходно?

Би била благодарна ако некој ми ги одговори овие прашања. Нормално со факти.
Ме интересираат, затоа што се однесуваат на главната карта со која Сонце настапува во предизборието, а сепак не дава конкретни одговори.
Rada ne ne nosi nikade ni za 6 ni za 60 meseci , SDSM nema da pravi vlada..pa toa ni mene ni bilo kogo bi trebelo da go interesira...t.e. bulaznenjata na Rada, sto bi rekle nekoi......"patrioti" ovde....
Nas site... ZESTOKO ne interesira sto ke pravi pobednikot na izborite????....kade toj ke ne odnese za 6 i za ponatamosnite 42-3 meseca????
Ili ke si napravi "referendum-ce" za da ja prefrli odgovornosta ...dobar dalje......za da ne zavrsi so dignati race...nadolu, ala duce stil......kako sto VETUVAAT nekoi tvrdi patrioti ovde... :)
Znaci kaj ke ne "nosi..staro-noviot premier...aktivistu ada ??? :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ајј ајј почнаа пак со “тешките“ муабети :)
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Кога е митингот на СДСМ и коалицијата "сонце", во Скопје ??
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Rada ne ne nosi nikade ni za 6 ni za 60 meseci , SDSM nema da pravi vlada..pa toa ni mene ni bilo kogo bi trebelo da go interesira...t.e. bulaznenjata na Rada, sto bi rekle nekoi......"patrioti" ovde....
Nas site... ZESTOKO ne interesira sto ke pravi pobednikot na izborite????....kade toj ke ne odnese za 6 i za ponatamosnite 42-3 meseca????
Ili ke si napravi "referendum-ce" za da ja prefrli odgovornosta ...dobar dalje......za da ne zavrsi so dignati race...nadolu, ala duce stil......kako sto VETUVAAT nekoi tvrdi patrioti ovde... :)
Znaci kaj ke ne "nosi..staro-noviot premier...aktivistu ada ??? :)
Како активист нема да можам да ти одговорам..Затоа што НЕ СУМ тоа.
Но како незасегнат набљудувач би рекла дека владата на Груевски, прилично јасно стави до знаење што ќе прави.
Своеволно името НЕМА да го промени. За секој чекор од тој тип ќе го консултира народот и неговата воља.
Потези кои би го ставиле под знак прашалник националниот идентиет, по никоја цена нема да бидат влечени.
Ќе се работи на евро-атлантска интеграција, но не и по цена на Македонија. И да постои период во кој ќе бидеме надвор од тие структури, тој ќе се искористи за зајакнување на сите сегменти, па некоја видна разлика нема да биде забележена.
Принципот пак, на кој ќе се врсши форификацијата, е детално изнесен во програмата.
Всушност, и најголемиот број на одговори можат да бидат пронајдени таму.
Затоа и не поставувам прашања на форум околу нив.

Но, кога е во прашање другата опција, морам тоа да го направам, од причина што СДСМ и Сонце немаат баш "елоквентна" програма, ниту кажуваат било што конкретно.
Па се надевам дека некој тука, добро запознаен, ќе ме просветли со одговори.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
На преродбата и е потребен триумф

На преродбата и е потребен триумф

Пред илјадници граѓани од сите градови на Македонија кои допатуваа во Скопје, пред своите симпатизери и членови, коалицијата „За подобра Македонија“ го одржа централниот митинг на плоштадот Македонија - Нека победата биде толку голема колку што е голем овој собир и името на Македонија – беа зборовите на лидерот на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Груевски на синоќешниот централен митинг.

Економски раст и силна поддршка на земјоделците, Европската Унија и НАТО, инвестирање во образованието, одржување добри меѓуетнички односи и продолжување на борбата против криминалот и корупцијата ќе бидат главни приоритети на коалицијата „За подобра Македонија“.

