Ја читам ,,програмава,, и се чудам какви ли аматери ја правеа?
Обична плачка, со примеси на некои нивни активности од поблиското минато. Со многу колорит и сликички, де небо, де облаци, а нели се Сонциња? Трчај, трчај па два реда басма. Конкретно или ништо или многу малку. Да му дадеа на некој основец за писмена подобра ќе склепаше. А не ова think-thank-овите околу нив кои се изредија овие месеци по тркалезните маси по Гранд хотел и Палас. Ко витезите на кралот Артур, само нензма кој е Артур, кој Ланселот, и остала клапа. Па зарем нашиве ,,мозочни трустови,, се толку способни?
После вакви ,,извонредно,, добри реченици и програма и воопшто не се чудам што сме до ова дереџе. Вакви ли не водеа изминативе 18 години? Каде ни беше паметот да се опаметиме напочеток? Уште пред да се деси штетата. Али јбг, она веќе е направена. Сега треба да се даде еден нов правец и ваквите ,,мозоци,, со вакви програми за делување веќе да им се даде црвен картон од Македонскиот народ. Доста беше! Доста со вашите ,,способни,, стручњаци за све и свашта.