- Ние работиме и тоа е нашата тајна. Затоа остваруваме, дури и тоа што не сме го ветиле. Не ветивме дека ќе ги покачиме пензиите, платите на администрацијата, лекарите, просветните работници, а ги покачивме. Не ветивме 45 милиони евра за македонските земјоделци, а веќе се распределени. И конечно на стечајците не им ветивме дека ќе им го решиме проблемот, а денес и тоа го направивме. Владата ќе продолжи да ја подобрува бизнис климата и тоа не е ветување туку одлука – изјави Груевски.

Преродбата е на својот почеток, во 2009 ќе ги укинеме шенген визите за македонските граѓани, додаде лидерот на коалицијата „За подобра Македонија“.

Коалицијата апелира граѓаните да не заборават да ја подржат преродбата, бидејќи таа нема да ги заборави.

- Скопје знае, Македонија знае, преродбата продолжува- потенцира Груевски.

На централниот митинг ги повикаа граѓаните да излезат и да гласат за Коалицијата која Македонија ја води на правиот пат и Гордана Јанкуловска носител на листа во изборната единица 6, Антонио Милошоски носител во изборната единица 5, Зоран Ставреки изборна единица 4, Влатко Горчев изборна единица 3 и Трајко Славески носител во изборната единица 2.

М.Кимовска
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Ej...
VMRO-DPMNE vo koalicija so 5 Turski partii?

Nekako logicki nevozmozno izgleda.

Inaku na miting vo Bitola bev prisuten, i imashe mnogu ne-Bitolcani, i mnogu Romi.
Veruvajte covek ne mozeshe da mrdne, a da ne se udri vo nekoj od niv:)

VMRO-DPMNE... :) Narodnjacka partija... :)
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
болката кај автобусите бе...
ко само вмро да носат ао автобуси... било и ќе биде тоа така да нема потреба од мн мн коментари..
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Zaboraiv da kazam.

Me raduva shto Makedonskoto zname i Americkoto gi vidov zaedno spoeni:)

Da se znae... po stapki na albancite:)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Тоа мора некои Американци да биле дојдени...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Oвие се незапирливи во пумпање на администрација,нишајврати и џаболебари,никако не им текнува дека некој треба да биде и непосреден производител,или нема место за таквите во нивната “преродба“?:toe:
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Шеќеринска: Незнам кој заминал во Скопје, кога цел Ресен изгледа дека е на овој плоштад

Неделата на 25 мај, се одржа голем митинг на преполниот плоштад во центарот на Ресен. Неколку илјади жители од Преспа излегоа на митингот да ги поздрават кандидатите на Сонце – Коалицијата за Европа.

На граѓаните им се обратија ресенскиот кандидат за пратеник, Славица Божинова, носителот на листата Јани Макрадули, претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски, како и претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.


“Премиерот го заборави проблемот со Преспанското Езеро, ги заборави училиштата, ги заборави болните луѓе. Во 2006-тата дојдоа на власт со програма во која на Ресен му ветуваат автопатска делница помеѓу Ресен и Охрид. Поминаа 18 месеци – од патот ни трага ни глас” рече ресенскиот кандидат за пратеник, Славица Божинова.




“Ќе ни отворел народни кујни во Ресен, ние од ова место ќе им порачаме дека во Ресен и ресенчани и преспани не сакаат народни кујни, овој народ е вреден и трудољубив , сака да работи да живее достоинствено со сопствениот труд, а не Никола да ги храни во народни кујни. Токму затоа овде попладнево сме заедно да им речеме стоп на обидите за перење на мозокот” рече Славица Божинова, кандидат за пратеник од Ресен.



Во меѓувреме турската партија на локално ниво во Ресен објави коалицирање со “Сонце – Коалиција за Европа” и им се придружи на ромските и неколку македонски партии кои на локално ниво ќе коалицираат со Сонце, а на државно со ВМРО-ДПМНЕ.


“Го повикувам мојот народ во Ресен и пошироко, на први јуни масовно да излезат на гласање, да го дадат својот глас за Коалицијата Сонце и да го заокружат бројот 4, затоа што тоа е најдоброто за нас. Оваа коалиција не е направена за сега, да не здружи, туку нашето вековно пијателство ја направи оваа коалиција. Тешко тие што чекаа избори за да направат коалиција, тоа е неприродно вештачки – како пороен дожд.” рече Наџи Таировски, од турската партија.



Јован Манасијевски ги обвини ВМРО-ДПМНЕ, дека во новата програма на чудата во 100 чекори зачленувањето во НАТО и ЕУ е ставено на исто рамниште со правење на репрезентација на Македонија со хокеј на мраз.

“Нашите определби се до крајот на оваа година преговори со ЕУ, до крајот на оваа година – членство во НАТО, до крајот на оваа година безвизен режим” рече Јован Манасијевски, претседател на ЛДП.

Манасијевски додаде, “Со гласот за ВМРО ДПМНЕ, остануваме на овој балкански слеп колосек, сите околу нас грабаат напред, гледате и Албанија прави џиновски чекори напред. Една Србија се определи за Европа. Истата Србија не надмина и на економски план, нивната просечна плата денес е 400 евра, а во Македонија никако да мрднеме од 250 евра. Затоа на први јуни изборот ќе биде дали ќе се определиме да влеземе во европската лига или ќе испаднеме во последната балканска лига во која ќе останеме само уште ние и Косово, тоа е изборот со кој ќе мора да се соочиме. Ова ви го велам крајно одговорно зашто само пред две години доколку некој ви речеше дека денес ќе се споредуваме само со Албанија и дека според многу параметри Албанија за жал е пред Македонија – немаше да верувате, ќе кажевте говорат повторно политичариве лаги и глупости. Меѓутоа со владеењето на оваа власт последниве две години тоа денес стана сурова реалност.” рече Манасијевски.

“Сега додека инфлацијата во Македонија е над 10%, во Албанија е само 4%. Сега куповната моќ на просечниот граѓанин на Албанија е повисока од просечниот граѓанин на Македонија. Тоа се суровите податоци, тоа е вистината на која што мора да им погледнеме во очи. Без разлика на безобразните реклами со кои досега во овие десет дена од кампањата потрошија 10 милиони евра, а минатата 35 милиони за владини реклами. На први јуни да им кажеме доста го крадевте овој народ, срамота, тие пари ќе знаеме да ги потрошиме на европски проекти.” заврши Јован Манасијевски, лидер на ЛДП.



Јани Макрадули, носител на листата во петката ја повика власта да не ги заплашува граѓаните и да го осуди последниот инцидент во кој беа издупчени четирите гуми на автомобилот, а истиот беше и сериозно оштетен кој е во сопственост на општинската организација на СДСМ.
“Незнам кој заминал во Скопје, кога цел Ресен изгледа дека е на овој плоштад” – рече Радмила Шеќеринска.

“Ова не се партии, кои зборуваат за заедништво и прават коалиција само за избори, немам дилеми ниту за Ресен, ниту за другите општини низ Македонија дека и турскиот, и ромскиот и влашкиот и српскиот и бошњачкиот народ ќе бидат овде, ги пуштија само претседателите на таканаречените партии да одат во онаа коалиција, ама граѓаните и гласачите остануваат на страната на Сонцето” додаде Шеќеринска.

Реакциите се дека ваков масовен митинг немало уште од 2002-ра на ресенскиот плоштад.















 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Гледајќи како се намалува разликата во проценти,ДПМНЕ посегна кон решение за стечајните работници,нешто за што не сакаше ни да чуе во изминатиот период кога луѓето спиеа по паркови.Дали се овие некои други стечајци или ова е некое друго ДПМНЕ различно од она “вчерашното“?Погрешниот избор на кадри за пратеници и овојпат се покажа како кардинална грешка на Гвујо.Само сега е веќе доцна за се.:(
 

CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Кога е митингот на СДСМ и коалицијата "сонце", во Скопје ??
Митингот ќе биде на 27.05 вторник, а после тоа се продолжува во кафе Опиум, а после 24 во Миднајт.


После митинзите во Ресен, Струмица, Охрид, Кичево мислам дека стварно има од што да се плаши ДПМНЕ, победата може многу лесно да им избега, а од идејата за 61 пратеник подобро веднаш да се откажат зашто ќе доживеат гоооолемо разочарување!
 

Attachments

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom